19/06/2017 14:22
•
Posted by: MK News
10 години над 10 000 тужби за враќање на конфискуваниот имот на Македонците со потекло од Егејска Македонија чекааат судска разрешница во судот човекови права во Стразбур. Тужителите бараат оштета од Грција во вкупна висина од над 10 милијарди евра и велат дека ќе истраат во нивната борба за своите права. – Ние нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 14:11
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре и задутре ќе престојува во посета на Република Бугарија. Заев во Софија ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев. Софија по Брисел е втората дестинација што ќе ја посети Заев по формирањето на новата македонска Влада. Македонскиот премиер најавувајќи ја […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 14:07
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2017 17:38
•
Posted by: MK News
Два земјотреси со умерен интензитет утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје. Првиот посилниот земјотрес беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет во 8 часот изутринава. Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2017 17:28
•
Posted by: MK News
Од јули граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати за неплатените сметки за комуналии како и за задоцнетото плаќање на ратите за денарските кредити. Освен износот во сметките за потрошената струја, вода парно, многу често се случува да имаат и насобран долг од затезна камата. Првиот ден од доцнењето на кредитот пак, банкарите освен редовна годишна […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2017 17:26
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Единствени“ вчера во Музејот на македонската револуционерна борба го прослави 27-миот роденден од формирање како политичка партија и 124-годишнината од основањето на историското ВМРО. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи се пред присутните членови и активисти на партијата, пратеници и поранешни функционери од претходната владеачка гарнитура истакна партијата била и ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2017 17:23
•
Posted by: MK News
Силен земјотрес со магнитуда од 4.1 степен ноќеска три минути пред три часот ја стресе Македонија. Според Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) јачината на земјотресот изнесува 4.1 степен.Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел.
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 22:10
•
Posted by: MK News
Сања Лукаревска, која со години е вработена во Управата за јавни приходи, на денешната петта владина седница е именувана за вршител на должност директорот на УЈП. Лукаревска има завршено Правен факултет во Скопје. Владата на денешната седница го избра Зоран Атанасов за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Атанасов беше советник во кабинетот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 21:48
•
Posted by: MK News
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА До вечерва во северните делови ќе остане ведро со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има малку повеќе облачност. Преку ноќта од северозапад ќе почне да дува северен и постуден ветер и ќе има и преку ноќта услови за појава на несабилност понекаде со краткотраен пороен дожд и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 21:24
•
Posted by: MK News
Народниот правобранител бара од министерството за труд и социјала да се промени законот за заштита на децата. Правото на родителски додаток за трето дете, наместо да им помага ги дискриминира социјално ранливите категории. Нема никакави ограничувања за мајки кои се работоспосбни и оставруваат пориход, но корисниците на социјална помош мора да се откажат од тие […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 21:20
•
Posted by: MK News
Лазо Велковски и Горан Николовски се новите директори на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), одлучи попладнево Владата на седница. Предлогот за Велковски и Николовски дошол од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Лазо Велковски работеше во кабинетот на претходниот министер Агим Нухиу и одамна работи во МВР. Неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 21:08
•
Posted by: MK News
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”. На 7. април околу 09.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2017 13:18
•
Posted by: MK News
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 3 Маврово, Прилеп, 4 Битола, 10 Тополчани, 15 Дебар, 16 Крушево, 17 Лазарополе. Времето денес: Во северните делови ќе е сончево со мала до умерена облачност. Во јужните и западните променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2017 11:14
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Орјан со кого се осврнале на добрата соработка меѓу двете земји и на перспективите за унапредување на економските односи. Како што соопшти владината прес-служба, израелскиот амбасадор Орјан на премиерот Заев му врачи честитка од име […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2017 11:09
•
Posted by: MK News
Во конкуренција на 27 танчери од 19 земји Мила Србиноска од Студио Брејк а Лег е победник на Европското првенство во ХипХоп танци кое се одржува во Полска. Покрај Србиновска, на Европското првенство се натпреваруваа и Ума Муминовиќ и Максим Ѓоргоски, додека јуниорската екипа кои се актуелни светски вицешампиони, настапуваат на 18 јуни 2017 во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2017 10:56
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната температура од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. Во Скопје и околината […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2017 10:54
•
Posted by: MK News
Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е пoчувствуван изутринава во 06 часот и 07 минути во Скопје и околината. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 12 километри северозападно од Скопје, на длабочина од 10 километри.
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Демократската унија за интеграција и Алијансата за Албанците ги објавија имињата на замениците – министри во новата Влада.ДУИ ќе ги има заменичките места во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, финансии и за образование и наука, додека од Алијансата за Албанците заменици министри ќе има во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и труд […]
______________________________________________________________________________________________________