Повторно ново видео на интернет каде Љубчо Георгиевски зборува дека во негово време – додека тој беше Премиер, сериозно се разговарало за поделба на Македонија. Овој пат станува збор за интервју дадено за хрватската телевизија.
,, Разговаравме за тоа неколкупати и тогаш лесно ќе ги убедевме и албанците и меѓународната заедница – но Србија не влезе во тој проект,,
,,Ќе ги дадевме Тетово, Гостивар и Дебар, а ќе ги добиевме деловите околу преспанското езеро,, вели меѓу другото лидерот ВМРО-НП.