25/11/2017 09:02
•
Posted by: MK News
Директорот на агенцијата за туризам Александар Донев, кој патувал со бизнис класа за Аргентина, најавил дека ќе ги врати парите со кои било доплатено за седиште во бизнис класата, објави Телма. Авионската карта за бизнис класа била за 30 отсто поскапа од економската, додека првата чинела околу 220.000 денари, втората чинела 180.000 денари. Директорот Донев […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:01
•
Posted by: MK News
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека додека бил во истражниот затвор „Скопје“ на некој начин го дрогирале со седативи, односно го принудувале да пие таблети за смирување. – Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:00
•
Posted by: MK News
Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година се враќа на почеток. Ваква одлука донесе Врховниот суд на земјава. Оттаму информираа дека жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување. Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 08:56
•
Posted by: MK News
Во престрелка на улица Лазо Трповски што се случи , кај маркетот „Принц“ во скопски Чаир е убиен Исмет Арифи од Скопје, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, дознава Плусинфо од полициски извори. Мотивот за убиството засега не е познат. Убиецот е во бегство. Се знае дека во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 11:09
•
Posted by: MK News
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор. Еве што се вели во дописот од ОМД ОМД му испраќа најискрени желби за брзо […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 11:03
•
Posted by: MK News
Ќе поднесеме кривична пријава против судијката Радица Василевска за активно учество во политички монтираниот случај „Кампања“, вели во интервју за „Макфакс“ претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од Специјалното обвинителство […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 11:00
•
Posted by: MK News
Градските власти денеска од општина Бутел ја почнуваат големата акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите скопски општини во период од дваесетина дена. – Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 10:57
•
Posted by: MK News
Синот на Ратко Младиќ по донесената одлука за доживотен затвор на неговиот татко пред Хашкиот трибунал изјавил дека пресудата за него не била лесна за слушање. Тој за српските медиуми изјавил дека пресудата била очекувана, бидејќи тужбата и пресудата биле одамна напишани. Како што додал, по донесувањето на пресдута, тој и неговата мајка го посетиле […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 10:57
•
Posted by: MK News
Најниска температура изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус четири степени целзиусови, по што следат Скопје Петровец и Тетово со минус три, Битола, Струмица и Демир Капија со минус два, Лазарополе, Штип и Куманово. со минус еден. Нула степени се регистрирани во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Крива Паланка, еден во Охрид, Гевгелија […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2017 10:53
•
Posted by: MK News
Осумдесетгодишната Р.М. била нападната од зад грб од непозната жена, која и ја одзела чантата и избегала, во инцидентот на улица „24 Октомври“ во Струмица, што бил пријавен во полиција синоќа околу 21.40 часот. Р.М. почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката пред да влезе во такси-возило кое […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:18
•
Posted by: MK News
Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи. МВР соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев и дека по него е распишана меѓународна потерница. – Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:16
•
Posted by: MK News
Шведската компанија ИКЕА повторно најави повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби едно дете. Извршниот директор на компанијата Ларс Петерсон изјави дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид. Смртта на двегодишно дете од Калифорнија, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:13
•
Posted by: MK News
Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави. Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:06
•
Posted by: MK News
Сендвич зачинет со дрога и бил однесен на родилка на скопска гинекологија еден час по породувањето. Во јадењето имало 4 таблети со сина боја најверојатно екстази, кои ги забележала медицинска сестра, по што веднаш пријавиле во МВР. Тројцата непознати мажи кои ја донеле храната, според сведочењата на дежурниот персонал од ГАК, биле агресивни, се расправале […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:01
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод пресудата на поранешниот генерал Ратко Младиќ порачал на граѓаните на Србија дека мора да почнат да гледаат во иднината. – Јас сум претседател на Србија и немам право да толкувам неправосилни пресуди. Знам дека емоциите зовреа во регионот, Србија жали за жртвите и ги почитува загубите, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 16:59
•
Posted by: MK News
Вчера околу 21,40 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„24-ти Октомври“, додека Р.М. (80) се движела по тротоарот од зад грб била физички нападната од непознато женско лице, кое и ја одзело чантата и го напуштило местото на настанот Р.М. почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 16:59
•
Posted by: MK News
Синоќа во 21,50 часот во ПС-Кисела Вода, Р.И. (45), пријавил дека околу 21,30 часот неговата ќерка А.И.(19) му кажала дека на нејзиниот мобилен телефон и се јавило лицето Н.Х. (25) и ја прашал каде е нејзината 13-годишна сестра. Пријавителот се јавил на телефонскиот број од кој била повикана А.И. по што Н.Х. му одговорил дека […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 16:56
•
Posted by: MK News
Едно лице е повредено откако автомобил излетал од автопатот Скопје-Велес, дознава Курир. Од полицијата за Курир ја потврдуваат сообраќајната несреќа, истакнувајќи дека истата се случила денес околу 10 часот во близина на тунелот Бадар, кога автомобил „Сеат Кордоба“ управуван од засега непознато машко лице, излетал од автопатот. Возачот бил изваден од возилото и со хеликоптер […]
______________________________________________________________________________________________________