22/11/2017 16:55
•
Posted by: MK News
Билјана М. (30) убиена е вчера околу 19 часот во станот во кој живеела со нејзиниот сопруг Синиша Р. (50) во Панчево, и тоа само по 20 дена откако станале родители. За убиството се сомничи нејзин 20 години постар партнер, кој наводно после расправија под дејство на алкохол со нож и задал смртоносен убод во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 16:53
•
Posted by: MK News
Судот го осудува г-динот Ратко Младиќ на казна доживотен затврот. Злосторствата кои се извршени спаѓаат меЃу најстрашните злостросрвата познати на човештвото, вклучуваат геноцид и истребување како злосторство против човештовото, објави судијата Алфонс Орие. Пресудата, екс генералот на Босанските Срби Ратко Младиќ ја слушна надвор од судницата. Беше остранет од неа откако почна гласно да протестира […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 16:51
•
Posted by: MK News
Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. кое се случи во Гевгелија. Банална расправија за мобилен телефон била причината поради која дошло до караница и која на крај завршила со трагичен епилог. Од СВР Струмица информираа дека за убиството се осомничени две лица од Гевгелија против кои се поднесени и кривични пријави. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 22:03
•
Posted by: MK News
Во врска со информацијата која ја објавија медиумите дека македонски оператори наплаќале на македонски корисници како да вртеле во роаминг, а додека биле на територијата на Македонија, ПРИСТИГНА ОБЈАСНУВАЊЕ што точно се случувало од Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК). Според пишувањата вакви случаи најмногу имало од операторот ВИП. Ја објавуваме информацијата од АЕК во целост Во […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:42
•
Posted by: MK News
Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта, рече денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот. Тој додаде дека Градот има […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:34
•
Posted by: MK News
Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката, пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од секретаријатот на БПЦ за бугарски „Дневник“ изјавиле дека предлогот најверојатно ќе биде разгледан на седницата закажана за 27 ноември, но […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:32
•
Posted by: MK News
Очекувам дека мојата земја и пред 2025 година да стане дел од Европската унија но тоа зависи од интензитетот на нашата работа. Со 19 странски компании сме во преговори со дел од нив потпишуваме договори најголем дел од нив се од земји од ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев на средба со еврокомесарот за проширување […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:26
•
Posted by: MK News
Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 километри јужно од Москва, Наталија Власова на лотарија освои половина милијарда рубљи (7,2 милиони евра), што е најголема добивка во историјата на Русија. Куриозитет е тоа што таа за премијата дознала седум дена по извлекувањето и тоа благодарение на нејзината внука, која го проверила лозот. Иако наградата е релативно […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:23
•
Posted by: MK News
Италијанскиот мафијаш, поранешен шеф на „Коза Ностра“ Тото Риина, почина на 87-годишна возраст во италијанскиот град Парма. Нарекуван со прекарите „Ѕвер“, поради вродената суровост, и „Ситниот“, поради нискиот раст, Тото Салваторе Риина беше уапсен на 15 јануари 1993 година и осуден на доживотен затвор за повеќе кривични дела, вклучително и за организирање на убиствата на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:22
•
Posted by: MK News
Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чарлс Менсон, почина денеска во болница во Коркоран во Калифорнија на 83-годишна возраст. Менсон беше осуден на доживотен затвор за морничавиот масакр што неговите следбеници го извршја во 1969 година во куќата на режисерот Роман Полански. Како неуспешен музичар со долго криминално досие од млади години, Менсон формирал сатанистички […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:20
•
Posted by: MK News
На 19.11.2017 година околу 17:00 часот било пријавено дека во студентски дом „Гоце Делчев“, лицето М.Ѓ. физички ја малтретирал Д.Т. (21) од Радовиш. Тој ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигара и и упатил повеќе навредливи зборови. Притоа, Д.Т. се здобила со изгореница на десната рака. Се преземаат мерки за […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:18
•
Posted by: MK News
Јана Новотна една од најдобрите чешки тенисерки на сите времиња и поранешната шампионка на Вимблдон од 1998 година, почина на 49-годишна возраст. Чешката тенисерка долго се бореше со рак, и на крајот, ја загуби битката. Новотна беше една од најдобрите светски тенисерки во последната деценија од минатиот век и освои вкупно 24 титули. Највредната е […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:17
•
Posted by: MK News
Во Секторот за внатрешни работи-Скопје, пријавено е дека во Ургентниот Центар 36- годишна скопјанка го донела своето осум годишно дете со наводно објаснување дека детето било злоставувано од неговиот татко. Од страна на полициски службеници извршени се разговори, врз детето е извршен лекарски преглед и констатирано е дека нема повреди. Се преземаат мерки за целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:16
•
Posted by: MK News
Синоќа по 18 часот на булевар „Партизански одреди“ извршени се две разбојништва во кои со закана со нож се одземени пари и часовник. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18,20 часот пријавено e дека во Скопје на бул.“Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:15
•
Posted by: MK News
Три деца од две училишта во скопската населба Ѓорче Петров се разболеле од заразната жолтица А, објавува Факултети.мк.Епидемиолозите од скопскиот Центар за јавно здравје, велат дека случаите се неповрзани, односно децата не се разболеле едно од друго. За да не се шири хепатитисот во училиштата се преземаат вонредни хигиенски мерки, а направена е и дезинфекција. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 22:30
•
Posted by: MK News
Македонија ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“ следната година. Тоа е резултат од успешните преговори помеѓу МРТ и Португалската радио-телевизија. Нашата земја ќе биде 43 земја учеснички. ЕБУ претходно соопшти дека МРТ е оневозможена да учествува на изборот за песна „Евровизија 2018“ поради санкција за неплатен долг. Двете полуфинални вечери на натпреварот се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 22:29
•
Posted by: MK News
Модниот креатор Азедин Алаја, родум од Тунис, почина на 77 години. Тој е креаторот кој облекуваше многу од популарните ликови во Холивуд. На неговиот моден стил не беа имуни ни дамите од Белата куќа. Алаја со децении беше фален ширум Париз и покрај тоа што не учествуваше на модните ревии ниту водел впечатливи кампањи.Меѓу омилените […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 22:27
•
Posted by: MK News
Хашкиот трибунал, Република Српска и Србија досега платиле околу два милиони евра за одбраната на Ратко Младиќ, за посетите на членовите од неговото семејство во притворското одделение во Шевенинген, објави БИРН БиХ. Во оваа сума влегуваат и средствата што Србија и Република Српска му ги исплатиле лично на Младиќ.Експертите го нарекуваат предметот на Младиќ најтежок, […]
______________________________________________________________________________________________________