Archive | Македонија RSS feed for this section

ТВ Нова со 6 часа програма во живо ноќеска – еве што се се случуваше во Турција (ВИДЕО)

Експлозија на аеродромот во Истанбул – живо јавување на Александар Видиновски, новинар на ТВ Нова кој цела ноќ беше заглавен на аеродромот 6 часа програма со многу јавувања во живо на телевизијата ТВ Нова .. погледнете што се се случуваше од минута во минута во Турција ноќеска  

______________________________________________________________________________________________________

Туркиш ерлајнс ги откажа и вечерните летови Истанбул-Скопје и Скопје-Истанбул

По откажувањето на утринските, откажани се и вечерните летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ на аеродромот ТАВ-„Александар Велики“: откажано е полетувањето на ТК 1006 во 22.55 минути од Скопје за Истанбул, како и слетувањето на авионот ТК 1005 од Истанбул во Скопје во 20 часот. Според веб-страницата на ТАВ – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на […]

______________________________________________________________________________________________________

Кабинетот на Иванов: Претседателот ги следи настаните во Турција, АРМ со мерки за заштита на државната граница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со особено внимание ги следи настаните и развојот на состојбите во пријателска Република Турција и е во постојан контакт со сите безбедносни институции во Република Македонија, со Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот. […]

______________________________________________________________________________________________________

Шест и пол години робија за возачот што ја прегази студентката Фросина

Кривичниот суд денеска го прогласи за виновен и го осуди на казна затвор од шест години и шест месеци возачот кој во април минатата година ја прегази студентката Фросина Цековска на булеварот Партизански одреди во близина на Универзалната сала. Во несреќата, од ударот, Цековска почина на самото место. „Ценејќи ги сите материјални и вербални докази […]

______________________________________________________________________________________________________

Невреме во Прилеп

Силно невреме кое го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи, се смири. Полавените површини од градскиот плоштад и улиците веќе се санирани. Ветрот донесе облаци, кои за брзо време почнаа силен дожд и грмежи. Во центарот на градот во тек е фестивалот „Пивофест 2016“, На програмата денеска е Каролина Гочева и Хари […]

______________________________________________________________________________________________________

Златко Мојсоски за ТВ Нова од Ница: Беше хорор, да не се доживее тоа

Репрезентативниот ракометар Златко Мојсоски се наоѓал во Ница, Франција за време синоќешниот терористички напад во кој животот го загубија најмалку 84 луѓе, а преку 120 се повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринската темепратура ќе се движи од 13 до 19, а дневната 21 до […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се вработат 600 полицајци – МВР објави нов оглас

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава. Огласот, е објавен во дел од дневните весници. Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од кандидатите, односно 100 од нив, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пороен дожд попладне со грмежи и ветер

Времето во Македонија претпладне сончево и топло. Попладне под влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса ќе настапи значителна промена на времето. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве како може да ја контактирате македонската амбасада во Париз

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Ница, Франција и најостро ги осудува овие напади во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени. -Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син се изгубија на Бистра, полицијата и мештаните од Лазарополе во потрага

Полицијата и мештани од селото Лазарополе и утрово трагаат по две лица кои од вчера заскитале на планината Бистра. Според СВР Тетово, последниот контакт, со нив синоќа го оствариле блиски роднини. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информираше дека скопјанка, вчера околу 13 часот пријавила оти нејзиниот татко Љ.М. (78) братот С.М. (50), кои престојувале […]

______________________________________________________________________________________________________

Најмалку 100-тина Македонци се во Ница и околината

Најмалку 100-тина Македонци се во Ница или околината, но немаме информации за евентуални жртви, објави весникот „Вечер“.Преку социјалните мрежи јавуваат дека се во зоната на нападот, но дека се живи и здрави.

______________________________________________________________________________________________________

Ја давел со врвка и ја претепал во црква

Непознато лице во средата без повод и причина претепал шеесет и четиригодишна гевгеличанка која завршила во Ургентен центар во Скопје со крварење во мозокот. Напаѓачот попладнето околу 15 часот, во просториите на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, се обидел да ја удави жената со врвка од обувка, но откако не успеал почнал да […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистар на педофили во Македонија – по име презиме и адреса

Во Македонија од 2012 година постои регистар на педофили, со кој на интернет адресата на регистарот, може да направите пребарување по име презиме и по адреса -Посебниот регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, координиран од страна на Министерството за труд и социјална политика […]

______________________________________________________________________________________________________

По Петровден Павловден: Ако работите денеска, може да ви се случи страшна несреќа

Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името […]

______________________________________________________________________________________________________

Подгответе се за пеколни горештини- Македонија од утре во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре Македонија ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Ова најбогатите Македонци – Меѓу нив само една жена!

Според истражувањето спроведено од Европската компанија за истражување на богатство Велт Х, во Македонија има 35 мултимилионери. Заедно, тие вредат околу 4 милијарди долари или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари. 1. Минчо Јорданов – најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992-ра година каде што бил ангажиран во […]

______________________________________________________________________________________________________

Французин трчал по авион – драма на скопскиот Аеродромо

Вистинска драма се одвивала на Аеродромот „Аеродром Александар Велики“- Скопје утрово во 04 часот и 30 минути. За излез од Македонија кон Виена се пријавил Французин кој се упатил на Гејт 201 каде чекал да ги повикаат патниците кои ќе патуваат за Виена. Патникот чекајќи заспал на столиците и го пропуштил летот, а откако се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1