13/12/2013 15:31
•
Posted by: MK News
10 илјади денари, со толку пари избегал крадецот кој вчера ја ограби трафиката „Каза Кико компани“ во скопската населба Ѓорче Петров. Под закана со пиштол, околу 19 часот, засега непознатиот сторител, ја принудил вработената во киоскот да му ги даде парите од дневниот промет, информираат од полиција. Кога го добил тоа што го барал, непознатиот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Трагедија во прилепското семејство Чапоски. Од плин во семејната куќа во населбата Старо Корзо вечерва се задушил 54 – годишниот Драган Чапоски, болничар во општата болница во Прилеп. Лекарите се борат за животот на неговата сопруга, додека синот, снаата и внучето по укажаната помош се во добра здравствена состојба. Благодарение на брзата интервенција на професионалната […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Дебарската полиција поднесе кривична пријава против Н.Ш.(55) од с.Голем Папрадник-Центар Жупа, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот 2004-2009 година за изградба и реконструкција на патишта и канализациска мрежа од жителите на Центар Жупа зел на рака вкупно 30.700 евра и истите не […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 17:13
•
Posted by: MK News
Четворица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на булеварот Јане Сандански кај Три Бисери. Според информациите од СВР Скопје сообраќајката се случила во 15.30 меѓу три возила – пежо со кумановски регистерски таблички и два скопски голфа. Повредените се однесени со возило на Итна помош во Ургентниот центар. Оттаму за Канал 5 потврдија […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 16:00
•
Posted by: MK News
Српската полицијата во Нови Пазар поднела кривична пријава против македонскиот државјанин Н.Б.(27) поради сомневање за „насилничко однесување“ кон неговото петмесечно бебе. Пријавениот се сомничи дека во понеделникот вечер околу 19.30 часот на своето петмесечно бебе му нанел повреди по главата и по вратот. Полицијата утврдила и дека по Н.Б. Интерпол имал распишано потерница, по што […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 15:36
•
Posted by: MK News
46 годишен битолчанец пријавил дека во казиното Адмирал му украле 250 000 денари. Тој всушност парите ги потрошил во истото казино! СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(46) од Битола, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 09.10.2013 година, во СВР Битола пријавениот пријавил дека над него е извршено кривично дело „разбојништво“ […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Припадниците на полициската единица „алфи“ вечерва го уапсиле опасниот убиец, 40 годишниот Јордан Младеновски- Панда кој избега од психијатриската болница Демир Хисар, јавува Пресс 24. За неговото бегство осомничени се двајца психијатри од болницата кои незаконски му дозволиле да ја напушти установата и да излезе на викенд по што тој не се вратил. Претходно, со […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 15:22
•
Posted by: MK News
Царинските службеници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ вчера спречиле обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци. -Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2013 13:05
•
Posted by: MK News
Во текот на изминатото деноноќие во Градот Скопје евидентирани се 11 собраќајни незгоди, од кои ниту една не е со потешки последици. Сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди, од нив четири се со материјална штета, три со телесни повреди во коишто со полесни телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2013 13:02
•
Posted by: MK News
Двајца психијатри вработени во ЈЗУ-Психијатриска болница Демир Хисар, 48-годишниот битолчанец В.Т. и неговиот 60-годишен сограѓанин П.Л. од почетокот на годинава на тројца пациенти кои биле на задолжително психијатриско лекување им одобрувале користење на тераписки викенд спротивно на Правилникот на куќниот ред во здравствената установа и без соодветна изјава од член на семејство со која се изјавува дека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Лихварство“, „Грабнување“,„Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга, против Б.К.(48) и неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) сите од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава. Истражен судија, на Б.К. и У.К. им одреди мерка притвор […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Имало неколку обид за убиство врз него, имаше случаи кога него беше стрелано со ракетен фрлач, беа подметнувани експлозивни направи под негов автомобил или под возило на негови блиски. Во еден случај при обидот за убиство на Ајети друго лице беше застрелано и го загуби животот,информираат од МВР. Познаниците на Ајети пак велат дека тој […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ќе поднесе кривична пријава против еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години поради основано сомнение дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“, ,,Фалсификување на пари“ и „фалсификување на исправа. Во соработка со полицијата на Р.Бугарија , […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2013 09:15
•
Posted by: MK News
80 килограми месо од елен и дива свиња, полицијата и инспекторите за лов затекнале во возило Лада нива, сопственост на „Македонски шуми“ и во просториите на шумската кукичка на Осогово, по претходно добиените сознанија за извршен нелегален лов на корисен дивеч на падините на Осоговието. 45 – килограми месо од елен спакуван во најлонски вреќи, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2013 22:21
•
Posted by: MK News
Убиството што попладнево се случило во чајџилницата “Кај Џељо“, каде според непотврдени информации е убиен газдата, а ранети се двајца, е второ убиство во последниве три години што се случило на истото место, пренесува Дневник. -Во 2010 година беше убиено петнаесетгодишно момче, внук на сопственикот. И тогаш како и денеска убиството било извшено со автоматска […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2013 22:10
•
Posted by: MK News
Убиството се случи вечерва околу 18 часот во чајџилницата „Кај Џељо“ во населбата Ченто, каде што влегол непознат напаѓач маскиран со фантомка и пукал во гостите со автоматска пушка. Прострелна рана во подлактица добил уште еден гостин во чајџилницата и е пренесен во Хируршката болница „Св.Наум Охридски“, но е надвор од животна опасност. Напаѓачот е во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2013 19:25
•
Posted by: MK News
Аети Џељал е лицето кое вечерва е убиено во вистинско мафијашко убиство во чјаџилница во скопски Сингелиќ. Како што објави Press24 непознато машко лице со маска на главата влегол во чајџилницата и веднаш почнал да пука со автоматската пушка која ја носел со себе. На лице место е убиен Џељо а уште две лица со тешки […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2013 14:41
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи до основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ќе поднесе кривична пријава против еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години поради основано сомнение дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“, ,,Фалсификување на пари“ и „фалсификување на исправа. Во соработка со полицијата на Р.Бугарија […]
______________________________________________________________________________________________________