Archive | Македонија RSS feed for this section

Протест пред Собранието против уставните измени

Пред Собранието на Република Македонија, истовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира”. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот. – Ова што се случува во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Одговорноста за прислушувањето во ЈОРМ е на Зоран Заев

Одговорноста за скандалот со прислушувањето во Обвинителството е на Зоран Заев, кој е година и пол премиер и ја контролира и централната и локалната власт, објави на својот Фејсбук-профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. – Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, […]

______________________________________________________________________________________________________

Преслушување- и официјално „мета“ биле обвинителите

Македонија влезе во уште една афера со преслушување. Овој пат и официјално „мета“ биле обвинителите од Јавното обвинителство и судиите од Кривичниот суд. Додека се уште се водат судски процеси за незаконски прислушувани разговори, јавноста ја тресе нов скандал незаконско следење на комуникациите, овој пат тие на правосудните институции. Откако јавниот обвинител Љубомир Јовевски откри […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Започна падот на власта која што ја завитка Македонија во Црнила

Започна падот на однародената влада за национално понижување, започна падот на власта за економски порази, започна падот на власта која што ја завитка Република Македонија во Црнила. Почитувани, вчеравечер пред Владата се покажа силниот пркос и заеднички отпор на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, на сите против неспособната и криминогеноста на оваа власт […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски побара оставка од Владата и најави нови протести на опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Владата, рече дека оваа власт мора да си замине затоа што година и половина ја уништува Македонија. Mицкоски најави протести во други градови во земјата, но и дека опозициската партија пред Владата ќе протестира секоја среда. – Ни ветуваа пет проценти раст на БДП во програмата што ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Горан Стефановски ќе биде кремиран , а пепелта расфрлана во Охридското езеро

На социјалните мрежи вечерва член на семејството на починатиот великан Горан Стефановски објави дека неговото тело ќе биде кремирано Драматургот Горан Стефановски ќе биде кремиран на 5 декември во Barham Crematorium во Кентербери во 9.20 часот. Пепелта , по негова желба , во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро . Горан […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина академик Блаже Ристовски

Македонската академија на науките и уметностите со голема тага соопштува дека на 28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве од кога ќе стартува повратот на 15 посто ДДВ

За повратот на 15 отсто од ДДВ, Заев рече дека поради законски усогласувања ќе стартува од јули, 2019. -Картичките се лимитирани до 30.000 за да се направи фер распределба, затоа што побогатите трошат повеќе, па и повратот на данок би бил поголем. Системот е целосно подготвен за ставање во функција. Наша намера е од 1 […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Можностите за инвестиции од ФБ и Гугл се извесни, ќе помогне и членството во НАТО

Инвестициите од Фејсбук и Гугл се можни да се реализираат во Македонија. Ова е извесна можност и штом ќе имаме податоци ќе излеземе пред Парламантот за промена на данокот за добивка за компаниите од информатичката технологија, да го намалиме од 10 на три проценти, оти тоа е дел од пакетот на понудата во разговорите со […]

______________________________________________________________________________________________________

Укината затворската казна на дедото на Тамара, судењето од почеток

Апелација ја укина затворската казна од 7,5 години за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, која му беше досудена за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело […]

______________________________________________________________________________________________________

30 дена притвор за Груевски одреден за случајот ,,Талир,,

Kривичниот суд Скопје донесе решение на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото лишување од слобода. Kривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, посебен сообраќаен режим

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска попладне во 17 часот најави протест во центарот на Скопје, кој го организираат една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани. Поради протестот, што ќе почне од плоштадот ВМРО, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје. По […]

______________________________________________________________________________________________________

Аднан Ќахил исклучен од Партијата за движење на Турците во Македонија

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи; Аднан Ќахил е исклучен од партијата. Истовремено од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е побарано негово разрешување од функцијата министер без ресор. Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој […]

______________________________________________________________________________________________________

МНТ се прости од Стефановски: Не, Горан не замина, великаните остануват за навек, нема збогум!

Македонскиот народен театар преку статус на Фејсбук се прости од Горан Стефановски. -Замина Горан. Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации. Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново. […]

______________________________________________________________________________________________________

Игор, синот на Горан Стефановски: Секој знае до каде му е дадено да стаса!

Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, по смртта на неговиот татко. „Сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча, до каде му е дадено да стаса.” – Конзервирани импресии – напиша Стефановски. Веста за смртта на драмскиот писател ја потресе […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина драматургот Горан Стефановски

Во Англија, во местото Кентбери на 66 годишна возраст почина познатиот драматург Горан Стефановски. Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952) е македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на […]

______________________________________________________________________________________________________

Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Горан Стефановски

Претседателот Ѓорге Иванов изрази сочувство по повод смртта на Горан Стефановски, потенцирајќи дека вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сѐ што напиша, создаде и инспирираше. -Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот драмски писател, Горан Стефановски. Иако нема соодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, дозволете […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Со денешниот протест почнуваме сеопшта револуција против владеењето на Заев

Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев, економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, Мицкоски напомена дека протестот е вид […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1