01/12/2018 16:19
•
Posted by: MK News
Три лица се уапсени и задржани во полиција по синоќешната престрелка во Тетово. На инцидентот му предходела расправија во едно од казината во центарот, помеѓу 34 годишен тетовец од една страна, и уште две 43 годишни лица, едниот исто од Тетово, другиот од Лавце. Откако излегле надвор, започнало пукањето. Во синоќешната престрелка во строгиот центар […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:38
•
Posted by: MK News
Во вторникот во 13.50 часот било пријавено дека Б.Т. истиот ден околу 13,00 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје била касната од куче. Исто така вчера, А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија“ во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:37
•
Posted by: MK News
Возилото на сопругата на поранешниот шеф на УБК, Миле Зечевиќ, синоќа целосно изгорело во пожар. Автомобилот Тојота Корола бил паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1, пред куќата во која живее Зечевиќ со семејството. Миле Зечевиќ во моментов е член на Централен одбор на СДСМ. Во 2006 година беше директор на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2018 14:58
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 2 т.2 во врска со чл.19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:47
•
Posted by: MK News
Вчера вечер насилно е обиен домот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, јави Слободен Печат. Случајот е пријавен во полиција и од таму велат: – Пријавено е дека во стан на бул. 11 Октомври во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, но до сега нема пријавено дека […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:30
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете Поради основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во повеќе наврати, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како родител, го запуштила своето […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:09
•
Posted by: MK News
Соопштението на МВР следи во целост. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 17:02
•
Posted by: MK News
Во вторникот, во 12 часот во Полициската станица Центар, Л.К.М.(22), пријавила обид за силување од такси возач. Имено, според нејзината пријава таксистот во неделата околу 00,30 часот во Скопје, се обидел да ја силува, но тој не успеал во намерата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 15:03
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 18,20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во Туристичката агенција „Атлантис“ засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари Тој влегол во просторијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец. Сторителот полицијата го сомничи за кривично дело […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 21:06
•
Posted by: MK News
СВР Тетово поднесе кривична пријава против триесетгодишна жителка на струшкото село Горно Татеши поради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Таа на 17 септември годинава на социјалните мрежи Фејбук и Инстаграм креирала лажни профили на име на 36-годишниот С.З. од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин” Дејан Павлов за МИА потврдува дека 15-годишното момче синоќа во Клиничкиот центар во Скопје по неколкуте операции на главата и на градите починал. Посмртните останки на Седат ќе бидат погребани […]
______________________________________________________________________________________________________
19/11/2018 11:22
•
Posted by: MK News
Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара, објави Курир.мк . Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара. Италијанската полиција извести дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:10
•
Posted by: MK News
Тртиесет и четири годишен скопјанец останал без својот џип „Форд Куга” кога застанал на булеварот „Партизански одреди”, го оставил да работи и отишол да купи производи во маркет. Неговото невнимание го искористиле две машки лица кои влегле во џипот и го напуштиле местото на настанот. Од полцијата соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2018 16:50
•
Posted by: MK News
Скопски таксист бил претепан и ограбен, вчера во населбата Аеродром, информираше МВР. На 16.11.2018 година во 22.25 часот вработен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, телефонски пријавил дека бил донесен А.М.(47), кој од страна на непознато лице бил повреден, велат од МВР. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 19.15 часот на булевар АВНОЈ. Таксистот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2018 16:49
•
Posted by: MK News
Камион за смет на Комунална хигиена Скопје бил украден додека бил на сервис, јавува СДК. Според информациите, камионот бил украден од гаражата на сервисот додека тој не работел. Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавен овој случај и работат на негово расчистување. „На 12 ноември е пријавено во полициска станица дека […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2018 16:43
•
Posted by: MK News
Албанската полиција уапси девет лица, меѓу нив и еден македонски државјанин и петмина цариници од преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, поради шверц на употребени гуми за возила. Македонскиот државјанин Стојмир Тренески (42) од Охрид, кој управувал со камион натоварен со 2.100 груми, бил запрен на патниот правец Подградец-Малиќ, во близина на селото Собјан, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе денеска Основниот суд во Тетово. Копривњак беше обвинет од Јавното обвинителство за тешки дела против здравјето на луѓето, а во врска со смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска во август 2015-тата година. Според судијата Садула Изаири, ослободителната пресуда била донесена по прегледот на сите докази, a клучна улога […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи соопшти детали за синоќешниот инцидент на Клиниката за токсикологија, кога пациент направил инцидент во болницата. Како што било пријавено во полиција, во 18:55 часот во Полициската станица Центар, медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека З.Т., кој бил донесен во алкохолизирана состојба на клиниката, по […]
______________________________________________________________________________________________________