Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Крвав Велигден: Малолетник прободен со нож во Ѓорче

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

Велес: Бебе починало во рацете на својата мајка, телото на обдукција

Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково. – Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР. Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против 12 лица за случајот во Мала Речица

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица. Како што соопшти МВР, поради постоење основано […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против чешки државјанин за компјутерска измама

Чешки државјанин доби кривична пријава поради компјутерска измама, извршена во 2016 година, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело „компјутерска измама”. Во временски период од 5 март до 27 април 2016 пријавениот се претставувал како сопственик на фирмата „Памеса Керамика” со седиште […]

______________________________________________________________________________________________________

Крадец се заклучил во казино во Влае – Украл 50 000 денари ама вратата сама се заклучила, крадецот останал заробен

Вчераутро околу 06.15 часот во Скопје, во казино на улица „Ангел Динев“ во Скопје, Т.Б. (33) од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., и се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе. Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна девојче од Драчево

Татко пријавил денеска во полициската станица во Скопје дека исчезнала неговата 14 годишна ќерка, соопшти МВР. К.Л.(53) од Скопје изутрината во 4:20 часот во полициската станица Драчево пријавил дека неговата ќерка околу 16:00 часот излегла од дома и се упатила во непознат правец, Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Три нови случаи: Скопјани каснати од кучиња скитници

Три нови случаи на напади од кучиња биле пријавени вчера во полициски станици во Скопје, сооппшти МВР.Г.Ј.(27) од Скопје вчера во 22 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот, додека се движел по улица „Божидар Рајковиќ“, бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата нога. […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена се обиде да се самозапали во полициска станица во Драчево пред нејзиниот син

На 04.04.2018 година во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со […]

______________________________________________________________________________________________________

Настaвничка го тепала ученикот прво во училница, а потоа продолжила во ходникот

Татко пријавил во полиција дека наставничка го тепала неговиот син, информираа од МВР. Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14.40 часот во Полициското одделение Сарај, А.Р. од село Арнакија пријавил дека неговиот 13 – годишен син на 02.04.2018 година околу 11.45 часот во Основното училиште „Емин Дураку“ бил физички нападнат од страна на негова […]

______________________________________________________________________________________________________

Норвежанец пронајден мртов во стан во Битола

Синоќа во 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на ул.„Тодор Скаловски“ во неговиот стан бил пронајден починат А.М. (71) – државјанин на Р. Норвешка. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Автобус удри 9-годишно дете, итно префрлено на Клиника

Вчера во 15.10 часот на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул.„Лазо Дамовски-Ошенски“, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

______________________________________________________________________________________________________

Струмичанец имал односи со 13-годишно девојче

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.Г. од струмичкото село Просениково за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години’’. – Од 13 март вечерта околу 18:30 часот до 15 март изутрината во осум часот 13 годишно девојче откако го напуштило домот, било заедно со пријавениот, со […]

______________________________________________________________________________________________________

Битолчанец се обеси во затвор – лани си ја уби сопругата

Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54). 54- годишниот битолчанец кој на 13-ти март минатата година си ја уби сопругата, рано утрово се обеси во затворот во Битола, дознава Орбис. Во 2017. година на тогаш 53 годишен И.Д. му беше одредена мерка притвор од […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали: Опожарено возилото на Љупчо Тодоровски – Радникот

Утрово околу 5 часот и 55 минути во Единицата за информирање и командување-Скопје, од страна на Бригадата за против пожарна заштита, било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ на паркингот пред Трговскиот центар „Три бисери“ има опожарено патничко возило.Возилото „Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки, кое според евиденцијата на МВР е сопственост на 62-годишниот А.С. […]

______________________________________________________________________________________________________

Тригодишно дете и жена каснати од кучиња скитници во Скопје

Уште две лица се искасани деновиве од кучиња скитници во Скопје. Како што информира МВР,  тригодишно дете било каснато за левата нога од куче скитник на улицата „Маџари“ во Скопје. На детето му била укажана лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Случајот во Полициската станица Гази Баба синоќа го […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава за директорот на Домот на културата во Крушево

Кривична пријава е покрената против директорот на Домот на културата “Наум Наумовски-Борче“ во Крушево поради “злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против С.Д.(47), кој, како што се наведува во соопштението во текот на 2016 и 2017 година, како директор на Домот без да распише […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдена мртва жена на улица во Скопје

Седумдесет и две годишната С.С. вчера околу 13 часот била пронајдена почината на улицата „Маџари 2“ во Скопје.Од МВР информираат дека смртта кај жената е констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар: За 500 денари си ја претепал сопствената мајка

Вистинска драма преживеала жена од Скопје откако не му дала пари на синот. Македонската полиција денеска информира дека 66-годишната С.Г. од Гостивар пријавила семејно насилство извршено од страна на нејзиниот син, 44-годишниот Д.Г. Околу 13 часот истиот ден синот и побарал 500 денари, а кога не му дала пари, физички ја нападнал. Пријавениот Д.Г. е […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1