23/11/2018 16:03
•
Posted by: MK News
Автобусите во Битола беа донесени на почетокот од Октомври и имаше многу обвинувања дека се дотраени. Деновиве биле вратени. „Автобусите од град Скопје беа позајмени, беа пуштени до Општина Битола за да одговориме во тој критичен период и ситуација во која се најдовме. Откако ја наминавме таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:52
•
Posted by: MK News
Екс дирекорот на УБК, Сашо Мијалков во жалбата до скопските апелациони судии побарал јавна седница на која ќе биде присутен и притворениот, дознава „Макфакс“. Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот пишуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно била позната на обвинителството, и прашуваат на кој начин судот утврдил дека фирмите кои имаат со […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:46
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, може да патува надвор од државата, бидејќи Апелациониот суд пред десетина дена му го врати пасошот, потврдуваат за “Фокус” од судот. Темелко сега ќе може да патува во Пустец, Албанија, каде што е градоначалник. Темелко е еден од дваесетмината обвинети во случајот “Титаник”, односно за изборните нерегуларности во 2011 и […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:25
•
Posted by: MK News
Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:13
•
Posted by: MK News
Во жалбата доставена преку неговиот адвокатски тим, тој ја спори определната мерка поради повреди на кривичната постапка, погрешна примена на Кривичниот законик и погрешно утврдена фактичка состојба. Неговата одбрана бара укинување на притворот и враќање на претходно определената мерка за јавување во судот. Спорно за одбраната е што притворот му е определен без да го […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:07
•
Posted by: MK News
Времето во сабота ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 14 степени, ова значи дека во сабота за разлика од овие денови утрото ќе биде особено студено. Во недела времето ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:00
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го осуди бегството на поранешниот премиер и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случи и кои се потпомагачите на оваа акција. – Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 14:55
•
Posted by: MK News
Во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ во соработка со Град Скопје, денеска почнува второто издание на Меѓународниот фестивал по саксофон и кларинет “САКСКЛАР“-2018. На Меѓународниот натпревар кој е со награден фонд, ќе бидат застапени категории за ученици, средношколци и студенти, како и мастер часови. Натпреварите ќе се одржуваат во сабота и недела во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 14:42
•
Posted by: MK News
Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ не почна навреме, бидејќи доцнеше спроводот на притворените Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од истражниот затвор “Скопје”. На поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, ќе му се суди во отсуство. Во судница се присутни останати обвинети во овој предмет на СЈО што се однесува […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 14:38
•
Posted by: MK News
После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт. Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Зголемен буџет за реформи во одбранбениот сектор во пресрет на членството во НАТО, е предвиден за 2019 година. Како што информира на денешната прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска, буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 проценти од БДП, а во однос […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 15:17
•
Posted by: MK News
Одбраната на екс шефот на УБК Сашо Мијалков го обжали решението на судот со кое му беше определен притвор од 30 дена. Во жалбата навеле дека судот спротивно на законот му определил притвор без притоа да го сослуша. Жалбата до Апелациониот суд е поднесена во законскиот рок кој го определи Кривичниот суд. Со оглед на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 15:04
•
Posted by: MK News
Судечкиот совет со кој претседава судијата Горан Бошевски на денешното рочиште за „Траекторија“ на барање на СЈО донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија да му се суди во отсуство и да биде издаден налог за притвор. Судијата Бошевски констатира дека обвинетиот Никола Груевски не е достапен на органите на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 15:01
•
Posted by: MK News
Дванаесеттемина обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес на денешното рочиште во Кривичниот суд, откако беше прочитано обвинението, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. – Од октомври 2014 година обвинетите како службени лица во ЈУ несовесно постапувале и го повредиле правото на детето Тамара Димовска. Дел од обвинетите на седница […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 14:58
•
Posted by: MK News
За седум години е одложена обврската да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци во УЈП за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска. Таа на денешната прес-конфернеција нагласи дека до крајот на октомври во електронскиот систем биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 21:01
•
Posted by: MK News
Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. На прес-конференција рече дека постапката за екстрадиција е почната, документацијата е […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 20:59
•
Posted by: MK News
Притворот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како и притворите на поранешните фукционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски штетат на преговорите за зацврстување и проширување на парламентарното мнозинство за уставни измени, тврдат за Сител од новата пратеничка група. Осумтемина пратеници кои првично на премиерот Зоран Заев му го обезбедија 2/3 мнозинство за промените на Уставот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 20:51
•
Posted by: MK News
Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската државна новинска агенција „Телам“ повикувајќи се на извори во Ватикан. Посетата на Македонија ќе биде дел од регионалната турнеја на папата која ќе ги вклучи и Романија и Бугарија. Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија, Романија и […]
______________________________________________________________________________________________________