Владата ќе им препорача на „Македонски шуми“ да ја намалат цената на огревното дрво.
Според Коњановски ќе се бара поевтинувањето да биде за 10 проценти и тоа за сите кои огревното дрво го користат за сопствени потреби, а 20 отсто за корисниците на социјална помош.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, изјави дека Владата препорача одлуката да важи и наназад, за сите кои огревно дрво купиле оваа година, а го плаќаат сеуште на рати.