Archive by Author

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје

Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, […]

______________________________________________________________________________________________________

11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков

Во жалбата доставена преку неговиот адвокатски тим, тој ја спори определната мерка поради повреди на кривичната постапка, погрешна примена на Кривичниот законик и погрешно утврдена фактичка состојба. Неговата одбрана бара укинување на притворот и враќање на претходно определената мерка за јавување во судот. Спорно за одбраната е што притворот му е определен без да го […]

______________________________________________________________________________________________________

За прв пат во историјата: МВР поднесе кривични пријави за навивање

Соопштението на МВР следи во целост. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Во сабота не очекува голема температурна разлика – подгответе се!

Времето во сабота ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 14 степени, ова значи дека во сабота за разлика од овие денови утрото ќе биде особено студено. Во недела времето ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Го осудувам бегството на Груевски, да се лоцира вината и помагачите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го осуди бегството на поранешниот премиер и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случи и кои се потпомагачите на оваа акција. – Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, […]

______________________________________________________________________________________________________

Хаос во Косовска Митровица: Косовските специјалци утрово уапсија четворица Срби

Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и уaпсиле четири лица. Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ изјави дека се уапсени полицаецот Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ. Припадниците на Росу упаднале во нивните станови, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови Сад: Маж се заканува со самоубиство од покрив на зграда

Маж два часа стоeше на покривот на двокатна зграда наспроти покраинската Влада во Нови Сад и се закануваше дека ќе скокне, притоа постојано фрлајќи одозгора градежен материјал и облека. Засега не е познат идентитетот на мажот, кој во еден момент почнал да се соблекува и фрлал делови од неговата облека. Врз граѓаните кои минувале низ […]

______________________________________________________________________________________________________

Втор Меѓународен фестивал по саксофон и кларинет „САКСКЛАР“-2018“

Во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ во соработка со Град Скопје, денеска почнува второто издание на Меѓународниот фестивал по саксофон и кларинет “САКСКЛАР“-2018. На Меѓународниот натпревар кој е со награден фонд, ќе бидат застапени категории за ученици, средношколци и студенти, како и мастер часови. Натпреварите ќе се одржуваат во сабота и недела во […]

______________________________________________________________________________________________________

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“. Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти. – Станува збор за поранешен лидер на […]

______________________________________________________________________________________________________

На Груевски ќе му се суди во отсуство за „Титаник“

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ не почна навреме, бидејќи доцнеше спроводот на притворените Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од истражниот затвор “Скопје”. На поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, ќе му се суди во отсуство. Во судница се присутни останати обвинети во овој предмет на СЈО што се однесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Косово: Денешното апсење во северна Митровица е поврзано со убиството на Оливер Ивановиќ

Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања. Според соопштението на косовската Влада, акцијата е спроведена по налог на Специјалното обвинителство на Косово и е целосно согласно законот. – Владата […]

______________________________________________________________________________________________________

Успешно трансплантирани бубрези од починат донор

После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт. Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Поголем буџет за одбраната и повисоки плати за вработените во 2019

Зголемен буџет за реформи во одбранбениот сектор во пресрет на членството во НАТО, е предвиден за 2019 година. Како што информира на денешната прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска, буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 проценти од БДП, а во однос […]

______________________________________________________________________________________________________

Таксист се обидел да силува млада девојка

Во вторникот, во 12 часот во Полициската станица Центар, Л.К.М.(22), пријавила обид за силување од такси возач. Имено, според нејзината пријава таксистот во неделата околу 00,30 часот во Скопје, се обидел да ја силува, но тој не успеал во намерата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Косово со 100% царина за производите од Србија и Босна

Македонските трговци ќе ќарат поради зголемените царини од Косово кон Србија и Босна и Херцеговина. Сепак, тоа ќе биде само на краток рок. Косово за овие две држави воведе царината од 100 отсто царината за сите увезени стоки во државата. Тоа двојно ќе ја зголеми цената на производите од овие две земји. Од Министерството за […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Косовските трупи се движат кон северно Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на почетокот на денешниот состанок со претставниците на Србите од Косово, рече дека Белград има информации дека албански трупи од базата Белведер и Врело се имаа упатено кон северно Косово. – Можни се две опции … Да го земат глисерот во Газиводе со кој се возеше Тачи, така што е можно […]

______________________________________________________________________________________________________

Се палат српските производи на Косово (видео)

Некои жители на косовското село Качаник синоќа ги палеле српските производи и ја снимале оваа акција, која потоа ја објавиле на социјалните мрежи, пренесува „КоССев“. На снимката може да се види кутија со различни српски производи, меѓу кои чоколади и хигиенски производи како горат. Според нивните зборови, ова се случило после апелот за бојкот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Поранешен војник во Гватемала осуден на над 5.000 години затвор

Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек, што се смета за едно од најтешките злосторства во 36-годишната граѓанска војна во оваа јужноамериканска земја. Обвинителите изјавиле дека поранешниот војник Сантос Лопез учествувал во масовните убиства во 1982 година на речиси сите мажи, жени и деца во руралното земјоделско […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1