27/11/2017 12:09
•
Posted by: MK News
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, својата посета на Виена ја искористи да даде интервју за австрискиот весник „Куриер’“, во кое говори и за теми кои што не се во негова надлежност, а го споменува и прашањето за името. Новинарката во текстот пишува дека Бутарис не се грижи само за општината што ја раководи, туку и за […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2017 12:05
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, од затворот во Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд решението за замена на притворот го донел вчера. Укинување на оваа мерка, бараа неколку граѓански здруженија, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поради лошата здравствена состојба на Темелко. Како обвинет […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2017 15:04
•
Posted by: MK News
Три автомобили, два во Скопје и еден во Струга се украде, а во една од кражбите едно лице е прободено со нож. Во Струга, 28-годишен маж заедно со уште едно лице И.М се возеле со „БМВ“ сопственост на неговата сестра. Кога го паркирале автомобилот, И.М. ненадејно со нож го прободел по 28-годишникот на десната страна […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2017 11:07
•
Posted by: MK News
Трка на автомобили синоќа заврши трагично во Струмица. Едно лице е загинато додека другите двајца се повредени, објави порталот Стримица Денес. Во изјава за Струмица Денес очевидците велат трката се одвивала на Просеничкиот пат или веднаш спроти поранешен Агрокор. Сликата пред болницата била навистина страотна, соберани биле стотина луѓе. Повеќе детални се очекуваат денеска.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2017 09:51
•
Posted by: MK News
Времето денеска – претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2017 09:49
•
Posted by: MK News
Најзагадена утрово, со многу висока концентрација на ПМ 2,5 честички, е Општина Центар, покажаа мерењата за квалитет на воздухот што ги објави Министерство за животна средина и просторно планирање. Загадени со висока концентрација на ПМ 2,5 се и Карпош, Битола и Куманово, додека за останатите општини податоци нема. Единствено во Тетово мерењето покажува многу ниско […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:43
•
Posted by: MK News
Почнувајќи од денеска, секој викенд и државен празник од 9 до 16 часот, ќе биде забрането движење на моторни возила на патот до Средно Водно. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека целта на оваа забрана е да се заштитат природните убавини и просторот за рекреација на Водно. Забраната ќе важи во еден правец, од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:35
•
Posted by: MK News
Крвава ноќ во скопската населба Чаир, едно лице убиено. Во престрелката на улица „Лазо Трповски“ загина лицето Исмет Арифи додека Ќемал Лусјани со прострелна рана е префрлен во градската болница. Засега она што се шпекулира во јавноста е дека напаѓачот е во бегство а убиениот имал криминално досие. Мотивот за убиството не е познат. Неофицијално дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:34
•
Posted by: MK News
Две родилки и двете прилепчанки, оваа недела по породувањето ги оставиле своите бебиња на скопска гинекологија. Во првиот случај се работи за жената која доби сомнителен сендвич зачинет најверојатно со дрога, која при одењето кажала дека можеби ќе се врати по детето. Втората, која ја напуштила клиниката, била решителна во одлуката да го остави новороденчето […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:33
•
Posted by: MK News
Јужноафриканскиот врховен апелациски суд во Блоемфонтен го осудил славниот спортист Оскар Писториус на казна од 13 години и 5 месеци поради убиството на својата девојка, Рив Стинкамп, јавува агенцијата АФП. Судијата рекол дека Писториус требало да биде осуден на 15 години, но судот го земал предвид времето кое веќе го поминал во затворот. Во јуни, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:27
•
Posted by: MK News
Општина Карпош ги повикува граѓаните да пријават загадувачи на средината на телефонот 078/257-640. „Со цел да дејствуваме превентивно против загадувањето на животната средина, ве молиме да ги пријавите несовесните граѓани кои палат смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен отпад“, се вели во повикот од Општината.
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:26
•
Posted by: MK News
25 ноември, е годишнина од упадот на полицијата во просториите на А1 телевизија. Сопственикот Велија Рамкоски вчера го посети објектот во кој беше сместена телевизијата и затекна скршени прозорци, откорнати тавани, шут и ѓубре. Поминаа 7 години од затворањето на А1 ТВ.
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:22
•
Posted by: MK News
Aерозагадувањето е штетно за пациентите со хронични болести кај кои има поголемо влошување на состојбата, но е штетно и за секој здрав човек. Бројот на пациенти е во пораст, меѓутоа, со сигурност не можам да тврдам дали овој зголемен број се должи на аерозагадувањето, кое со децении е присутно Aерозагадувањето е причина, особено ПМ честичките, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:18
•
Posted by: MK News
Комитетот 300 е група која е основана од страна на британската аристократија со цел да ја организира светска политика, банкарството и медиумите. Овој комитет спаѓа под тајно друштво и главното мото е дека светот мора да биде помал и дека има премногу „бескорисни усти“ кои трошат природни богатства и затоа треба да бидат елиминирани. Целите […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:15
•
Posted by: MK News
Постојат сериозни индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица со работењето на ,, Дрисла’, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24. Италијанскиот стратешки партнер во ,,Дрисла“ е 80 проценти сопственик, градот е 20 посто сопственик и тоа со одлука на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:14
•
Posted by: MK News
Условна шесмесечна затворска казна доби Томислав Лазаров, четвртообвинет во предметот „Насилство во Центар“ на Специjaлното јавно обвинителство. Тој денеска беше прогласен за виновен за делото и судијката Татјана Михајловa му одреди условна шестмесечна казна затвор која ќе се изврши ако во рок од две години стори кривично дело. Лазаров пред Судот уште еднаш изрази каење […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:09
•
Posted by: MK News
Дванаестгодишно девојче исчезнало вчера од основно училиште во скопската населба Топаанско Поле, јави полицијата.Во информацијата на МВР се вели дека вчера во околу 17 часот, педесет и петгодишната Е.К. пријавила во полицијата дека истиот ден во околу 12 часот од основното училиште „Васил Главинов“ исчезнало нејзината 12-годишна ќерка.
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:04
•
Posted by: MK News
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар. – Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје – потенцира Шилегов. На новинарско прашање за […]
______________________________________________________________________________________________________