Archive by Author

Силно невреме го зафати Охрид

Нестабилноста која доцна попладнево го зафати охридско-преспанскиот регион и која беше поизразена на планината Галичица предизвика краткотрајно невреме и во Охрид. Околу 19 часот за кратко време наврнаа 18 литри/м2 дожд, а имаше и појава на град со големина на леблебија, информираат од УХМР. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од невремето кое го зафати […]

______________________________________________________________________________________________________

Пилатес-Инструкторката Ирина ќе биде испратена во вечниот дом

Трагична вест вчера ја потресе Македонија, за смртта на познатата пилатес-инструкторка Ирина Митеска. Погребот денеска ќе биде извршен во 15 часот на Градските Гробишта Бутел, а претходно посмртните останки во 14 часот ќе бидат во капелата. Пилатес-инструкторката зад себе остави шестгодишно синче.

______________________________________________________________________________________________________

Еве какво време не очекува за продолжениот викенд

Петок 2 јуни 2017 година, пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.ac Оттаму додаваат дека неработниот ден е согласно Законот за празниците на Република Македонија. Тоа значи дека добиваме продолжен викенд наредната недела. За жал, времето нема да ни се погоди. До четврток ќе преовладува […]

______________________________________________________________________________________________________

Не издржа – Почина девојката во која беше пукано на бензиска

Кристина Каплановиќ (19) од Нова Варош која беше тешко ранета на бензиска пумпа кога разбојник и пукал во главата и тоа поради 10.000 динари починала вчера во Белград во 18:30 часот по четиридневна борба на лекарите да и го спасат животот. Според извори на телеграф.рс, девојката пред школувањето живеела со родителите и сестрата во Нова […]

______________________________________________________________________________________________________

БЕСА: Владата на Заев е полна со корупција и криминал

Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА денеска од Собраниската говорница обвини дека владата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е полна со корупција и криминал. Тој го праша Заев каква машина за перење има со која ги пере корумпираните и инкриминираните. -Господине Зев, граѓаните сакаат да знаат зошто Катица Јанева досега нема покрената ниту една тужба […]

______________________________________________________________________________________________________

Катарина Ивановска стана мајка

Манекенката Катарина Ивановска пред неполни два часа на свет го донесе синот Вања. Породувањето поминало како што треба и двајцата се чувствуваат одлично. Ова е прво дете за Ивановска и нејзиниот избраник Цобе со кого е заедно неколку години.

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Србија не планира да влегува во НАТО

Србија не планира да влегува во НАТО, денеска во интервју за телевизијата Пинк изјави српскиот премиер и новоизбран претседател, Александар Вучиќ, соопшти Танјуг.-Учествував во работата на Советот на НАТО и на сите им кажав дека ние немаме таков стремеж (да влеземе во Алијансата). Ние се стремиме да бидеме воено неутрални, да бидеме надвор од сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Аријана се враќа на местото на масакрот

Американската пејачка Аријана Гранде, чиј концерт во Манчестер заврши со терористички напад во кој загинаа 22 лица, планира да се врати во англискиот град и да одржи хуманитарен концерт. Парите од концертот на Аријана ќе биле наменети за семејствата и жртвите во нападот. Во подолга изјава на Твитер пејачката посочила дека планира да се врати […]

______________________________________________________________________________________________________

Изчезнаа 15-годишна штитеничка и 17-годишно девојче

Пред три денаво од Домот „25-ти Мај“ околу 13.30 часот од непознати причини, се оддалечила нивна 15-годишна штитеничка од Скопје. Случајот вчера во полиција го пријавил социјален работник. Денеска утрово во 04 часот, 36-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 12 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 17-годишна ќерка.

______________________________________________________________________________________________________

Македонската амбасадорка повикана во српското МНР

Амбасадорката на Македонија во Србија, Вера Јовановска Типко ќе биде денеска повикана во Министерството за надворешни работи на Србија. Танјуг објавува дека амбасадорката била повикана да даде објаснување за прислушувањето на српските дипломати и новинари, како и претставниците на Србите во Македонија. Од неа, како што јавува Танјуг, исто така ќе биде побарано објаснување за […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери го караше Влатко Ѓорчев

Спикерот на македонскиот Парламент цели 3 минути мораше да го кара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој  се обиде да говори од собраниската говорница. – Влатко седни си на место. Влатко, те молам седни си, кога ќе добиеш збор тогаш ќе говориш. Немаш право да си на говорница без јас да ти дозволам – му […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшно невреме ја погоди Москва: Загинаа 13 лица, а повеќе од 150 се повредени (ВИДЕО)

Во големото невреме кое вчера попладне ја погоди Москва загинаа 13 лица, а 170 се повредени. Како што кажа претставникот на градските власти задолжен за здравство Алексеј Крипун, хоспитализирани се скоро 150 повредени. -Вкупно 168 луѓе побарале лекарска помош, од кои 146 се примени во 15 болници во Москва, наведе тој. Во текот на ноќта […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ поднесе оставка на местото претседател на српската Влада

Александар Вучиќ денеска на претседателката на српското Собранието, Маја Гојковиќ, и ја предал оставката од премиерската функција. Во образложението на оставката се наведува дека тоа го сторил затоа што стапува на фукцијата претседател на Република Србија. На оставката е наведен 30 мај како датум на поднесувањето. Собранието оставката ќе ја констатира утре во 11 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж силувал 44-годишна жена која му била роднина

Четириесет и седум годишен маж од село Сарај во општина Босилово, пред две недели силувал 44-годишна жена, која му била роднина.Мајката на жената дури вчера го пријавила случајот во струмичката полиција. Во струмичката болница на жената и бил извршен гинеколошки преглед, а силувачот е уапсен.

______________________________________________________________________________________________________

Ненадејно почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје

Сосема неочекувано рано утрово почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје – Ирина Митевска (41). Важеше за една од првите кои во Скопје го промовираа пилатесот. Засега нема информации која е причината за смртта, но нејзините пријатели веќе се збогуваат од неа преку социјалните мрежи. Ирина беше самохрана мајка и зад себе остави […]

______________________________________________________________________________________________________

Се одложи седницата за доживотните затворски казни за „Монструм“

Поради отсуство на адвокатот Насер Рауфи, Врховниот суд ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, каде требаше да се одлучува за доживотните затворски казни на петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Пред одложувањето јавната обвинитекал Лилјана Спасовска побара од судот и судијата да ја одложат јавната седница на подолго време и како нивна обврска од Законот […]

______________________________________________________________________________________________________

Идните министри и Тодоров овозможија влез на седуммина нови пратеници

Листата на пратеници се менува по влегувањето на шестмина народни избраници од СДСМ во извршната власт и по откажувањето од пратеничкиот мандат на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ. Според практиката, на нивно место во законодавната власт влегуваат наредните од листите за пратеници во Собранието. На местото на Дамјан Манчевски, кој е кандидат за министер за информатичко […]

______________________________________________________________________________________________________

Вознемирувачко: 10-годишно дете излета од тобоган во аква парк

Десетгодишното момче испадна од воден тобоган на денот на отворањето на новиот аква парк во Калифорнија вреден 43 милиони долари. Повеќе од еден час откако беше отворен „The Wave“ аква паркот во Дубаи во Калифорнија, се случи инцидент поради што веднаш беше затворен, пишува „Daily Mail“. Момчето кое испадна од тобоганот кој е висок три […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1