Според најновите измени на Законот за електронските комуникации мобилните оператори од септември ќе испраќаат бесплатни СМС пораки до родителите во кој ќе ги информираат за изостаноците и оценките на нивните деца.
СМС пораките ќе се праќаат еднаш неделно од 16 до 22 часот, а родителите чие дете во тековната недела нема нови изостаноци или оценки, таа недела нема да добијат СМС, објави министерството за информатичко општество и администрација.
Ученици или држете го на око мобилниот на вашите родители или пак поправете се во училиште.