Archive by Author

Под истрага се двајца функционери на власта, а не членови на Владата

– Се води истрага против двајца високи претставници на власта по дојава од граѓани за корупција, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на панел дебата на Самитот Македонија 2025. – Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество. Но, исто така, […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска ќе се донесе пресудата за „Дива населба“

Засилено полициско присуство е забележливо претпладенво пред и во Кривичниот суд каде што денеска треба да биде соопштена пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили. Сообраќајот пред судот се пренсочува, а повремено надлетуваат и полициски хеликоптери. Пресудата за овој случај требаше да […]

______________________________________________________________________________________________________

Сокол Митровски доби домашен притвор

Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, утринава беше приведен, заедно со уште осум лица кои постапиле незаконски и злоупотребиле службена положба и овластување за градење објекти и доделување правен статус на бесправни градби во висина од 4.100.090 денари. На поранешниот градоначалник му е одреден домашен притвор. На сите обвинети им се одземени и пасошите.

______________________________________________________________________________________________________

Славиша Ѓукановиќ се разбуди од кома

Српскиот ракометен голман Славиша Ѓукановиќ се разбуди од вештачката кома во текот на денешниот ден. Ѓукановиќ во понеделникот доживеа срцев удар за време на тренинг, а од вчера беше во кома. Претставници на неговиот клуб Пеј Д‘Екс од Франција соопштија дека состојбата на Ѓукановиќ е стабилна. Голманот има 38 години и на последното Европско првенство […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО нареди истрага против 9мина за легализација на дивоградби, се бара куќен притвор

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за истрага против девет лица осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Седумгодишно девојче им побегна на родителите и се качи во авион

Седумгодишно девојче им побегнало на родителите недалеку од главната железничка станица во Женева, се качила во воз кој одел кон женевскиот аеродром и влегла во авион иако немала билет. Родителите веднаш ја алармирале швајцарската полиција, која го следела нејзиното бегство со помош на безбедносни видео-камери, соопшти портпаролот на аеродромот Бертранд Стемпфли. Младата авантуристка успеала незабележано […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен екс градоначалникот на општина Ѓорче Петров

Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава МИА од полициски извори. Според првичните сознанија, што беа споделени во одреднеи медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под […]

______________________________________________________________________________________________________

Ангела од келнерка до најмоќна жена на светот

Озлогласената источногерманска служба Штази во текот на 80-тите години неуспешно се обидела да ја регрутира за свој агент. Десет пати угледниот “Forbes” ја одбрал Ангела Меркел, германската канцеларка, за најмоќна жена на светот. Медиумите одамна и го дале прекарот “железната фрау”, додека Германците едноставно ја нарекуваат “мути”, што значи мама. Ангела Доротеа Меркел, како што […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: Прво му почина сопругата, па девојката, а сега и тој со новата девојка

Во авионска несреќа што во саботата се случи над градот Порт Маквори во Австралија загинаа бизнисменот Грант Барли и неговата девојка Авионот марка Цесна 310 се урна во саботата попладне во близина на државниот автопат, а неговите остатоци се пронајдени на околу 400 километри северно од Сиднеј. Барли (51) пред 3 години остана без сопругата […]

______________________________________________________________________________________________________

Руска двојка канибали изела над 30 луѓе од 1999

Двојка канибали, најверојатно, се одговорни за 30 ужасни убиства во Краснодарскиот Регион во Русија, објавија локалните медиуми цитирајќи ја полицијата. Делови од некои од жртвите, според информациите, биле складирани за подоцнежна консумација, пренесе „Раша тудеј“. Маж и жена биле уапсени под сомнение дека се одговорни за 30 смртни случаи, иако полицијата досега може да идентификува […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е монструмот кои косеше луѓе на Менхетен

На интернет се појави снимка за која се тврди дека на неа се наоѓа напаѓачот кој денеска влетал со камион меѓу минувачите на велосипетската стаза во Менхетен и усмрти најмалку 8 луѓе. Инцидентот се случил во близина на седиштето на локалната власт на Њујорк, област која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар. Најмалку осум […]

______________________________________________________________________________________________________

Расте бројот на жртви на Менхетен

Најмалку осум лица загинаа, а околу 15 се повредени на Менхетн во Њујорк, кога камионет движејќи се во спротивна насока на велосипедска патека прегази неколку луѓе, пред да удри во друго возило. Њујоршката полиција соопшти дека по судирот возачот излегол од возилото и извадил имитација на огнено оружје, по што бил застрелан од полицајци и […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавена е првата фотографија од возачот на камион кој изврши напад во Њујорк

Објавена е првата фотографија од возачот на камионот кој влетал во велосипедисти во Менхетен, Њујорк. Станува збор за Сајфуло Саипов (29) кој доаѓал од Тампа, Флорида. Осомничениот со камион влетал во велосипедската патека во Менхетен на улицата Хјустон. Бројот на жртви се зголемил на 8, а 11 лица се повредени. Автобус му го попречил патот […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезната жена пронајдена по 42 години! Отишла на лекар – па ѝ се губи секаква трага

78-годишната Флора Стивенс исчезнала пред 42 години во Њујорк, и од тогаш никој не слушнал за неа. Оваа седмица ја пронашле во една установа за постари и немоќни, потврдиле властите. Флора Стивенс пати од деменција, па полицијата не можела да каже каде живеела сите овие години. Нејзиниот сопруг во август 1975-тата година ја однел на […]

______________________________________________________________________________________________________

Трудница отишла на ултразвук, а откако го видела лицето на своето бебе сите ѝ рекле да абортира

“Тоа е најстрашната работа која сум ја видела во животот”, рекла идната мајка. Трудницата Шарни Тарнер објавила фотографија од ултразвукот на своето бебе со која ја шокирала јавноста. Имено, на ултразвукот се гледала главата на бебето коja наликувала на мртoвечки череп. „Техничарот на ултразвук одлучи да направи снимка од лицето на детето од предната страна […]

______________________________________________________________________________________________________

ИСИЛ подготвува убиство врз малиот принц Џорџ – кралското семејство во паника

Исламистите повторно испратиле порака во која велат дека ниту еден член од кралското семејство нема да биде сигурен. Британските медиуми јавуваат дека британските тајни служби добиле информации дека Исламската држава подготвува напад на 4-годишниот принц Џорџ. Синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пред еден месец тргна на училиште и постои сомнение дека токму училиштето […]

______________________________________________________________________________________________________

Во сабота е Задушница: Запалете свеќа

Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановец го убил пријателот па го фрлил во бунар – ќе лежи 8 години

Денес Основниот суд Куманово донесе пресуда со која се казнува со 8 години затвор Даниел Д.(30), кој го убил Бојан Илиевски (31), а потоа го фрлил во бунар на периферијата на Куманово. Убиството според обвинителството се случило на 26 јуни минатата година по полноќ, кога двајцата другари Даниел и Бојан, по посета на неколку угостителски […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1