17/02/2013 19:57
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа пресекоа меѓународен канал за криумчарење наркотици кон западноевропските земји. При акцијата приведен е 22-годишен македонски државјанин од село Студеничани, а запленети се пет килограми високо квалитетна марихуана која требало да ја пренесе од Македонија во Австрија.
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2013 21:48
•
Posted by: MK News
Пожар вечерва ги вознемирил посетителите на трговскиот центар Рамостор. За среќа нема повредени, а причинета е само материјална штета во сендвичарата.
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2013 19:05
•
Posted by: MK News
Дваесет и осум годишниот С.А. од с. Черкезе, Куманово поднел тужба и кривична пријава против О.Ј. до Основниот суд Куманово, затоа што не му ги врател парите кои со лихварство му ги позајмил. Тоа било шанса полицијата да утврди дека пријавениот врши незаконски дејствија и да поднесе пријава против него. Во текот на септември 2009 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2013 18:57
•
Posted by: MK News
Засега непозната жена се фрлила од покрив на кула во скопската населба Кисела Вода. Како што инфромира полицијата, самоубиството се случило пред нешето повеќе од половина час на улицата Доситеј Обрадовиќ. Засега нема информации за идентитетот на жената која починала на лице место, ниту пак за околностите во кои се случило самоубиството. Полициски екипи се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2013 18:11
•
Posted by: MK News
Полицијата на Златибор уапси државјанка на Македонија З.Т. (44) од Охрид поради сомневање дека од црква украла предмети во вредност од околу 60.000 динари, јави Танјуг. Според полицијата, З.Т. од храмот Свето Преображение отуѓила Евангелие, икона, крст, сатенски прекривки, лажица за причест и кутија за темјан. Осомничената била сместена во хотел на Златибор во чија […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2013 18:23
•
Posted by: MK News
Во текот на декември 2012 година, во продавница во с.Црвивци, дваесет и седум годишниот Ш.Б. од Кичево, побарал од вработената да му размени банкнота во апоен од 500 евра. По извршеното вештачење е утврдено дека се работи за фалсификат. ПС Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Б.(27) од Кичево за сторено кривично дело „фалсификување пари“
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2013 20:24
•
Posted by: MK News
Во необезбедена дупка, градена за непозната намена во централното градско подрачје на Тетово, денес нешто по 13 часот пропаднало патничко возило „југо-65“ со тетовска регистрација, пишува Утрински весник.
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2013 17:25
•
Posted by: MK News
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за Курир вели дека и претходните грабежи во црквите упатувале на исти траги и ист начин на извршување на кривичното дело, што споредено во трагитеод црквата „Св.Богородица“-Каменско и снимката од видео надзорот само потврдиле дека се работи за истиот човек. Се работи за 43-годишниот Трајче Б. кој е фатен […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2013 17:10
•
Posted by: MK News
Вчера на улицата „Цветан Димов“, скопјаните А.У.(37), А.З.(20) и А.Б.(46) физички нападнале двајца полицајци, удирајќи ги со тупаници и влечејќи ги за униформите.
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2013 13:07
•
Posted by: MK News
Наставник кој бил во алкохолизирана состојба претепал 13 годишен ученик од основното училиште “Кочо Рацин“во Кратово На 08.02.2013 година околу 12,00 часот во Кратово во дворот од ОУ„Кочо Рацин“, пред спортската сала додека четири малолетни ученици од наведеното училиште по завршување на часот по физичко воспитување, си играле, односно фрлале топки од снег, во еден […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2013 18:12
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во домот на Срѓан Керим, пет минути пред полноќ се одвивала вистинска драма.
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2013 08:00
•
Posted by: MK News
Скопјанец сакал да се самозапали, но притоа предизвикал пожар во кој со повреди се здобиле и неговата жена и двете малолетни деца. Причините кои довеле до обид да си го одземе животот, според полицијата била расправија меѓу двајцата сопружници.
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2013 17:07
•
Posted by: MK News
66 годишната Марица А. попладнево во 14:10 се обидела да се самоубие фрлајќи се од Камениот Мост.
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Маскиран и вооружен разбојник вчера влегол во обложувалницата “Бет Сити Балкан” и ја олеснил касата за 130.000 денари. Разбојникот влегол во обложувалницата во трговскиот центар Лептокарија во Скопје, му се заканил со пиштол на вработениот скопјанец С.Н., ја испразнил касата и избегал. Крадецот земал 130.000 денари. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот. Izvor – […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Жител на штипското село Козјак бил претепан од полицаец, кога отишол во полиција за да го пријави градоначалникот на Карбинци дека физички го малтертирал, информира МВР. Полицаецот е пред отказ. На 19 јануари околу 18,15 часот во полициската станица во Штип, Х.Г. од штипското село Козјак, дошол да проднесе пријава против градоначалникот на Карбинци, В.Б. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2013 16:14
•
Posted by: MK News
Педесет и двегодишен хигиеничар од основно училиште во Куманово е уапсен откако вчера се обидел да силува малолетна ученичка.
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2013 15:37
•
Posted by: MK News
Во 30 дневен притвор е 28-годишниот скопјанец И.Г. кој влечел две девојчиња во влезови во згради и се обидувал сексуално да ги злоупотреби. Фотографијата ја објави МВР, а насилникот бил препознаен од двете девојчиња. Полицијата се сомнева дека ова не се единствените случаи и ги повикува и другите кои ќе го препознаат да се јават. На […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2013 18:21
•
Posted by: MK News
Околу 126 килограми високо квалитетна марихуана е запленета вчера на граничниот премин Табановце. Дрогата е пронајдена во автобус со македонски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин со иницијали Б.Т.
______________________________________________________________________________________________________