28/09/2020 17:52
•
Posted by: MK News
Три деца и еден вработен се новите случаи со Ковид-19 во скопски градинки. Брат и сестра кои биле згрижени во воспитно образовната установа “Срничка” во Аеродром викендот имале позитивен тест на Корона вирусот. Останатите деца и вработените кои биле во контакт со нив се во изолација. Третото заболено дете посетувало градинка во Ѓорче Петров, информираат […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:50
•
Posted by: MK News
Заѕвони првото онлајн ѕвонче за дел од учениците кои се решија за онлајн настава. Часовите се одржаа на палтформата скулс.мк и траеја околу 10 минути. Интернет часовите беа пробни и не се сметаа за дел од официјалната настава која според владините најави треба да почне во четврток. Но, кратко откога завонија онлајн ѕвончињата платформата „падна“. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:47
•
Posted by: MK News
Националната платформата за далечинско учење скулс мк е достапна за употреба. Училиштата веќе ги добиле корисничките имиња и лозинките за сите ученици и треба да ги достават до родителите за да може да ја тестираат платформата. Министерството за образование апелира тоа да се направи викендов пред почетокот на учебната година која треба да стартува за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 14:07
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава. -Верувам дека ние како премиери, така и нашите министри ќе водат грижа дека на крајот треба да се договориме и да најдеме решение каде што […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 14:04
•
Posted by: MK News
Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19, место се чувало само за помладите заболени од корона вирус на кои им треба хоспитализација. Ова денеска го истакнаа прилепските инфектолози на состанокот на кризниот штаб во Прилеп, кој пак се одржа поради тоа што бројот на заболени […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 14:02
•
Posted by: MK News
Полицискиот службеник кој најтешко беше повреден во синоќешниот инцидент со дрвокрадци е во стабилна состојба и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија, изјави за Сител директорот на Установата д-р Владимир Рендевски. -Полицаецот се здобил со повреди и скршеници на главата и лицето, како и скршеница на раката и неговата здравствена состојба засега е стабилна, вели […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 13:58
•
Posted by: MK News
Во текот на наредните неколку дена, а особено утре, како резултат на циклонска активност, се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни со над 30 литри на квадратен метар, во вид на невреме и проследени со засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2020 19:31
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата. -Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2020 16:53
•
Posted by: MK News
Непосредно пред завршниот збор за судењето, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во предметот. Тогашната советничка, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски се ослободени од обвинението. „ Сега си ја докажав правдата и сега можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега, излегува токму спротивното […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2020 16:46
•
Posted by: MK News
Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Во Владата разговараме во однос […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2020 16:45
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:45
•
Posted by: MK News
Откако му се влошила состојбата вчера во текот на денот Љубе Бошкоски, поранешниот министер, хоспитализиран на Инфективнта клиника. Нема подетални информации за неговото здравје, но според медиумите ситуацијата се искомплицирала. Бошкоски е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, а за тоа самиот извести. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:30
•
Posted by: MK News
Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:27
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека првата официјална посета како премиер новата Влада очекува да биде на Бугарија, каде што со премиерот Бојко Борисов ќе разговараат за Гоце Делчев. Заев очекува дека посетата ќе се одржи пред закажаното одржување на Берлинскиот процес на 10 ноември, со кој заеднички претседаваат Македонија и Бугарија. -Очекуваме во периодот, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:25
•
Posted by: MK News
Претседателот Пендаровски не може ниту да помисли дека Македонија може повторно да оди во карантин поради нови проблеми со корона вирусот. Шефот на државата по седницата на Советот за безбедност рече дека негов личен став е дека враќање на нај рестриктивните мерки не треба да има. Пендаровски рече дека државниот врв на својата прва седница […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:23
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев, Љупчо Николовски и Венко Филипче казнети бидејќи возеле мотори без кациги. Казните следуваат откако низ социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како премиерот Зоран Заев со Николовски и Филипче возат мотори без да ги почитуваат сообраќајните правила. И додека @o_spasovski спроведува акција против мотоциклисти во Скопје, неговиот газда @Zoran_Zaev […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:20
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2020 17:26
•
Posted by: MK News
Комисијата за заштита од заразни болести останува на препораката дека училиштата може да почнат со работа. За дневниот престој се чекаат конечните бројки од МОН, изјави министерот за здравство Венко Филипче. -Да, засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ако го пратиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките […]
______________________________________________________________________________________________________