Започнува резервацијата на билетот од Каракас до Лондон – НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА


НИЕ НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА – НАПРЕД ЛАВОВИ – ОСТАВЕТЕ СРЦЕ НА ТЕРЕНОТ !!!!

Утре вечер во 23 часот по македонско време, нашта кошаркарска репрезентација ќе го започне првиот натпревар од квалификацискиот турнир и ќе се обиде да обезбеди пласман на олимписките игри во Лондон.

Доколку се најдеме помеѓу првите три селекции на турнирот, олимпискиот сон ќе биде остварен. Сепак, конкуренцијата силна и за нас, делумно непозната.

Во групата Д, покрај нас се и Нов Зеланд и Ангола. Првите две селекции од групата одат во четврт-финалето, а победниците од полуфиналните дуели подоцна одат на олимписките игри. Поразените полуфиналисти ќе имаат уште една шанса, мајсторка, натпревар кој ќе сруши нечиви соништа, но и ќе го направи горд победникот.

Во останатите групи игаат:

А група-Грција, Јордан и Порторико.

Б-група: Литванија, Нигерија и Венецуела.

Ц група: Русија, Кореа и Доминиканската Република.

Д групата е за нас најинтересната. Тука сме ние. Првиот натпревар го играме со Ангола. 17 часот по локално време, наше 23 часот. Ангола е цврст противник што игра добра одбрана, нешто што ја красеше нашата селекција на Европското првенство во Литванија. Дали поради тоа може да очекуваме малку поени??? Да се надеваме дека – малку во нашиот кош.

Сепак реалниот квалитет е на нашата страна. Анголците играат во домашната лига со исклучок на центаро Жоаким Валделицио, кој настапува за универзитетот на Хаваи. Вредно да напоменеме е дека Ангола е редовен учесник на големите натпреварувања и ги има освоено 8 од последните 9 Африкански првенства во кошарка.

Вториот натпревар го играме против Нов Зеланд и тоа неполни 24 часа по мечот со Ангола. Вторник, 20 часот. Одлична шутерска репрензетација е Нов Зеланд. Тотална непознаница за нашата јавност. Единствен интересен податок за Нов Зеланд е дека е постојано втор на Натпреварите на Океанија. Последен пат освоиле 1999 година. Но, тогаш го имаа Шон Перо Камерон. Љубителите на кошарката го паметат. Играч со вишок на килограми, навидум бавен, но со одлична рака за 3 поени. Сега е асистент на селекторот Ненад Вучиниќ.

И доколку се помине во најдобар ред за нас, да го освоиме првото место во групата, во четврт-финалето би требало да се сретнеме со вториот од групата Ц. Според квалитетот, Доминиканската Република или Кореа, нормално под услов Русија да доминира како што и се очекува и како и доликува на светската велесила. Значи, повторно би добиле противник кој не е од Европа. На овие квалификациски турнири се очекува да доминираат Европските репрезентации, бидејќи квалитетните Аргентина, Бразил, Америка, Кина се доминантни на натпреварите на своите континенти и обезбедуваат директен пласман на Олимпијадата.

Така, прогнозите велат… Македонија-Литванија на 7-ми Јули во Каракас. Најважен натпревар во македонската спортска историја. Сонот на генерацијата, на секој спортист, на секој љубител на спортот, на секој Македонец.

Но, не и последна шанса. Последната шанса ќе ја имаме во случај на пораз, ден подоцна,во мајсторка со поразениот од другото полуфинале.

Да им посакаме среќа на нашите, заслужуваат Олимпијада, заслужуваат радост…

ОДИМЕ НА ОЛИМПИЈАДА !!!!

Tags: , , , , , , , , , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1