Archive by Author

Експлозија: Полиен со бензин и запален џипот на таткото на Боки 13

Ноќеска околу 2 часот на улицата Варшавска во Тафталиџе во која живеат родителите на Боки 13 засега непознато лице го полило со бензин џипот бмв 5 на неговиот таткото на Боки и го запалило. – јавува Либертас. Експлозија ги разбудила нив и комшиите но џипот целосно изгорел. Од крим техника направиле увид а ги провериле […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија: Прегазено 4 годишно дете

Четири годишно дете е тешко повредено откако вчера утрината било прегазено од комбе на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево. Од полицијата информираат дека во момчето удрило комбе „Фолксваген крафтер “ управувано од 22-годишниот Д.А. од Кичево. Детето со тешки повреди било пренесено во медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлено во охридската болница „Св.Еразмо“. […]

______________________________________________________________________________________________________

Босна: Погледнете што откри овој археолог

Археологот Семир Османовиќ тврди дека пронашол необична карпеста форма во обилк на совршена топка во шумата кај Завидовиќ ( Босна и Херцеговина) и верува дека тоа е најстарата скулптура направена од човечка рака. Исто така, тврди дека тоа е доказ дека најстарата европска цивилизација има потекло од Босна. Тој нема никаков доказ дека оваа топка […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во семејната куќа на Владо Мисајловски во Ѓорче Петров

Пожар избувнал изутрината околу девет часот куќа во населбата Ѓорче Петров, во кој биле зафатени спрат од куќата и покривна конструкција. Во пожарот нема повредени лица. Дел од медиумите објавија информации дека станува збор за семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. Како што […]

______________________________________________________________________________________________________

Метеоролозите најавија снег во Македонија

Според најавите на метеоролозите, до петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд. Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Скопје

Во периодот од 23.00 часот на 01.10 до 10 часот и 30 минути вчера на улица „Орце Николов“ во Скопје, непознат сторител испукал неколку проектили од огнено оружје кон паркирано патничко возило „Порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Т. од Скопје. Од проектилите било оштетено ветробранското стакло и дел од хаубата. Увид на местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Хју Хефнер погребан покрај Мерилин Монро

Легендарниот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер, е погребан во саботата на 30 септември, напладне, на гробиштата „Вествуд спомен-паркот“ во Лос Анџелес, веднаш покрај прочуената Мерилин Монро. На последното испраќање на Хју Хефнер не дојде ниту една од силните убавици со кои „Плејбој“ беше основан во изминатите неколку децении, туку само неговите четири деца: ќерката Кристи […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец во Данска осуден на доживотен затвор за двојно убиство по 33 години сака да се врати во Македонија

Во 1984 година, тогаш како државјанин на Југославија, македонецот Наум Цоневски убил двајца млади во Феморен, на островот Амагер во Копенхаген. Врховниот суд на Данска денеска треба да ја разгледа неговата жалба за пуштање од затвор. Откако градскиот суд во Копенхаген ја одбил молбата на Цоневски да биде пуштен во април, сега повисокиот суд треба […]

______________________________________________________________________________________________________

Брнабиќ носи писмо во Брисел: Што е разликата помеѓу Каталонија и Косово?

Српската премиерка Ана Брнабиќ по итните консултации на српската влада и српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се обрати до Европската комисија поради ставот дека случаите на Каталонија и Косово не можат да се споредуваат. Таа најави и прашање за Брисел кое лично ќе им го постави-дали за ЕУ е важно меѓународното право […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Во Србија пристигнаа првите два руски ловци „миг-29“

Првите два од вкупно шест руски ловци „миг-29“ денеска пристигнаа во Србија. Новите авиони ќе бидат претставени на 20. октомври. На српската војска во следните неколку дена ќе ѝ бидат испорачани вкупно шест ловци „миг-29“, со резервни делови, уреди, алати и вооружување. Авионот „Ан-124 руслан“ на руската авиокопманија „Волга Дњепар“ во кој биле сместени првите […]

______________________________________________________________________________________________________

Српската Влада даде гаранции за времено пуштање на слобода на Ратко Младиќ

Српската Влада даде гаранции за привремено пуштање на слобода до изрекување на пресудата на поранешниот воен лидер на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ. Како што јави Танјуг, српското Министерство за правда испратило гаранции до хашкиот Трибунал за воени злосторства дека Младиќ нема да побегне доколку му биде дозволено да се врати во Србија до изрекувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштво за нападот врз Бајрам: Подготвени со шипки и секири не чекаа на улицата

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од Коалицијата „За подобра Македонија“, Елвис Бајрам бил нападнат за време на партиски активности во општината со кандидатите за советници, вели Аднан Мемет кој бил со него за време на нападот. -На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа […]

______________________________________________________________________________________________________

„Мила, сега повеќе ништо не боли“ – колегите се простија од пејачката Дона Арес

Колегите и пријателите се простуваат од пејачката Дона Арес која почина денеска по долгата и тешка болест. Пејачката која во 2005 година го испеа најголемиот хит на годината „То ми није требало“, почина денеска на 40-годишна возраст. Дона со години наназад ја водеше најтешката борба. Ракот се врати на почетокот на оваа година и тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Престрелка во Шутка, повреден синот на Амди Бајрам – Син ми е удрен со секира и со шипка по глава

Градоначалникот на општината Шуто Орузари, кој е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, е претепан со метални шипки и со тешки повреди и во безсознание е однесен во болница. Пратеникот Амди Бајрам во кругот на Градската болница „8 Септември“ видно вознемирен чекаше […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Во Шуто Оризари се степале две групи на граѓани

Денеска околу 18 часот на улица Гвадалахара во скопската општина Шуто Оризари настанала меѓусебна тепачка меѓу две групи на граѓани, информира МВР. Екипи на СВР Скопје веднаш се упатиле на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

______________________________________________________________________________________________________

Вооружен маж уби над 50 лица во Лас Вегас на концерт на кантри музика

Концерт на кантри музика во американскиот град Лас Вегас заврши трагично за најмалку 50 лица додека над 200 се повредени. Над 30 000 илјади биле присутни на концертот на отворено кога од засега непознати причини кон нив било пукано од блискиот хотел Манделеј Беј. За брзо време напаѓачот бил убиен од страна на полицијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Нема информации за поврдени Македонци во Лас Вегас

Засега нема информации за загинати или повредени македонски државјани во нападот што се случи денеска на фестивал во Лас Вегас, изјавија за МИА од македонското Министерство за надворешни работи. Соопштение со повеќе информации МНР најавува подоцна во текот на денот. Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а 406 се повредени […]

______________________________________________________________________________________________________

23 кандидати на огласот за нов републички јавен обвинител

23 кандидати официјално се во трката за местото Државен јавен обвинител. Собранието ги прими апликациите за огласот кој беше распишан на 14 септември а заврши во петокот. Најголем број од пријавените се адвокати, судии и јавни обвинители. Нивните аплиукации најдоцна утре ќе бидат доставени до Владата која е обврзана да побара мислење од Советот на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1