16/10/2016 12:45
•
Posted by: MK News
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, вчера во 22 часот и 14 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда 5.5 и бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен и околината, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2016 15:24
•
Posted by: MK News
Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои Општина Гази Баба. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2016 15:23
•
Posted by: MK News
„Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу брзо ќе се случи. Времето на неодговорни политичари завршува. Ќе овозможиме на сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат вашите пари што се слеваат во Буџетот на Република Македонија. Сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2016 14:57
•
Posted by: MK News
Синче мое убаво многу те сакам за тебе ќе се борам до крај“. Ова се зборовите на 25 годишната Билјана, мајка на бебето Лука од Свети Николе. Лука има само две недели, но собата во која моментално спие е студена, бидејќи семејството нема дрва за да ја запали печката, обвјави телевизијата ТВ 21 во потресната […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2016 14:41
•
Posted by: MK News
Во вечерашното „Отворено студио“ со Анита Петровска Рајковиќ, внукот на Никола Србов чија фамилија била буквално распарчена сведочи за случувањата кои неговиот дедо ги раскажал, но и за тоа што го прочитал во црните досиеја на УДБА. – Мојот дедо чие име го носам, Никола Србов учествувал во гимназијата во вмровската група во Гевгелија, каде […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2016 14:24
•
Posted by: MK News
Здравството не е иделано, има и ќе има многу проблеми и предизвици, но секогаш кога го оценувате правете го низ призма на споредба – какво било и какво е сега. Немаме најдобар здравствен систем, но тој постојано се развива и, согласно со мудра стратегија, се инвестира еднакво во сите негови столбови – во инфраструктура, опрема […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 21:59
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денес на прес-конференцијата која се одржа во ЕУ Инфоцентарот истакна дека претстојните избори се многу важни и дека тие треба да се спроведат на начин по кој никој нема да може да ги критикува. Подготовките и спроведувањето на изборите се во согласност со присуство на ОДХР и институциите. Во врска […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 21:18
•
Posted by: MK News
Командирот на противпожарната бригада на град Скопје Благоја Менковски е разрешен. На негово место веднаш е именуван Ѕвонко Томески. Менковски го потврди неговото разрешување, но не сакаше да коментира ниту за причините, ниту дали го очекувал ова. Тој само рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години. – Досега, речиси 17 години […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 21:07
•
Posted by: MK News
Трикратниот шампион во формула 1 Ники Лауда вечерва ќе претстојува во Македонија. Неговото присуство како бренд амбасадор е по повод отворањето на нов дел на Казиното Фламинго во Гевгелија. На оваа свеченост ќе биде присутен и амбасадорот на Република Австрија во Македонија. Лауда е трикратен шампион во формула 1 (1975, 1977 и 1984). Во својата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 20:52
•
Posted by: MK News
Нема време за нови закони, бидејќи за тоа треба да се прават и нови договори, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јохенс Хан, одговарајќи на прашањето дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО. „Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 20:50
•
Posted by: MK News
Политичката криза во нашата држава трае предолго. Таа е наметната од опозицијата. Кризата предизвикува не само политичка штета, туку и економска. Го раѓа разбирливото чувство на загриженост и несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на оние кои ја предизвикаа- забавување на растот, забавување на реформите, донесување на деструкција и конфликтност, истакна денес […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 20:49
•
Posted by: MK News
По Србија, Црна Гора и Словенија, уште една балканска земја им ја забранува својата музика на македонските радија и телевизии. Со одлука на Управниот одбор на хрватската организација ХДС- ЗАМП, се забранува користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија. Оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 17:52
•
Posted by: MK News
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави викенд на отчетност, реални проекти и дела. Следниве три дена ќе има партиски настани, собири и трибини на кои ќе се дискутираат нашите проекти, постигнувања, но и генерални политики. Во Македонска Опера и Балет (МОБ), мала сала, во 17:30 часот ќе се одржи Панел дискусија „Видливи и реални проекти“ (низ призмата на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2016 17:50
•
Posted by: MK News
Сончево време со слаб ветер в сабота, а дожд и заладување в недела, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за претстојниот викенд. Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, најпрвин од западната страна на земјата. Преку денот ќе дува слаб до умерен […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2016 21:33
•
Posted by: MK News
Времето утре ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува јужен, а долж Повардарието југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 18 до 25 степени Во Скопје сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2016 15:39
•
Posted by: MK News
Во Собранието на Република Македонија означено е завршувањето на реконструкцијата, надградбата и доградбата на објектот. Објектот на Собранието е изграден во 1938 година, а неговата реконструкција, надградба и доградба започна пред шест години.Завршувањето на работите на објектот беше прогласено на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на востанието, кое се одржа во Собранието […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2016 14:54
•
Posted by: MK News
Земјотрес со јачина од 2,5 степени утринава во 7:58 часот е почувствуван во Македонија.Според податоците од Европската сеизмолошка станица, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Делчево, а на длабочина од 2 километри.
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2016 14:52
•
Posted by: MK News
Зоран Маџиров, познатиот музичар, сè уште е приклучен на апарати за дишење и нема промена во неговата здравствена состојба по сообраќајката во која тој беше тешко повреден, а се случи пред пет дена. Од Клиниката за реанимација при скопските клиники велат дека прават сè за да му ја подобрат здравствената состојба. Сообраќајката во која тој […]
______________________________________________________________________________________________________