Archive | Македонија RSS feed for this section

ФОТО: Најопасната дрога „крокодил“ од која се распаѓа телото, се појави и вo Македонија?

Од Министерството за внатрешни работи велат дека моментално оваа дрога не е присутна на македонскиот нарко пазар. – Досега сме немале заплена на овој вид на дрога, ниту пак имаме некои информации дека таа е присутна на македонскиот нарко пазар, вели потпаролот на МВР, Иво Котевски. Дека дрогата „крокодил“ ја нема во Македонија, ни потврди […]

______________________________________________________________________________________________________

За три дена почнува грејната сезона – најисплатливи клима уредите

Греењето на дрва најмногу загадува, велат експертите, а според нив, заблуда било и дека тоа е најевтината варијанта. Поекономичните биле топлинските пумпи односно клима уредите, објави Алфа. Камин, радијатор, клима уред – грејната сезона почнува за три дена. Граѓаните подготвени – оние кои користат дрва веќе ги набавиле, другите само ги чекаат повисоките сметки за […]

______________________________________________________________________________________________________

Тачи останува на чело на ДПА

Мендух Тачи повторно e избран за претседател на Демократската партија на албанците. На шестиот конгрес, Тачи како единствен кандидат за претседател на партијата доби апсолутна поддршка од сите кандидати. Од вкупно 683, на Конгресот присуствуваа 677 делегати. Тачи истакна дека ДПА ќе биде дел од власта само ако биде почитувана и прифатена нивната платформа и […]

______________________________________________________________________________________________________

Прекршочна за аџиите ако секој ден не се јавуваат на лекар

Сите аџии кои се вратија во Македонија мора секој ден во рок од 7 дена да се пријавуваат во центрите за здравје во општините каде што живеат, во спротивно ќе следуваат прекршочни пријави. Досега во Македонија се вратиле повеќе од 200 македонски аџии од аџилакот во Саудиска Арабија и сите добиле решение за здравствен надзор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат македонски кошаркар уапсен во Грција

За поседување на 1,5 килограм хашиш грчката полиција повторно го уапси поранешниот кошаркар на МЗТ, Михаил Мишунов, објави Канал 5. -Непосредно пред апсењето, по добиените информации, полицијата го следела поранешниот ас и го забележала во Солун како остава кеса со две стаклени тегли полни со преработен хашиш – чоколада, со тежина од 1655 грама, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонка има 96 години, 25 правнуци, а чека и чукунвнуче

Трета вечер ми било на Бадник и ми било судено да живеам долго. Во животот никого не сум проколнала, никому не сум напакостила, а сум минала низ многу маки, немаштија, макотрпна селска работа. Докторот ми вели „здраво ти е срцето“. А и добро гледам, само што не можам да одам, па ми е жал што […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Успешните деца на успешните Македонци

Во листата на успешни деца и родители на домашен терен се вбројуваат пејачи, актери, спортисти, пишува весникот Вечер. Освен што имаат иста крв, тие имаат и иста професија. Дејан Манасков, Игор Џамбазов, браќата Тавитјан, Анастасија Петреска, Александар Тарабунов, Кристина Арнаудова, Верица Каранфиловска, Дамјан Стојановски… се само дел од јавните личности кои успеале да се пробијат и да […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата задржува возила со странски таблички кои се „на гости“ подолго од 6 месеци

Полицијата почнува привремено да одзема возила со бугарски или други странски таблички кои се влезени во земјава пред повеќе од шест месеци, поради непочитување на законската процедура. Првата акција била вчера во Штип, известува „Во Штип“. Во акциска контрола на полициски службеници при СВР – Штип во соработка на Царинска испостава – Штип биле контролирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Наместо вкусен ручек дома може да внесете отров – најкористените печурки имаат двојници

Наместо храна, дома можете да си однесете отров. И најдобрите познавачи може да згрешат. Вака врвните експерти го коментираат собирањето печурки кое секоја година поради нивно недоволно познавање, зема по неколку жртви. Лисичарка, вргањ, јајчарка, гулапка, рујница – се само дел од печурките кои може да се собираат во овој период од годината. Но секоја […]

