26/09/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Монтажните тоалети на Средно Водно очигледно се едно од многуте места за ширење омраза. На нив може да се видат испишани националистички пораки, “Смрт за Шиптари” и “Смрт за каури”, што сами по себе кажуваат за толеранцијата и соживотот во градот, пренесува Вечер. Фото – Вечер
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 10:05
•
Posted by: MK News
Жителите на Кавадарци никој не ги слуша – иако гласно зборуваат во последните неколку недели – нивните апели да се зачува нивното здравје нема кој да ги чуе. Според кажаното на заедничката седница со граѓаните која се одржа по барање на Фени индустри, за зголемување на процентот на отпадна гума од 15% на 25% за гориво […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Идејата, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, е да се направи посебно регулаторно тело за води и да се воспостави систем за тарифирање на водата, што сега е во надлежноста на општините. – Во земјава секоја општина има посебна методологија, за која немаме увид дали се применува или не. Идејата е […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Скара чистеле со солна киселина. На муштериите сендвичот им бил со чуден вкус а некои почувствувале и болки во стомакот, па веднаш пријавиле до организацијата на потрошувачи и агенцијата за храна и ветеринарство, пренесува Сител. Инспекторите излегле на терен и утврдиле дека горниот дел од површината на која се печело месото имало остатоци од солна […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Прво да се решат проблемите со џамиите во Прилеп и во Лажец и со звучноста на камбаните а потоа за новите какви што се случајот Октиси или звучноста на езанот на џамиите, услов е кој ИВЗ вчера и го постави на Валентина Божиновска, директорка на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Ако […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Да е густо, цврсто и да не се двои големо количество вода од него се некои од својствата што треба да ги има киселото млеко доколку е направено од квалитетно млеко, меѓутоа, не секогаш киселото млеко што ќе го купите во продавница изгледа така. М Познавачите на процесот на производство на овој продукт се сомневаат […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2013 08:15
•
Posted by: MK News
25 млади луѓе од регионот беа дел од проектот „Youth Reconciliation Ambassadors“ со една единствена цел – помирување. Покрај учесниците од Србија, Косово, БиХ имаше претставници и од нашата држава. Еден од учесниците од Македонија, е Марија Илиевска од Крушево. „Mладите се тие кои треба да ја предводат иднината. Запознав млади луѓе од регионот, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 21:14
•
Posted by: MK News
Инспекции попладнево го сардисале Прилеп, дознава Скај, од сопствени извори. Десетици дуќани се затворени или казнети со високи казни, велат изворите. Според информациите, попладнево неколку видови на инспекции пристигнале и координирано удриле врз градот Херој. Скај.мк
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 17:48
•
Posted by: MK News
Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу гo искина предлогот на Програмата за одбележување јубилејни настани и значајни личности за 2013-та година и го фрли кон претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Eден дел од неа фрли и кон салата, гледајќи кон редовите на ДУИ. Според Фазлиу, ДПА е незадоволна од изборот, но и од културните настани кои се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 15:02
•
Posted by: MK News
На црковно место, без дозвола е поставен споменик на албанските војници кои пред еден век воделе битка со Македонците против српскиот окупатор, јавува Канал 5. Спомен обележјето самоволно го поставиле мештаните од селата Радолишта и Тефериќ. Наводно имале усно одобрение од Зијадин Села – градоначалникот на Струга. Писмено одобрение нема. Претставниците на надлежните институции бараат […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 15:00
•
Posted by: MK News
Судот од Ним ја одобри екстрадицијата на Миле Хаџиски или Зоран Томовиќ на Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз. Одлуката на судот од Ним, беше очекувана со оглед дека обвинителот при првото рочиште одржано на 28. август истакна дека на датумот кога е направено делото, тој немаше француско државјанство и нема мотив за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 14:55
•
Posted by: MK News
На меѓународен Земјоделски саем во Нови Сад печениот ајвар „баш ајвер“ на македонска компанија освои најпрестижната награда „Голем златен медал“. Во интернационална конкуренција „баш ајвер“ го освои максималниот број бодови (20) според сите критериуми по кои беа оценувани производите: вкус, боја, мирис и општа состојба на производот и изглед. Саемот во Нови Сад е еден од петте […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 10:43
•
Posted by: MK News
Стршлени ги напднаа пчелните семејства во Овчеполието. Љубе Стојковски од селото Алакинци, свети николско, вели дека годинава стршлените му ги преполовиле пчелите. Имал 150, а стршлените му уништиле околу 50 пчелни семејства, пренесува „Телма“. Стојковски вели дека во Алакинци стршлените можат да се видат на вратата на црквата Света Богородица, каде што само храбрите можат […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Дали Македонија во доцните 90-ти била заложник на политички договор што го склучиле Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски за нивен политички опстанок со меѓусебна амнестија на нивни евентуални криминални активности? Ваквиот договор би значел дека за нив не постоел ниту Устав ниту закон, а во нивен интерес бил ставен целокупниот државен систем, пишува Дневник. Постоењето […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Ги следиме процесите но немаме одлука да градиме нуклеарна централа. Вицепремиерот Пешевски вели, за такво крупно прашање ќе одлучуваат граѓаните на референдум. Со земјите од регионот се разгледувала можноста за заедничка соработка во делот на нуклеарната енергија. Од меѓународната агенција за атомска енергија велат дека регионот сеуште не е подготвен за изградба на нуклеарка. Ниту […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2013 21:50
•
Posted by: MK News
Порталот „off.net.mk“ објави добитни ливчиња од извесен Никола кој викендов си доби 1,2 милиони денари, или 20.000 евра. Уплатил по 140 денари на две ливчиња на кои пишал идентични 15 натпревари. Сите 15 натпревари завршиле како што тој предвидел, а вкупната добивка од двете ливчиња е 1,2 милиони денари. Секоја чест.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2013 21:48
•
Posted by: MK News
Скопскиот Кривичен Суд го задолжи Љубе Бошковски да му ги покрие судските трошоци на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас за стопирана постапка за клевета. Бошковски го тужел Латас за клевета во кривичниот суд но не ја продолжил постапката во граѓанскиот Скопје 2 во дадениот рок од 30 дена. Поради ова, тужениот се здобил со […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2013 21:37
•
Posted by: MK News
„Дуле не знаеше колку беше сакан. Не беше свесен колку луѓе го сакаат“, низ солзи за Вест изјави Никола Јанков – Коки, виолината која 20 години им беше придружба на гитарата и на гласот на Дуле, кој денеска после 14 часот беше погребан на градските гробишта во неговиот роден град Штип. Денеска молк меѓу штипјани, […]
______________________________________________________________________________________________________