23/06/2017 11:31
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:27
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство го води случајот за смртта на докторката од Нефрологија, 53-годишната Ј.М.С. Сеуште нема одговор дали се работи за убиство или пак самоубиство. Истрагата не е завршена, зашто според обвинителството било побарано дополнително вештачење за утврдување на причинско – последичната врска. При увидот бил забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:24
•
Posted by: MK News
Бајрам Велиоски (55) од селото Пласница кај Кичево кој во 2009. година беше осуден на осум години затвор поради тоа што ја силувал и забременил тогаш својата 16-годишна ќерка, по отслужувањето на казната затвор повторно го повторил делото во повеќе наврати на сега веќе полнолетна 24-годишна ќерка. Монструозниот чин се случил во делот на селската […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:19
•
Posted by: MK News
Mинистерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека се назначени нови директори на клиниките за неврохирургија и за радиотерапија и онкологија. За нов медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Таравари го назначил д-р Никола Васев, кој доаѓа на местото на Милан Ристески. За в.д. директор на Неврохирургија, на предлог на лекарски конзилиум на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:17
•
Posted by: MK News
Склучувањето на договорот со Бугарија задира во идентитетот и историјата на Македонскиот народ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека вчерашниот настап на Зоран Заев во Софија е загрижувачки поради нетранспарентноста на документот кој тој го потпишал. Според ВМРО-ДПМНЕ, за јавноста е нејасно какво значење има терминот „заедничка историја“, што подразбира прашањето за немешање во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:16
•
Posted by: MK News
Праксата да се испраќа амбасадор-политичар пред одржување на избори мора да престане, смета шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, откако е запрена постапката за испраќање на Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ, како амбасадор во седиштето на Европската Унија во Брисел. Такви грешки се правени и во минатото и неопходен е договор тоа престане. ,,Постапката ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:13
•
Posted by: MK News
Клиничкиот центар должи 3 милони евра за вода. Сметките не биле плаќани повеќе од 35 месеци во период од 10 години. Од ЈП Водовод и канализација за Сител изјавија дека овој долг е без камата и без судски трошоци. Првата тужба ја пуштиле уште во февруари 2010, но ниту таа, ниту наредните не биле плаќани. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:04
•
Posted by: MK News
Директна авиоврска помеѓу Скопје и Атина, останува едно од клучните барања на стопанствениците за интезивирање на бизнисот меѓу македонските и грчките компании. Потенцијалите се големи, а политичката криза во Македонија не влијаела намалување на трговијата помеѓу двете страни. Поголем проблем, според нив, е економската криза во Грција која резултира и со затварање на грчки фирми […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2017 23:01
•
Posted by: MK News
Граѓаните сеуште се плашат да ги користат кредитните картички за купување преку интернет. Сметаат дека податоците можат да им бидат злоупотребени. Ретко користат пејпал кој се смета за најсигурен инструмент за плаќање., но од дрга страна, се уште не дозволува да примаат пари од странство на нивните сметки. Истото важи и за фирмите. За да […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 20:40
•
Posted by: MK News
Законските измени за продолжување на породилното отсуство влегоа во собраниска процедура. На првата седница на комисијата за труд и социјална политика присуствуваше и министерката Мила Царовска која пред пратениците посочи дека Македонија во моментов има платено породилно отсуство од 36 недели за што годишно се одвојуваат повеќе од две милијарди денари. Продолжувањето на овој период […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 20:37
•
Posted by: MK News
Македонските фудбалери до 21 година за малку ќе оствареа сензационална победа против Србија, сепак на крај мораа да се задоволат со реми од 2-2. Србите мораа да спасуваат жива глава со гол во 90. минута и да ни ја расипат историската победа во најава. Ѓурѓевиќ беше најумешен по еден прекин, погодувајќи ја мрежата со глава. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 16:07
•
Posted by: MK News
Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време. Максималната температура на повеќето места ќе биде над 30, а долж Повардарието над 35 степени. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 16:03
•
Posted by: MK News
Ние сме за единствена Македонија и за нејзино членство во НАТО и ЕУ, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов по денешната средба во Софија со претседателот на македонската Влада Зоран Заев. Борисов нагласи дека Македонија веќе внатрешно-политички е стабилизирана и оти има историска шанса да направи нејзините граѓани да се чувствуваат подобро.– Патот кон ЕУ и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 15:51
•
Posted by: MK News
Според информациите земјотрсот е со јачина од 4,1 степен, а епицентарот е помеѓу Јанкоец и Ресен.
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 22:01
•
Posted by: MK News
Повеќе од 20 години го бара потеклото, но без успех. Ина од Скопје на 2 годишна возраст била посвоена од Домот за доенчиња во Битола. Израснала во ново семејство во внатрешноста на Македонија. Уште во градинка од другарчињата дознала дека има други биолошки родители. Таа ја раскажа својата приказна за Сител. -Дознав на 5 години […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 21:51
•
Posted by: MK News
Здружението на воени ветерани на УЧК во Македонија, во реакција пратена до медиумите бара меѓународниот фактор, Европската Унија и САД, да се ангажираат во решавање на прашањето за името на Македонија. Во реакцијата стои: „Ако се споменува додавање на името Вардар, се согласуваме да се додаде во нашата варијанта Илиро Македонија на Вардар. Бараме за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 21:45
•
Posted by: MK News
Првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е во недела на 25, па затоа понеделник (26 јуни) е неработен ден. Ова е одлична прилика граѓаните да си го искористат продолжениот викенд за да отпатуваат негде. Временската прогноза им оди од рака па така на 24, 25 и26 јуни температурите нема да се спуштат под 30 степен.
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2017 21:25
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со ресорниот министер Арбен Таравари преку мобилните апликации viber и whatsapp. Почнувајќи од денеска функционира и телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со идеја, предлог, пофалба или пак за одредени неправилности, обиди за корупција […]
______________________________________________________________________________________________________