Големата трагедија се случила во населбата Бољевци близу Белград.
Како што неофицијално се дознава од српските медиуми, дедото и внукот вчера попладнето отишле на Сава. Околу 16 часот момчето скокнало во водата но не испливало на површината. Давењето било пријавено во полиција во 17 часот. На местото веднаш дошле нуркачки екипи кои до крајот на денот безуспешно го барале телото на детето.
Дедото Владимир Јовановиќ, скршен од болка за време на ноќта си пресудил самиот и се обесил во дворот на семејната куќа.