24/10/2018 14:40
•
Posted by: MK News
Во сабота се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград,на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.Потекнува […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:37
•
Posted by: MK News
Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом околу која се крена прашина и се организираа протести од жителите на Аеродром, инвеститорот ги кани граѓаните на средба. Поканата ви ја пренесуваме во целост. Почитувани граѓани на Општина Аеродром, граѓански активисти и здруженија, Во среда (24.10.2018) ве повикувам на средба во урбаната заедница „Острово“ (во Т.Ц. Скопјанка, на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:35
•
Posted by: MK News
Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани на Уставот и тоа бидејќи се отвора преамбулата на Уставот се бара концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи, рече премиерот Зоран Заев во Стоби, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во најголемата опозициска партија по она што се случи во петокот, односно по усвојувањето на иницијативата за уставни измени. -Не би сакал да коментирам детали, сепак, тоа се нивни внатрепартиски работи. Уште еднаш потврдувам […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:32
•
Posted by: MK News
ВМРО–ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Тој истакна дека власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Почнуваат консултациите за изработка на нацрт текстот на уставните амандмани. Премиерот Заев е подготвен уште утре да седне на заедничка маса со пратениците и во инклузивен процес да ја усогласат содржината. Очекувањата се целиот процес да заврши до крајот на месецов. Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани на Уставот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Руската амбасада во Рим соопшти дека околу 30 луѓе, меѓу кои и руски навивачи кои оделе кон „Олимпико“ се повредени при дефект на подвижните скали во метро станицата. Осум лица се со сериозни повреди, а според италијанските медиуми, на еден руски навивач му е ампутирана една нога. Руски навивач се здоби со убоди од нож […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за здравство и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, за кој на последниот Централен комитет беа дадени насоки да биде исклучен од партијата, упати порака до претседателот на Опшринискиот комитет Карпош, со која бара да го повикаат на состанок за да може да ги предочи своите факти и докази, па дури потоа ОК […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:15
•
Posted by: MK News
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник. – По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:13
•
Posted by: MK News
Зимското сметање на времето ќе почне в недела на 28. октомври во 2 часот по полноќ, па стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад. Летното сметање на времето завршува во 3 часот 00 минути и 00 секунди, така што со поместувањето од еден час наназад времето во 3 часот ќе се смета […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:11
•
Posted by: MK News
Останувам отворен за инклузивноста на опозицијата во делот на сугестии за зајакнување на идентитетот, гаранцијата на определбата и гласањето во Грција, нашата интеграција во ЕУ, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе ги достават уставните амандмани што ги изготвуваат до Собранието. Тој најави дека денеска ќе има консултации со сите пратенички […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:08
•
Posted by: MK News
Медиумите во Србија јавуваат дека пејачката Наташа Беквалац имала сообраќајна несреќа на излезот од Нови Сад. Во моментот на несреќата во возилото покрај пејачката биле нејзиното бебе и дадилката. Српските медиуми јавуваат дека таа тргнала за Белград кога нејзиниот автомобил удрил во друго возило. Денес, како и секоја среда, Наташа тргнала да ја однесе ќерката […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:03
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва изјави дека Централниот комитет го разрешила потпретседателот на партијата Митко Јанчев поради несогласување со политиките на партијата, ставовите на партијата и нивно неследење. За жал, рече тој, можеби поради тоа што лошо се изразил или лошо била пренесена, изјавата добила друг контекст, односно се поврзува со обвинувања за поткуп. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:03
•
Posted by: MK News
Европската комисија го отфрли во вторникот предлогот на владата на Италија за буџетот за следната 2019 година, оценувајќи дека на „незапаметен“ начин се кршат европските правила и побара од Рим да го ревидира во рок од три седмици или ќе се соочи со дициплински мерки. Европската комисија го стори ова првпат откако има овластувања за […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 14:00
•
Posted by: MK News
Еден од извори за „Скај њуз“ тврди дека телото на Кашоги е “распарчено“, а лицето му е целосно “деформирано“. Претходно денеска, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред парламентот објави дека телото на убиениот новинар се уште не е пронајдено и побара од Саудиска Арабија да открие каде тоа се наоѓа. „Зошто телото […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмари (34) загина додека снимаше музички спот рапувајќи на крилото на авион кој изведуваше акробации. Мртовечката служба на канадската провинција Британска Колумбија соопшти дека Мекмари смртно страдал за време на работата со тимот кој снимаше акробации на леталото и спуштање со падобран во саботата, пренесе денеска АП. Неговиот менаџер Рајан Дароше […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 13:58
•
Posted by: MK News
Термините кои минатата недела беа употребени во Собранието и во Владата се помирување и национално обединување, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на новинарско прашање за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера побара амнестија за сите учесници во крвавиот четвроток. -Македонија е правна држава, тоа што следува е да видиме како во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска рече дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата од партијата, и дека се воздржува од коментар за тоа. Тој додаде дека посакува силно, обединето ВМРО-ДПМНЕ кое, како што рече, „што ќе го урне ова зло“, бидејќи кога ВМРО ДПМНЕ е силно, силна е и Македонија. – […]
______________________________________________________________________________________________________