Archive by Author

Судењето за „Диво Насеље“ чини 1,3 милиони евра

Вкупно милион и тристе илјади евра на македонска држава треба да вратат 33 сега веќе осудени терористи од кумановскиот случај „Диво Насеље“. Сумата опфаќа трошоци за бензин, судски трошоци, судски преведувачи, керозин за хеликоптерите на МВР, за обдукциите, преведувачи и здравствени услуги. Шестнаесет од осудените по правосилноста на пресудата ќе бидат протерани од Македонија и […]

______________________________________________________________________________________________________

Донесена пресудата за милионскиот грабеж во Тутунска банка

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна. На првообвинетиот Бобан Смилевски денеска му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинениот Борис Мичевски пет години и два месеца, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден мртов маж во апартман во Скопје

Четириесет и четири годишниот М.М. од Италија вчера попладне бил пронајден мртов во изнајмен апартман во Скопје на улицата „Томе Арсовски“. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. На телото на починатиот немало видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на Италијанецот ќе биде предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува драстична промена на времето

Променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, особено во западните и северните делови, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб повремено умерен северозападен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во ноќните часови. Максималната температура ќе биде во […]

______________________________________________________________________________________________________

Изречена и осмата доживотна казна затвор за „Дива населба“

Основниот суд Скопје 1 денеска ја изрече и последната пресуда за случајот „Диво насеље“. Доживотна казна затвор му е изречена за Сулејман Османи од село Брест, еден од организаторите на насилствата во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили. Сулејман Османи од село Брест во судница […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Со експлозив нареден на половината дошол пред скопскиот Суд – полицијата го приведе

Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица. Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими […]

______________________________________________________________________________________________________

Седум доживотни и 27 долгогодишни затворски казни за Диво насеље

Седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, им одреди денеска Кривичниот суд на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските […]

______________________________________________________________________________________________________

На Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство за случајот „Тврдина 2“

На првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“ Горан Грујевски, поранешен началник во УБК, ќе му се суди во отсуство, одлучи денеска судијката Лидија Петровска. На денешната главна расправа по овој предмет, Петровска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција […]

______________________________________________________________________________________________________

Последната жртва на украинската богаташка: Дијана погребана во венчаницата во која требало да се омажи

22-годишната Дијана Берченко загинала пред две седмици, кога била згазена од 20-годишната Алена Зајцева, ќерка на украински тајкун. Зајцева под дејство на алкохол, минала на црвено светло и ги “покосила” пешаците на тротоарот со својот автомобил “Lexus” во центарот на Харков. Убила шест лица. Несреќната Дијана до неодамна планирала венчавка, а сега, ја погребале во […]

______________________________________________________________________________________________________

Терористот од Менхетн бара да му стават знаме на ИСИС во болницата: Трамп бара смртна казна!

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес повикал обвинетиот за нападот со “пик-апот” на Менхетн во Њујорк, во кој загинале осум лица, да биде осуден на смртна казна. “Терористот од Њујорк бил среќен кога барал да стави знаме на Исламската држава во својата соба во болницата. Тој уби осум лица, тешко повреди 12. Треба да добие смртна […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема притвор за Сокол Митровски- Судот му го одзеде пасошот

Кривичниот суд го прифати предлогот на скопското обвинителство и му го одзеде пасошот на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, и на уште пет негови соработници, потврдија од Судот. Според одлуката, на Митровски и петтемина соработници им е забрането и да го напуштат Скопје и имаат обврска да се јавуваат во судот. Основното […]

______________________________________________________________________________________________________

Не пиел, не пушел, доживеал срцев удар, паднал во кома и се разбудил: Голманот Ѓукановиќ со порака за фановите

Поранешниот српски репрезентативен голман, Славиша Ѓукановиќ доживеал срцев удар на тренингот на неговиот актуелен клуб, францускиот прволигаш Аикс. Голманот кој има полни 38 години бил итно префрлен во болница во Марсеј, а докторите потврдиле дека бил во сериозна ситуација и дека паднал во кома. Сепак, благодарение на физичката спремност на голманот и итната интервенција на […]

______________________________________________________________________________________________________

Дастин Хофман обвинет за сексуално вознемирување

Писателката Ана Грем Хантер, го обвинила Дастин Хофман дека сексуално ја вознемирувал во 1985-тата година, на снимањето на телевискиот филм “Death of a Salesman”, кога имала само 17 години. Во колумната во “The Hollywood Reporter”, Хантер приложила писма до нејзината сестра од таа година, во кои ги опишувала нападите на Хофман и дополнително опишала што […]

______________________________________________________________________________________________________

Што вели црквата: Дали треба или не, да се раздава храна на Задушница?

Во спомен на починатите, православните верници ја одбележуваат Задушница, еден од најголемите христијански празници. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајна несреќа кај Велес – повредено четиригодишно дете

Четири годишно дете се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 8 часот и 50 минути се случила на магистралниот пат Велес-село Извор. Според информациите од полицијата во несреќата учествувале автомобил „Фиат Пунто“ управуван од 33-годишниот Т.М. од село Горно Јаболчиште и автомобил „Митцубиши“ управуван од 26-годишниот М.С. Во несреќата со тешки […]

______________________________________________________________________________________________________

По Нова Година поскапување на сите производи во маркетите низ Македонија

Покачувањето на акцизата на нафтата која од наредната година ќе ја дигне цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар ќе биде вистински ценовен шок за граѓаните.Покрај тоа што ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил, ќе се покачат и цените на сите останати производи, бидејќи најголем дел од […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата ќе го отповика почесниот конзул во Барселона, осомничен дека си ги убил близнаците

Владата го усвои предлогот на МНР за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, со образложение дека против него е поведена кривична постапка што преставува пречка за натамошно извршување на функцијата. Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус во април годинава е уапсен во Кејп Таун, Јужна Африка, под […]

______________________________________________________________________________________________________

Дизелот ќе поскапи за 3,54

Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП.Овие мерки предложени од Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1