Претседателот Ѓорге Иванов денеска на сценаристот и режисер, Милчо Манчевски, ќе му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“.
На церемонијата за доделување ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Прв пат ваква титула е доделена минатата година на музичкиот уметник и пијанист Симон Трпчевски.
Манчевски е добитник на повеќе од 50 меѓународни награди за своите филмови, а имаше и номинација за Оскар.