05/12/2018 13:39
•
Posted by: MK News
Поранешиот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, денеска доби нов 30-дневен притвор и за предметот „Титаник“ на СЈО. Судијата Осман Шабани, кој е претседател на Судечкиот совет, на денешното рочиште во Кривичниот суд, во однос на предлогот за определување мерка притвор за Груевски, рече дека Советот донел одлука на обвинетиот да му […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Посебен режим на сообраќајот низ централното подрачје во Скопје ќе има денеска попладне поради одржување на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска од Брисел, од нивниот состанок испратија силна поддршка за финализирање и примена на Договорот од Преспа, изјави денеска висок дипломат на Алијансата. Поддршката дошла од сите членки на НАТО. Грчкиот министер изјавил дека треба да се поздрави храброста на Скопје и Атина во овој процес. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:41
•
Posted by: MK News
По пријава поднесена од здружението во Битола за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, Обвинителството започна истрага. Самиот Џафери денес беше повикан да сведочи. Тој не сакаше да коментира ништо за пријавата против него и 67 пратеници и рече дека ќе го остави обвинителството да ја заврши својата работа. „Како и секој граѓанин, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:39
•
Posted by: MK News
Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на денешното предавање на Универзитетот во Вроцлав, во рамки на работната посета на Република Полска, соопшти неговиот кабинет. -Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:26
•
Posted by: MK News
Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиено од својот татко. Како мотив во незјиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:15
•
Posted by: MK News
Јас сум ВМРО, а не е ДПМНЕ, рече обвинетиот Игор Југ денеска во одбраната пред судот, за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Нагласи дека е невработен и заработува со подотвување кучиња за изложби и додаде дека еден дел од разговорите со дел од обвинетите на 27 април биле во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:13
•
Posted by: MK News
Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески го нуди целиот имот со кој располага како гаранција за да излезе од притвор. Неговото барање денеска му е доставено на судот. Одбраната на Јанакиески смета дека имотот на екс министерот треба да биде доволна гаранција за судот дека тој нема да побегне додека се води постапката […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Поради загадувањето на воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови Министерството за животна средина и просторно планирање упатува препораки до населението. Од Министерството за животна средина и просторно планирање се препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 15:51
•
Posted by: MK News
Центарот за јавно здравје Куманово, преку советувалиштето за доверливо, анонимно советување и ХИВ тестирање во текот на овој месец ќе организира предавања за средношколците за ХИВ. Заинтересираните можат да се обратат и во советувалиштето каде се вршат редовни ХИВ тестови и советувања. Преку својата програма за превенција од ХИВ/СИДА во текот на 2018 година извршени […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Претседателот на Судскиот совет на РМ Зоран Караџовски смета дека решението за покренување постапка за одговорност за член на Судски совет што се нуди со измените на Законот за Судски совет не е соодветно. – Решението на предлог од 25 членови од бил кој суд во државата да се покренува постапка за одговорност на судија […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2018 15:47
•
Posted by: MK News
За десет до 20 отсто или од 15 на 18 денари е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти. Министерството за земјоделство не е контактирано во врска со поскапувањето. Како што изјави за МИА министерот за земјоделство Љупчо […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2018 16:12
•
Posted by: MK News
Македонската метропола на глобалната апликација Ер Вижуал напреднуваше за едно место и синоќа се најде на петтото место по загаденост во светот. Индексот кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод, натриум диоксид и озон, за Скопје покажуваат енормни 190. Со тоа, градот се најде рамо до рамо со Пекинг, кој има 20 милиони […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2018 16:08
•
Posted by: MK News
Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2018 16:07
•
Posted by: MK News
УБК била директно инволвирана во организацијата на насилниот упад во Собранието на 27ми април, откри обвинетиот Стефан Младеновски во денешното сведочење. Како главна врска меѓу групата маскирани лица предводени од Александар Василевски – Нинџа и тајната полиција бил агентот Никола Бошковски, кој подоцна заедно со началникот Горан Грујевски пребега во Грција. Младеновски кажа дека вечерта […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2018 16:02
•
Posted by: MK News
Македонското Собрание на продолжението на 64. седница ја започна дебатата за XXXVI нацрт-амандман, четвртиот и последен предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:38
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство има индиции дека во зградата прислушувањето на фиксните телефони траело од 2013 година кога е инсталирана опремата. Во денешното соопштение од ЈОРМ истакнуваат дека сериозно и внимателно ги проверуваат сите аспекти. Се испитува тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење. – Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:35
•
Posted by: MK News
Во дебатата по нацрт-амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија премиерот Зоран Заев ја повика опозицијата на одговорност и побара да ги поддржи амандманите бидејќи друга опција освен влез во ЕУ и НАТО нема. Повтори дека доколку Грција не ги исполни своите обврски со прифаќање на Договорот од Преспа и Протоколот за НАТО, амандманите нема […]
______________________________________________________________________________________________________