20/07/2016 16:56
•
Posted by: MK News
Пингвини, слон, мајмуни, морски лавови и фламинго птици се само дел од егзотичните животни кои скопјани наскоро ќе може да ги откријат при посетата на Зоолошката градина во Скопје. За да се овозможи нивен престој, од Зоолошката градина во континуитет работат на реконструкција на постојните и на изградба на нови живеалишта. Веќе е потпишан договор […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2016 16:54
•
Posted by: MK News
Веќе пет дена ни трага ни глас од таткото и синот кои се загубија на падините на Бистра. Во потрагата по нив, се вклучија и полицијата и мештаните на Лазарополе. За деталите од потрагата, како и за тоа каде се упатиле таткото и синот од Скопје кои имаат куќа во Лазарополе, пред да им се […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2016 16:47
•
Posted by: MK News
Народната банка на Република Македонија соопшти дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/16). Од НБРМ соопштија дека на аверсот на кованата пара „Владимирска“ во централниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2016 16:29
•
Posted by: MK News
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи ја започна оперативната акција „Којот“, при што беше разбиена криминална група на подрачјето на Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје. Во текот на минатата ноќ па се до утринските часови извршени се претреси на дом и други простории на 24 локации во Велес, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2016 16:24
•
Posted by: MK News
Петнаесет смени на раководни позиции и 10% од хоризонталните смени направени од 2014 година во МВР. Министрите на СДСМ по изборите си заминуваат од позициите во Владата. Ваков договор е пред потпис на преговарачките тимови, јавува 24 Вести повикувајќи се на неименувани извори. Согласно Договорот, новата преодна Влада би требало да се формира на крајот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2016 16:53
•
Posted by: MK News
На страната на ѕидот на сообраќајниот срам е поставено видео на кое се гледа дека за минута е избегната голема трагедија. Автобус полн со патници ја игнорирал рампата која сигнализира дека поминува воз. Оваа снимка е направена во Волково.
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2016 15:45
•
Posted by: MK News
Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд од Велес донесе одлука со која се одобрува обвинителниот акт поднесен против тројца лекари, еден анестезиолог и двајца гинеколози од Гевгелија кои официјално од денес се обвинети за за несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во општата болница во Гевгелија, зафат што резултираше […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2016 15:18
•
Posted by: MK News
Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Kако што велат градските власти, на годишно ниво имаат десетина тужби од граѓани поради напади од бездомните кучиња. Дневно во просек во Скопје се уловуваат од 120 до 170 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2016 15:09
•
Posted by: MK News
Разговорите меѓу политичките партии ќе продолжат утре откако денеска повторно не е постигнат договор, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли по завршувањето на средбата во Клубот на пратениците. Денешните разговори за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која што ќе ги спроведува изборите траеја два часа. Пред почетокот на средбата изјави […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2016 14:12
•
Posted by: MK News
Полицијата продолжува со потрагата по Љ.М. (78) и неговиот син С.М. (50) кои уште во четвртокот, на 14 јули излегле од нивната викендичка во Лазарополе на прошетка по падините на Бистра и се загубиле. Случајот бил пријавен на 14 јули околу 14 часот, а последниот контакт со нив бил истиот ден околу 22 часот кога […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2016 14:44
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор за новинарот Зоран Божиновски. Овој обвинителен акт доаѓа поради основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена, извести ОЈО, јавува Курир.мк. Инаку, за овие […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2016 14:38
•
Posted by: MK News
Сите македонски туристи кои планираат да ја посетат Турција во наредните десет дена, да престојуваат исклучиво во хотели и капацитети со пет ѕвезди, порача денеска претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим. Како што истакна Керим на прес-конференција, голем е бројот на македонски туристи што моментно престојуваат во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2016 14:35
•
Posted by: MK News
Два часа по полноќ на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Според податоците од македонската полиција, 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи моторцикл „Сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 38-годишниот пешак И.С. од селото Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со своето возило „БМВ“ со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2016 13:24
•
Posted by: MK News
Уживајте додека можете во свежото време. Денешниот очигледно ќе биде единствениот таков до крајот на овој месец, доколку се исклучат утрешниот ден и средата, кога според прогнозите не чека за некој степен посвежо време од она што сме навикнале за средината на јули. Веќе до крајот на неделата, а особено во првиот ден од викендот, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2016 13:12
•
Posted by: MK News
Денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочат заштитените сведоци за ланските немили настани во кумановската населба Диво Насеље каде беа убиени 8 припадници на МВР, а 14 беа тешко повредени. Бидејќи станува збор за заштитени сведоци, денешното рочиште е затворено за јавноста. До крајот на август останатите рочишта од овој предмет ќе бидат затворени за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2016 20:47
•
Posted by: MK News
Повеќе илјади посетители од Македонија и од странство имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи кои започнаа од синоќа и продолжија денеска. Годинава во центарот на вниманието беа зетот, 28-годишниот Александар Ристески, и четири години помладата невеста Сандра Станковиќ, двајцата од Скопје. Манифестацијата Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Со […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:54
•
Posted by: MK News
Вкупно 297 деца од неколку основни училишта од тетовско до недела се во извиднички камп близу Анкара. Македонското министерство за надворешни работи за ТВ Нова ја потврди оваа информација, воедно информира дека децата се на безбедно, лоцирани се далеку од немирите во Анкара и ноќта ја минале мирно. Ова е прва група на деца која […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:34
•
Posted by: MK News
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во текот на ноќта оствари телефонски разговор со турскиот колега Мевљут Чавушоглу. -Беше потврдено дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани. Во разговорот, Попоски истакна дека Република […]
______________________________________________________________________________________________________