Во Будва лежалка 50 евра, Дубровник 100 евра за до тврдината, Охрид 100 ден паркинг


Да си турист не е лесно – посебно не кога оние што живеат крај вода едвај чекаат да им дојдете за да во ошурат буквално.

Цените во сезона одат дупло, се воведуваат нови небулозни такси, да земете воздух ќе ви наплатат. Ќе почнеме од нашиот Охрид

Охрид – кафе минимум 50 денар, лежалка кај Горица 300 денари ( дупла била и чадор имало) ако не врне нес кафе на плажа е 60 денари ( вода и 3 зрна кафе) ама ако врне а седнете под чадорот нескафето е поскапо 80 денари – причина ,, еми врнит седиш под чарод,,

Сепак најмногу боли паркингот – 100 денари час – ако закасниш 1 мин си плаќаш како за два часа. Го раскопаа зеленилото направија паркинзи и сега дури и гостите на некои хотели во центарот мораат да си плаќаат паркинг.

Дубровник – кафето е 3 евра минимум, да не ве лаже господ да нарачате некој егзотичен сок цедено ова цедено она. Најново во Дубровник е што воведена е уште една небулозна давачка.

Градоначалникот Андро Влахушиќ донесе одлука со која се зголеми давачката за да се возите низ улиците на стариот град. Во лето ако сакате со автомобил да се симнете во стариот град ќе мора да платите. За автобуси оваа цена е 100 евра.

Будва – лежалка на плажа се движи од 25 евра па и до 75 евра, кафето е 1 евро она поникаквото, Црногорците се жалат и фрлаат дрва и камења по гостите – биле циции и не сакале да трошат пари. Според податоците оваа сезона имаат послаба посета за цели 70 насто за разлика од лани. Хотелите се празни, а и приватното сместување. За тоа им биле криви русите кои имале вили и таму си носеле гости па не плаќале сместување. А ни туристичка такса. А токму Црна Гора им даде на овие руси одврзани раце за багателни суми да си купат земја и да си градат на крајбрежјето.

Внимавајте – каде и да се свртите ви бараат пари. Не е лесно да си турист богами.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1