За да стават крај на нивната зависност од Израел, палестинците кои живеат на Западниот брег пронајдоа автомобил кој работи на соларна енергија.
Возилото со четири седишта е покриено со соларни панели, за да ги употреби сончевите зраци кои би обезбедиле енергија за напојување на малиот електричен мотор, кој има моќ да се движи околу 10 часа, со 20 километри на час. Доколку надвор нема сонце, батериите можат да се наполнат од штекер.
За да се “пронајде“ овој мал автомобил, на Кралската идустриска компанија за тргување и беа потребни околу два месеци и 5.000 долари.
-Со овој автомобил беше направен првиот чекор, а во моментов работиме на други два автомобила. Ако работата е успешна, тогаш ние ќе произведеме многу автомобили и ќе ги продаваме, вели директорот на компанијата.
Со седиште во градот Ал-Калил, оваа компанија е специјализирана за производство на соларни и водородни производи, кои ги прилагодува за креирање на нови возила.
Зголемената употреба на соларната енергија, би можела да им помогне на граѓаните од Западниот брег да ја избегнат ескалацијата на цените на електричната енергија.
Израел има контрола врз снабдувањето со гориво на палестинското население, и според договороте потпишани во Осло, Палестинската управа е обврзана, да не го продава својот бензин под 15 проценти од пазарната цена на Израел, јавува Electronic Intifada.
-Таквите монополи на снабдување се еден вид на моќ. Тие на лесен начин вршат политички притисок врз палестинските власти и палестинското население, со цел да ги остварат своите, во согласност со интересите на Израел, вели основачот на Матин групата, пренесува Медиа центарот на Блискиот Исток.
Палестинците, исто така, во голема мера се зависни од електрична енергија која, во најголем дел се обезбедува од Израел, бидејќи централата во Газа, произведува само околу 40% проценти, а останатиот дел мора да се купи. Мали количини се обезбедени од Египет и Јордан.
– Сакаме да се намали, колку што е можно повеќе, нашата зависност од Израел, бидејќи ние нема да бидеме во можност да постигнеме солидно ниво на национална безбедност, доколку Израел во секој момент може да ја исклучи нашата електрична енергија, па дури и да и наштети на централа во Газа. Ова се случи во 2006 година, како казна за киднапирање на Гилад Шалит, вели Хана Синиора, претседател на палестинско-американската стопанска комора.
Постојанот раст на цената на нафтата влијае врз висината на трошоците за основните прехрабени производи како што се пченката, растителното масло и лебот.
Палестинските напори за да ја намалат својата зависност од израелската енергија, наидоа на силна блокада од Тел Авив.
Во Март, се објавија израелските планови за уништување на осум соларни панели сместни во Западниот брег. Тие беа донирани во 2009 година од голем број на меѓународни добротворни организации, а според израелските власти тие се „нелегални“ , поради непостоењето на соодветна дозвола за градење.
Шеесет и два проценти од Западниот брег кои се контролирани од страна на Израел, не се поврзани во националата енергетска мрежа. Од друга страна пак, според Guardian, еврејските делови кои се наоѓаат во таа област, се поврзани со енергетската мрежа.
-Видовме систематско таргетирање на водната инфраструктура во Хеврон, Витлеем и во долината на Јордан. Сега, во последните неколку месеци, тие се насочени кон електричната енергија. Електрични столбови, во две села во областа биле урнати. Постојат системски напори од државната администрација за палестинска инфраструктура во Хеврон. Тие се надеваат дека со тоа што ќе ги направат условите мизерни, палестинците ќе се соберат и ќе ја напуштат областа, изјави анонимен експерт од Обединетите Нации за „Гардиан“.