Руски посвоени деца се фрлаат на ранч во Америка – Русија бара истрага


Руските власти бараа проверка на ранчот за кој се сомневаат дека американските семејства ги „фрлаат“ руските посвоени деца


Министерството за надворешни работи на Русија ги повика Американските официјални лица, да им дозволат да влезат во ранчот во Монтана, каде што тврдат дека Американските родители ги „фрлаат“, непосакуваните Руски посвоени деца.
„Бараме дозвола за Павел Астаков, да го посети американскиот ранч за деца, со цел да процени каков живот имаат децата кои престојуваат таму“, изјавиле во соопштението на социјалната мрежа на Твитер од министерството, повикувајќи се на правата на децата.

Руските официјални лица гласно се пожалија за наводните злоупотреби на руските деца од страна на нивните американски родители. Велат дека имаат докази за 19 руски деца кои починале поради тортура која што ја правеле родителите, во текот на изминатата деценија.

http://www.ranchforkids.org/ На оваа веб страна детално се опишани тешкотиите со кои се соочуваат децата во нивните семејства, поради растројството, преголемата изложеност на алкохолот и дрогата или пак борбата со усвојувањето и пост инстуционалните прашања. Во Јуни Астаков пристигнал пред портите на ранчот за деца со руска телевизиска екипа.

„Не ги пуштивме да влезат“, изјавила за ABC news, Џоис Стрекел која го водела ранчот за деца.
„Тие дојдоа и учтиво ги замолив да си заминат. Им реков дека ова не е баш најдобар период за посета. Разбрав дека сакаат само да кренат публицитет“, вели Стрекел

Руските медиуми објавија дека децата спиеле на подови и живееле во бедни услови. Стрекел ги отфрли ваквите обвинувања велејќи дека никој не е напуштен.
„Советничките официјални служби го посетија претходно овој камп и можеа да проследат како живеат овие деца. Детално ги информирав за се. Тие знаат дека тука се е во ред со нив“, вели Стрекел.

Рускуте медиуми обвинија дека децата биле носени во Канада, нешто што Стрекел го отфрли.
„Како прво потребни се валидни американски пасоши, нешто кое што ниту едно од децата го немаат. Децата, кога пристигна руската екипа, беа во школо, затоа и кампот беше испразнет“, вели таа.

Стрекел изјави дека ранчот бил како терапевтски интернат, кој бил специјализиран за децата кои биле меѓународно усвоени. Поголемиот дел од нив Имале тешкотии при интегрирањето во општеството, поголемиот дел од нив биле и со низок коефициент на интелегенција. На родителите им било потешко за да ги изведат на вистинскиот пат. Родителите плаќаат по 3500 долари месечно за нивните деца да престојуваат на овој ранч. Во секој период, во ранчот престојуваат околу 22 до 24 деца.

Има примери во кои родителите се задоволни од тоа како нивните деца го промениле своето однесување по поминатиот период во ранчот. Голем број на руски деца, речиси над 60,000 деца, биле посвоени од страна на американски семејства во периодот од распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година. Но, во последните неколку години, ваквиот однос на децата доживува големи проблеми. Руските власти во 2010 година го прекинаа процесот на посвојувања во САД откако добиле писмо од американската мајка Тори Хансен, во кое што пишува дека таа не го сака својот посвоен седумгодишен син Артиом назад.

На крајот од месец јули, откако Астаков и руската телевизија го посетија ранчот, рускиот претседател Владимир Путин го ратификуваше договорот за усвојување на децата од страна на американските семејства, но со истиот, Путин ги заостри правилата за Американците кои сакаат да посвојат руски деца, на начин на кој што ги зголеми барањата за проверка и следење на истите.

Tags: , , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1