Рака на надежта!


Пред дванаесет години докторите од Вандербилд Универзитетот во Тенеси извеле операција за да ја отстранат состојбата наречена „spina bifida“ – миеломенингитис, која што ја откриле кај нероденото бебе Самуил Александар Армас, додека тоа се уште било во матката на неговата мајка. Болеста претставува вродена мана каде `рбетот не се оформува правилно пред бебето да се роди. Доктор Џозеф Брунер и доктор Ноел Тулипан развиле техника за со чија помош отстрануваат тешки фетални компликации за време на бременоста. Нивната процедура вклучува отворање на матката, дренирање на амнионската течност, делумно вадејќи го фетусот со цел да извршат операција врз него и потоа да го вратат назад во матката.

Фотографот Михаил Кланси бил присутен со цел да ја документира операцијата и да направи фотографии. За време на операцијата матката почнала да се придвижува и одеднаш се појавила малата рака на Самуил преку резот кој бил направен врз утробата на неговата мајка. Фотографот забележал кога малото бебе го грабнало прстот на хирургот го овековечил овој редок момент. Сликата веднаш по нејзиното објавување почна со неверојатна брзина да се шири низ целиот свет, а малото раче на бебето светот го нарече „рака на надежта“.

Сликата привлекла огромно внимание и била искористена за пораки продив абортус затоа што малата рака буди силни емоции и влијае да се разбуди свеста кај популацијата да не донесуваат лесно одлука за абортирање на идните „генерации“. На блог страната на фотографот Михаил Кланси стои запишано:

– На прашањето на докторот каков филм користам и со која брзина тој работи и тоа надвор од моето око јас одговорив – Видов дека матката се мрда но не видов никаков орган во близина на малиот отвор, се мрдаше од внатре. Одеднаш цела рака излезе од отворот, потоа малку се повлече и се гледаше само малата дланка. Докторот ја дофати и ја поткрена, а малите прсти се завиткаа околу прстот на докторот. Како да ја тестира неговата сила, докторот го замрда малото зглобче. Самуил се држеше цврсто. Го притиснав копчето за фотографирање и ја направив фотографијата. Се случи толку брзо што сестрата што стоеше токму до мене ме праша што се случило?! Јас реков детето посегна кон надвор, а таа на тоа одговори „Ох тие го прават тоа постојано“!

Како и да е хирургот подоцна дал изјава дека Самуил и неговата мајка биле под анестезија и не можеле да се движат.

– Бебето не посегна кон надвор, бебето беше под анестезија и не знаеше што се случува, изјавил доктор Брунер

– Во зависност од тоа како гледате на настанот ова може да е раката на Самуил која посегнува надвор од матката зграбувајќи го прстот на еден негов пријател, или дека јас ја влечам неговата рака од матката…што и всушност го сторив, додава доктор Брунер.

Денеска, по дванаесет години од овој настан, Самуил изјавува: – Господ ме испрати на земјата да помогнам да се стави крај на абортирањето.

Тој е активен во спортските и училишните настани, а неговата мајка вели дека тој е уште еден доказ за непроценливата вредност на животот.

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1