Archive | Црна хроника RSS feed for this section

19-годишник се бори за живот – го тепале со камења по глава во центарот на Скопје

СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде лицата Х.М. (25), Б.С. (28), З.Ј. (26) И Љ.П. (27) сите од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека на 25-ти овој месец околу 03.30 часот, во централното градско подрачје, без никаков повод и причина, во два наврати предизвикале и учествувале во тепачка, при што седум […]

______________________________________________________________________________________________________

Каменуван автобус во Припор – повредена девојка

Непознати лице вчера вечерта го каменувале автобусот на ЈСП „58“ во скопски Припор. Инцидентот се случил на последна автобуска постојка на бр. 24 во Припор, кога лицата при каменувањето скршиле две прозорски стакла, а во видливи повреди се здобила патничката М.А.(18) од с.Чифлик. Се преземаат мерки за откривање на сторителите. Kurir

______________________________________________________________________________________________________

Внукот си го врзал и ограбил сопствениот дедо – МВР го уапси него и уште двајца помагачи

Тројцата млади на возраст од 16, 22 и 29 години, го фатиле 73 годишниот дедо на ручек, го врзале за столот и му ја залепиле устата со селотејп. Полицијата ги открила со помош на полиграф. СВР-Скопје до надлежното  ОЈО-Скопје  ќе поднесе кривична пријава против лицата В.Ќ. (22), М.Л. (16) и А.Д. (29) поради основано сомнение […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче претепано во автобус на ЈСП

Вчера попладне околу 18 часот и 40 минути, на автобуската постојка кај Бит Пазар во Скопје, неколку малолетници при влегување во автобус на ЈСП со број 50 физички го нападнале 18-годишниот Х.С. од Скопје и скршиле прозорско стакло од автобусот, по што избегале во непознат правец. Полицијата работи на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка кај студентскиот „Гоце Делчев“ (Фото)

Две возила се судрија вечерва на раскрсницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.Во сообраќајката учествувале мерцедес и опел караван, кој е многу оштетен. Засега нема информации за повредени во оваа сообраќајна несреќа. Фото – ЗаСе

______________________________________________________________________________________________________

Милиони украдени од банкомат во Скопје

Банкомат на Стопанска банка бил ограбен ноќта во петок кон сабота на улицата „Јужноморавски Бригади“ во Скопје. Крадецот со употреба на физичка сила од банкоматот украл 3.300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

______________________________________________________________________________________________________

Екс телохранителот бил пијан – ја претепал сопругата, синот и се заканувал дека ќе ја запали зградата

Синоќа скопјанецот кој направи вистинска драма на „Илинденска“ бил под силно дејство на алкохол. Станува збор за 50-годишниот К.Л. од Скопје, дознава Курир. Тој ја претепал сопругата и го повредил својот син, по што се заканувал дека ќе ја крене целата зграда во воздух со плинските боци што ги имал во станот. Синоќа пред полноќ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец се закнувал дека ќе дигне во воздух зграда на Илинденска

Скопјанец ноќеска се заканувал дека ќе се запали себеси и зградата во којашто живеел на улица „Илинденска“, во центарот на Скопје. По целовечерна драма, 50-годишниот К.Л. утрово бил приведен и кај него било констатирано присуство на алкохол во крвта. Според полициските информации, неговата сопруга пред полноќ пријавила семејно насилство во станот. Човекот држел плинска боца […]

______________________________________________________________________________________________________

Осумдневен притвор за тројца полицајци

Тројца полицајци вработени во полициската станица на граничниот премин „Богородица“ завршија во осумдневен притвор откако нивните колеги откриле дека ограбиле 11 илегални емигранти кои претходно ги фатиле во Гевгелија. МВР соопшти дека им одземале 300 евра и осум мобилни телефони. Емигрантите ги познале полицајците. Кривична пријава за злоупотребување на службената функција добија 40 годишниот К.П, […]

