Што да пиете за да не сте надувани по јадење – за подобро варење


Практично секој жител на планетата, има извесни тегоби во работата на дигестивниот тракт. Многу значајна улога во настанувањето на болести во системот за варење, игра течноста која секојдневно ја внесуваме во организмот.

Колку треба да пиеме?
Во нормални услови, со просечно губење на вода од приближно 12 чаши, тоа се 2 – 3.5 литри, треба да се внесе иста количина на течности во организмот. Меѓутоа, тоа не значи дека дневно треба да пиеме по 3 литри вода. Поголем дел од намирниците содржат вода. Заедно со храната во организмот, внесуваме просечно уште четири чаши вода.

Што да пиеме?
Пред се`, обична вода. Меѓутоа, нашата вода има неколку недостатоци. Како прво, хлорирана е, а за да се отстрани хлорот, треба да се држи водата 2-3 часа во сад без капак. Второ, водата од чешма содржи некои хемиски супстанци, кои во неа доспеваат од старите водоводни цевки. Затоа прво пуштете вода да истече, а потоа пијте.

Еден од најраспространетите напитоци е чајот – црн или зелен. Тој треба секогаш да биде свежо сварен и ако го пиете по цел ден наместо вода, водете сметка да не биде јак.

Црниот чај – го зајакнува централниот нервен систем, срцето и крвните садови, го подобрува варењето, допринесува за подобра апсорпција на храната, ја забрзува размената на материи, добра е против поспаност, умор и главоболка.

Зелениот чај – има дури и лековити својства. Лечи тровење и пролив, ги чува забите од кариес, го зголемува тонусот на органите за варење, а со тоа ја подобрува и апсорпцијата на храна.

Освен вода и чај, се препорачуваат и сокови – од зеленчук, овошје и билки. Соковите не треба да се пијат за време на јадење или веднаш по оброкот. Ако соковите не се многу кисели или се нормално кисели, се пијат од 30-40 минути пред јадење, а ако имаат поголема киселост, подобри да се пијат неколку часа по јадењето.

Соковите треба да се свежи. Дури и по краткотрајното чување во фрижидер (освен сок од цвекло) тие се расипуваат.Купените сокови не се корисни како и свежо-исцедени. Освен целулоза, соковите содржат многу корисни влакна-пектин. Најмногу пектин содржи сок од јаболка, портокали и домати. Овошните сокови го чистат организмот од отрови, а соковите од зеленчук го обновуваат.

Сокови
Сокот од морков го стимулира ширењето и растот на клетката, го нормализира разменувањето на материи и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и острината на видот. Богат е со витамин А, кој го поттикнува растот на клетките. Затоа тој сок особено препорачлив е за деца.

Свежо-исцеден сок од морков го чисти црниот дроб и ги нормализира неговите функции, како и функцијата на жолчната кеса и мочниот меур, и го забрзува исфрлањето на вишокот течности од организмот.

Сокот од цвекло е богат со витамини и минерали, пред се` со фосфор, калиум и сулфур, кои се неопходни за произведување на еритроцити. Содржи многу повеќе јод од другите сокови. Содржи многу магнезиум, го зајакнува нервниот систем и помага во случај на несоница и нервоза. Сокот од цвекло е единствен сок што треба да се држи во фрижидер, 3 часа пред да го испиете (содржи супстанци може да предизвикаат мачнина, но после тоа испаруваат). Се препорачува чаша-до чаша ипол сок дневно и тоа најдобро е навечер.

Сокот од  зелка содржи многу сулфур, јод и хлор, кои ја штитат слузокожата на желудникот и цревата, и спречуваат настанување на чир, а благотворно делува и на веќе постоечкиот чир.

Сокот од компир најмногу од сите други сокови делува на органите за варење, особено во комбинација со сок од морков. Тој лечи чир на желудникот, хроничен гартритис, помага за гасови, запек, колитис. Лековитото својство на сокот се чувствува по неколку дена редовно конзумирање. За жал, сок од компир може да се пие од јули до февруари, бидејќи по тој период во него се насобира отровна материја соланин.

Организмот брзо ги апсорбира сите сокови, за што му е потребно многу малку енергија, затоа нивното пиење значително ја олеснува  работата на органите за варење. Затоа пожелно е привремено да го одмарате организмот од тешката работа на варење на храната и тој ден да пиете само сокови, и тоа по 1 – 2 литри во тек на 24 часа.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1