По 2012 живот ќе има само во француското село Бугараш? – веќе го окупирале фанатици – Видео/Фото


Бугараш е мало село на француската страна на Пиринеите е исклучително тешко да се најде. Во него живеат 200 лица. Но последните месеци местото е преплавено и окупирано од фанатици, исцелители, окултисти и секти.

 

Едно село во јужниот дел на Франција се смета дека ќе е единственото место каде што ќе може да се преживее крајот на светот – настан што тие го очекуваат на 21 декември 2012 година.

Бугараш е мало село на француската страна на Пиринеите е исклучително тешко да се најде. Во него живеат 200 лица. Но последните месеци местото е преплавено и окупирано од фанатици, исцелители, окултисти и секти.

Групи кои може да се наречат секти се упатиле кон врвот на планината и спроведуваат чудни ритуали кои ги вознемирили жителите.

Чудаци купуваат имот и бараат соби за изнајмување. Според информациите цените на куќите се зголемиле од 150 000 евра на 300 000 евра. Властите велат дека некои поединци бараат да купат земјиште во планините, со намера да градат бункери.

Еден локален Гостилничар, кој нуди соби само во лето, вели дека добиваат бројни повици од луѓе кои сакаат да резервираат соби или мобилни домови од почетокот на декември 2012 година до крајот на јануари.

“Луѓето знаат дека сум затворен во зима”, вели г-ѓа Зигрид Бенард  “Но, тие луѓе рекоа дека сакаат да дојдат три недели пред апокалипса “

Според древниот календар на Маите, во 2012 година ќе дојде крајот на светот. Сеуште постојат милион теории како тоа ќе се случи – дали ерупција на сонцето, ќе удри огромен астероид, ќе има поплава итн.

Но последните години излезе и верување дека  засолниште ќе е областа околу Бугараш – односно планината во близина на ова село – за кое сектите веруваат дека под неа е база на вонземјани.

Кога ќе дојде на апокалипсата, врвот на планината ќе се отворел и ќе се појават вселенски бродови, и ќе зеле со себе ќе спаселе локални жители.

Започнало на интернет сајтовите за вонземјани и веста се проширила.

Се објавил еден цртеж и веста почнала да се шири. На цртежот е преставен наводно НЛО и вонземјани како од врвот на планината подигнуваат човек. Сите претпоставиле дека станува збор токму за планината кај ова мало село.

Некои туристички агнеции дури и продавале карти – како да стигнете до Бургаш, со оглед на фактот дека селото тешко се наоѓа.

Градоначалникот на селото Jean-Pierre Delord веќе е изнервиран и запретил дека ако животот им го уништуваат секакви фанатици – на помош ќе ја повика и војската.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1