12/05/2015 13:37
•
Posted by: MK News
Целата зона на судир е точно препознатлива, небаре обележана и заокружена и како со хируршки нож отсечена и одвоена. Иако се работи за исклучително густо населена зона во центарот на градот во која куќите се на два и на три ката, мал е бројот на оние што се оштетени. Куќа до куќа… Едната оштетена од рафалите […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 13:31
•
Posted by: MK News
Македонската полиција објави снимка од акцијата во Куманово, на која се гледа уапсената група на терористи поради која Куманово беше два дена под опсада. Може да се види и местото каде што беа најжестоките судири на полицијата и терористите, како и оружјето кое беше запленето во оваа прилика. Во сабота за време на целиот ден […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 11:00
•
Posted by: MK News
Македонската полиција вчера упаси 28 припадници на терористичката група од кои 14 се дојдени од територијата на Косово и Метохија. Во јавноста протече информација за комплетните имиња и презимиња на уапсените припадници на вооружената група Албанци кои се судрија со македонската полиција во “Дивата населба” во Куманово, пренесува Точка.ком.мк. Македонската полиција во акцијата уапси 28 […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 09:55
•
Posted by: MK News
Тоа што се забележува во собите од било кој дом погоден од оган се дупки во ѕидовите за кои првично мислевме дека се направени од гранатирање, но во подоцнежна консултација со експерти, ни беше посочено дека дупките кои членовите ги правеле се направени во обид да се префрлуваат од еден двор во друг, пишува Кумановскимуабети.мк. Како […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 09:44
•
Posted by: MK News
Единаесет припадници на МВР кои се здобија со повреди во терористичкиот напад во Куманово и беа хоспитализирани на скопските клиники се пуштени на домашно лекување, а дваесет и шест други се задржани, но се во стабилна состојба. Во судирот на македонската полиција со терористите во Дива населба животот го загубија осум припадници на МВР.
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 09:40
•
Posted by: MK News
-Сите граѓани, стари и млади и од сите националности Ве повикуваме да се собереме на плоштадите во 23 градови во Република Макдонија да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција. Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 09:27
•
Posted by: MK News
Владата формираше комисија за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот во местото каде што се одвиваше акцијата, која во рок од 7 дена треба да излезе на терен и да подготви и достави до Владата извештај за процената на штета. Комисијата е составена од претставници на Владата и Општина Куманово. Владата зазема став […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2015 09:26
•
Posted by: MK News
Владата одлучи на медицинскиот персонал ангажиран во време на полициската акција во Куманово, во Ургентниот центар на Комплексот клиники Мајка Тереза, во Општата градска болница 8 Септември – Скопје, во Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски – Скопје, во Општата градска болница во Куманово, во Итната медицинска помош во Скопје, во Итната медицинска […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 23:25
•
Posted by: MK News
На денешната седница Владата на Република Македонија, разгледувајќи ја точката на дневен ред во врска со полициската акција во Куманово, одлучи за следното. Владата одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност. На загинатите припадници на полицијата кои […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 21:44
•
Posted by: MK News
Поради експлозија во трафостаницата Водно-Козле, повеќе скопски населби останаа без струја. Според инфорамциите, без струја се жителите на Водно, Козле, Карпош 1 и 2, Капиштец, Тафталиџе и Црниче. Најавено е дека дефектот брзо ќе биде отстранет. Од ЕВН велат дека станува збор за дефект на 110 кв трафостаница и нивните екипи се на терен и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 20:13
•
Posted by: MK News
„Што и да напишам е малце и ова што го пишувам го пишувам со созли во очите, ти беше пример за прав специјалец, ти беше мојот херој, мојот идол, ангелу наш засекогаш ќе бидеш во нашите срца, никогаш нема да бидеш заборавен! Почивај во мир тато, нека ти е лесна земјата, те сакам“. Ова е […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 19:14
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи објави видео снимка, дел од акцијата спроведена во кумановска Дива населба.
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 18:27
•
Posted by: MK News
Централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција на седницата одржана на 11ти мај 2015 година во седиштето на партијата во Тетово дискутираше за случувањата во Куманово и безбедносната ситуација во земјата. Сите органи на ДУИ одблизу ги имаат следено сите случувања во Куманово на 9 и 10ти мај 2015 и биле во постојан и директен […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 17:57
•
Posted by: MK News
Еден од уапсените терорити кои се предадоа на истрагата и признал дека негова цел требало да бидат случајни минувачи на Камениот Мост во Скопје Камениот мост и држвни институции им биле на мета на терористите. Извори од истрагата говорат дека некои од приведените во полициска станица признале кои биле планираните цели за напад, јавува МТВ. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 17:19
•
Posted by: MK News
Терористите против кои викендов се водеше жестока битка во Куманово, според информации од истрагата, во Дива населба почнале да влегуваат околу 7-ми месецов, откако претходно, во првите два-три дена од месецов се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор. Дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 16:24
•
Posted by: MK News
Македонија тагува по своите загубени припадници на безбедносните сили. Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители. Љубиша Арангеловиќ имаше 49 години. Зад себе остави сопруга и два полнолетни синa. Аранѓеловиќ и неговиот колега Горан Стојменовиќ беа последните кои загинаа од полициските редови. Вчера Македонија се прости од 32 годишниот Сашо Самојлоски од Тетово, 40 годишниот Горан […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 15:37
•
Posted by: MK News
Знамињата пред општина Струга не се спуштени на половина копје. За градоначалникот Зијадин Села не важи одлуката на Владата донесена на вонредна седница за определување на 10 и 11 мај за денови на жалост во земјата по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на МВР во полициската акција за разбивање на големата терористичка група […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 15:14
•
Posted by: MK News
На социјалната мрежа фејсбук се споделува писмо – статус од македонка со албанска националност, писмо кое секој македонец треба да го прочита и да го стави прстот на чело. ИМАМЕ ЛИ СИЛА И НАШИТЕ ДЕЦА ДА ЖИВЕАТ ВО СЛОГА КАКО ШТО ЗЕХРА И ПОВОЗРАСНИТЕ СЕ СЕЌАВААТ ДЕКА ЖИВЕЕЛЕ? Да бираме само меѓу ЛУЃЕ И НЕЛУЃЕ!
______________________________________________________________________________________________________