______________________________________________________________________________________________________

За 5 илјади денари скопјанка преживеалa хорор

Крадецот кој се претставил како пријател на нејзиниот сопруг и се заканувал со нож, а потоа и нанел и повеќе силни удари по главата, од кои таа паднала на под. Драмата се случила вчера наутро во станот на 70 – годишната Б.Р. на булеварот „Партизански одреди“. Кога разбојникот и заѕвонил на врата, се претставил дека […]

______________________________________________________________________________________________________

3 млади кумановчани повредени, еден се бори за живот – Со ножеви се карале за девојка

Тројца млади се повредени во пресметка со ножеви што синоќа се случувала во двор на детска градинка во Куманово. Најтешко минал 17 – годишник, кој со тешки повреди е пренесен на скопските клиники. 17 годишно момче од Куманово со неколку убодни рани во градниот кош и вратот се уште се бори за живот во скопскиот Ургентен […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако ви дадат фалс евра и не ги пријавите – вие ќе одите во затвор за фалсификување

Три години во својот дом прилепчанец чувал фалсификувани пари. По претресот во неговата куќа и во помошните простории во јули оваа година, полицијата кај него пронашла фалц три банкноти од 100 евра и четири лажни банкноти од по илјада денари. Како што велат од МВР, утврдено е дека парите 40 – годишниот Г.Р. ги поседувал […]

______________________________________________________________________________________________________

Правеле фалс европски пасоши во скопската чаршија

– Станува збор за фирма регистрирана за дејности туризам и трговија ФБИ- Арачиново, рече Иво Котевски од МВР. Туристичката агенција која е крстена по американската агенција за борба против криминал ФБИ, беше под сомнение дека е дел од организирана група која во Македонија произведувала фалсификувани белгиски, грчки, бугарски и словенечки пасоши и лични документи. Групата […]

______________________________________________________________________________________________________

Камион удри во млада скопјанка

Жена со тешки телесни повреди била итно пренесена во болницата Свети Наум Охридски, откако на неа налетал камион и ја прегазил. Како што пренесува полицијата, се работи за 35-годишната Љ.С. од Скопје која денеска околу 13 часот и 30 минути била прегазена од камион на улицата Никола Карев. Полицјата врши увид. Press24

______________________________________________________________________________________________________

Жена прегазена на „Рузвелтова“

Автомобил ауди А7 со скопски регистерски таблички попладнево прегазил жена на улицата Франклин Рузвелт во Скопје, јави Курир. Според првичните информации од полицијата, автомобилот удрил во жената кога ја преминувала улицата. Со повреди таа е пренесена во Ургентниот центар.

______________________________________________________________________________________________________

Барал отказ – со нож и се заканувал на директорката на градинката

Градинарот од детската градинка „8-ми Март“ во Скопје кривично ќе одговара за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Како што информираат од МВР, 52 – годишниот С.И. на 24 октомври, додека бил под дејство на алкохол, започнал расправија со директорката на градинката во која работел. Тој и се заканувал, па дури извадил и […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина работник на САСА – врз него паднала машина

Трисетгодишниот Јанче Д, одржувач на машини во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица, починал од повредите што ги добил кога врз него паднала машината со која поправал камион. Несреќата се случила утрината околу 6 часот додека Дојчиновски работел на поправка на рударски камион во јамата и во критичниот момент машината паднала врз него. По несреќата бил […]

______________________________________________________________________________________________________

13 малолетници биле тепачите во 2 инциденти на автобуси на ЈСП – тепачите од 65 сеуште се бараат

13 малолетници од Скопје Аарачиново, Студеничани, Батинци и Грчец се идентификувани како насилниците во автобусите 33 и 7 од минатата недела. Двајца од нив според МВР учествувале и во двата инцидента. Во првиот случај осуммината осомничени без причина со тупаници нападнале 17 годишен ученик а наредниот ден жртва на тепачите бил 15 годишник. Четворица од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1