Цел викенд мешани патроли составени од полицајци и родители ќе шетаат по скопски и битолски кафулиња и дискотеки.
Патролирањето стартува вечерва во дискотеките во Градскиот парк. Внимавајте каде пиете или правите други зулуми – освен во дискотеки ќе го шетаат и паркот, а и омиленото собиралиште на малдите – фонтаната на Илинденска. Тука треба да стаса патролата околу 23.30 часот.
целта е да се анимираат и едуцираат родителите околу потенцијалните ризици на што е изложена малолетната популација во летниот период кога и излегуваат повеќе.
Патролата минатата недела шеташе во Куманово, Штип и во Струмица.