Archive | Македонија RSS feed for this section

Нема место за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на вештачки создадени кризи. Таа потврди дека по вчерашниот состанок со сите нафтени компании во земјава, констатирано е дека залихи има и снабдувањето е апсолутно стабилно. За да се спречат злоупотреби и вештачки поскапувања, Државниот пазарен инспекторат веќе посетил над 100 бензински […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР воведе СМС известување за сообраќајните казни

Граѓаните кои имаат забрана за управување со моторно возило повеќе нема да мора да вадат нова возачка дозвола за да им биде впишана санкцијата. Министерството за внатрешни работи (МВР) воведе нов дигитален систем кој функционира преку СМС пораки и електронска пошта, со што значително се кратат трошоците и административните процедури. Процесот се одвива во две […]

______________________________________________________________________________________________________

45 годишна жена и 7 годишно девојче починаа по пад од зграда во Карпош

Попладнево во скопската населба Карпош, жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 7 години го загубија животот по пад од станбена зграда. Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка и дете починале по пад од зграда во Скопје

Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата се на терен. Според извори на А1он, мајка и дете починале по пад од зграда кај „Алумина“ во Скопје. Од МВР потврдиле дека околу 14.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од балкон во зграда во скопската населба Карпош скокнала мајка со дете. Идентитетот на […]

______________________________________________________________________________________________________

„Не чувствуваме вина” – Судење против полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс

На 31 март 2026 година, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, поради нивното постапување при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. Судењето се одвива со сослушување сведоци предложени од одбраната. На почетокот на рочиштето, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за наводите од обвинението, кое се однесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Ја тепал на автопат, ја турнал по скали, – Потресни сведоштва за Ивана и Катја

Во Основниот Кривичен суд Скопје вчера на обвинителна клупа седна Стојанче Јовановски, обвинет за насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, и нивната шестгодишна ќеркичка, кои заедно во прегратка скокнаа од шести кат на 2 март во Скопје. Во судницата, обвинетиот Јовановски се смеел и мафтал со главата во знак на негодување. Во моментот […]

______________________________________________________________________________________________________

Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН Македонија со награда за пионер во дуалното образование

ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата. Признанието му беше врачено на Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, г. Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, г-дин Бранко Азески. На настанот присуствуваше и министерката […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонските танчери од „Dancers United“ со огромен успех во Италија

Македонските танчери од „Dancers United“ со огромен успех на Italy World Cup 2026 Дваесет и три танчери  од клубот Dancers United од Скопје учествуваа на престижниот меѓународен натпревар Italy World Cup 2026, кој се одржа во Legnano, Италија, под покровителство на World Artistic Dance Federation (WADF). Светскиот куп во латино-американски танци собира натпреварувачи од различни […]

______________________________________________________________________________________________________

СО САМО 100 ДЕНАРИ ДО НОВ АВТОМОБИЛ!

Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.   Титаниумската среќа веќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен Артан Груби – веќе е спроведен во затворот во Шутка

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН донираше модерно опремена просторија за учениците„Михајло Пупин“

ЕВН Македонија официјално ја предаде во употреба реконструираната и целосно опремена просторија наменета за безбедно чување на личната заштитна опрема на учениците кои следат дуално електротехничко образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје. Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ја формализираше донацијата со потпишување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Глутници бездомни кучиња напаѓаат низ Скопје

Глутници бездомни кучиња продолжуваат да создаваат сериозен проблем за безбедноста на граѓаните во Скопје, особено во општината Карпош, но и на други локации низ градот, како и во други градови. Општината Карпош се соочува со ескалација на глутниците, што доведува до директна закана за јавниот ред и за животот на жителите. Групата „Независни за Карпош“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Притвор за две лица за петте тони марихуана

Двајца се во краткоетраен притвор под сомнение дека преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, соопшти македонското Обвинителството за организиран криминал и корупција. „По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата […]

______________________________________________________________________________________________________

MEGAWIN.MK – ЕДИНСТВЕНАТА ЛЕГАЛНА ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМА ШТО ОДГОВОРНО ЈА ПРЕТВОРА СРЕЌАТА ВО ЗАБАВА

Со јасни правила, највисоки стандарди на сигурност и целосна законска заштита, Megawin.mk ја гради својата препознатливост како доверлив партнер за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Megawin.mk за кратко време стана препознатлива онлајн-платформа за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Како единствена легална интернет платформа за игри на среќа […]

______________________________________________________________________________________________________

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на Зајаска Река и сериозни штети. Сепак, условите таму се ограничени, а граѓаните во моментов немаат соодветни услови за одржување на лична хигиена и капење. Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од […]

______________________________________________________________________________________________________

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. – Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на средства, порача од Минхен македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски. -Над 32% издвојуваме директно за модернизација. Тоа значи нови проекти, оние обврски кои […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1