______________________________________________________________________________________________________

Чист воздух само 53 дена за девет месеци

Годинава Тетово најверојатно ќе ја заврши како прв на листата на градови во Македонија каде што во воздухот се мерат алармантно високи концентрации на штетните пм10 честици. Мерењата на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот покажуваат дека градот има најмногу денови со загаден воздух, пишува Нова Македонија. Од 1 јануари до 5 октомври […]

______________________________________________________________________________________________________

Убав ден денес – еве на колку степени ќе уживаме

Магловитото утро не очекува во недела, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 4°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C. УВ индекс 4. Во вечерните часови повторно ќе има појава на магла

______________________________________________________________________________________________________

Магаре со сексуален нагон нападнало трудница од Радовишко (Видео)

Магаре со сексуален нагон вчера  попладне нападнало трудница од Радовишко со иницијали Р.Т.   Младата жена извесен период  била  во близина на животното,    но ненадејно тоа тргнало кон неа. Таа се обидела да го смири повлекувајќи се назад, но во паниката   паднала, а магарето  покажало сексуален нагон и агресивност, јави телевизија Стар. Од побеснетото животно трудницата […]

______________________________________________________________________________________________________

Туристите од “Супер 8“: Бевме фрустрирани, не знаевме што се случува (Видео)

Откако надлежните институции информираа дека еболата не е причина за смртта на Британецот, тоа значеше и укинување на мерката карантин за лицата во хотелот Супер осум, меѓу кои имаше 25 гости, претеѓно странски туристи и хотелски персонал. Тие беа видно расположени, но и со присутна доза на загриженост од вчудоневудувачката ситуација во која се нашле. […]

______________________________________________________________________________________________________

Не е Ебола – а од што умрел странецот ќе се знае по аутопсијата

Британецот што завчера почина во Скопје немал ебола, а причината за смртта ќе се знае по аутопсијата за која се почнати процедури, информира попладнево доктор Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство Као што рече Костовска, по добиените негативни резултати од лабораторијата во Хамбург, укинат е карантинот во хотелот […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Среќа на лицата на туристите кои беа во карантин

Туристите кои три дена беа во времен карантин во хотелот „Супер 8“ каде што беше сместен сега починатиот Британец Џефри Колинс, за кој денеска и официјално е потрвдено дека не е болен од ебола, среќни си заминаа од него. Британецот Џефри Колинс немал ебола, покажале резултатите од Клиниката во Хамбург, соопшти попладнево д-р Јованка Костовска, […]

______________________________________________________________________________________________________

Емотивно интервју: Ребека проговори за своето болно дете (видео)

Македонската поп пејачка Ребека во вестите на Канал 5 телевизија проговори за болеста на своето дете. Таа отворено говори за предрасудите кои ги има во нашето општество кон децата кои боледуваат од ретки болести, но нагласи дека клопчето полека се одмотува. Погледнете го емотивното интервју.

______________________________________________________________________________________________________

БИДЕТЕ МИРНИ: Стигнаа резултатите – Нема ебола во Македонија (Видео)

Пристигнаа резултатите од испитувањата по смртта на Британецот кој почина во Македонија, а за кој постоеја сомнежи дека починал од ебола. -Информирам дека пристигна резултатот и истиот за среќа е негативен. Известени се британската амбасада и Светската здравствена организација и донесена е одлука за прекин на карантинот во хотелот и Клиниката за инфективни болести, истакна […]

______________________________________________________________________________________________________

И бебе е во карантин во скопскиот хотел

Бебе е во карантин во хотелот „Супер 8“, а попладнево ќе пристигнат целосните наоди од лабораторијата во Хамбург кои ќе покажат дали починатиот Британец Колин Џефри имал ебола, изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести. Таа потврди дека во карантин во хотелот ќе останат сите 25 лица. Според Костовска, тие се во добра здравствена […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1