11/05/2015 14:32
•
Posted by: MK News
Вчера во неколку одвоени групи беа спроведени вкупно 30 лица осомничени за повеќе кривични дела по предлог на основното обвинителство за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор. Станува збор за 18 лица државјани на Косово, 2-ца македонски државјани со привремен престој во Косово, 9 лица државјани на РМ и едно лице албански државјанин […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 13:43
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство во врска со здравствената состојба на хоспитализираните припадници на безбедносните сили на Република Македонија, информира дека на Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба. Исто така, во ГОБ 8 Септември се згрижени 9 припадници на безбедносните сили на РМ, сите се во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 13:41
•
Posted by: MK News
Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор. Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл. 313 и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Српскиот водечки експерт за безбедносни прашања Мирослав Лазански за Сител изјави дека нема шанса западните тајни служби да не знаеле за влезот на терористите во Македонија. Со оглед на нивниот број и опрема што јха поседувале тие морале да бидат забележани од странските служби присутни во Косово смета Лазански. Српскиот аналитичар кој има одлични контакти […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Доцна попладнево од кумановскиот реон каде беа судирите меѓу полицијата и вооружената терористичка група се повлече механизираната единица на МВР со хермелини и оклопни борни возила. На фотографијата се гледа извлекување на борбено возило на полицијата попладнево, на него имаше траги од куршуми на предното стакло на возачката кабина.
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:41
•
Posted by: MK News
Македонија земјо моја најмила, секогаш и секаде ние први одиме. За тебе живот даваме, Македонија. Секогаш и секаде ние ќе се бориме. Ова е песната на Единицата за брзо распоредување која гордо и моќно пред речиси една година ја кажаа новите 113 припадници на полициската единица.
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Љубиша Аранѓеловиќ (66) Скопје Горан Стојменовиќ (70) Миладиновци Скопје Сашо Самојловски, (82) Брвеница Тетово Бобан Ивановиќ, (68) Стајковци Скопје Горан Илиевски, (74) Гостивар Исамедин Османи, (83) Студеничани Скопје Жарко Кузмановски – Брвеница Тетово (81) Ненад Серафимовски (87) од Зубовце Гостивар – се имињата на загинатите бранители во Куманово.
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:22
•
Posted by: MK News
Голем број Албанци од Куманово преминале во неделата на територијата на Косово, каде што, како што објави вечерта ТВ Кохависион се сместиле во страв од оружените дејства во македонскиот град, додека локалните власти на Прешево во јужна Србија соопштија дека од саботата во општината пристигнале 700 Албанци од Македонија, пренесува Макфакс. Анкетираните македонски Албанци од […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:16
•
Posted by: MK News
Шестмина од полицајците кои учествувале во акцијата биле ранети на исклучително подмолен начин, изјави синоќа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Според информациите еден од загинатите полицајци бил буквално држен на нишан од терористите во моментот кога нивните соборци наводно сакале да се предадат. Првиот полицаец што пристапил да ги апси бил погоден од смртоносен […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:11
•
Posted by: MK News
Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население започна со враќање во своите домови, но само во оние делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2015 09:01
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, а ќе дува и умерен, на места засилен северен ветер, особено долж Повардарието, што ќе придонесе дневните температури дa опаднат. Температуата од 11 до 21 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, а ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 21:54
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи објави фотографии од терористите во полициска станица.
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 21:48
•
Posted by: MK News
На страницата на Фејсбук на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ објавени се фотографии од осуммината припадници на полицијата кои вчера го загубија животот во вооружениот суди во Арачиново. „ Полицајци кои ги дадоа своите животи за Македонија. СЛАВА ИМ!“, пишува под фотографијата
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 21:42
•
Posted by: MK News
Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители. Вечна им слава и Бог да ги прости и подари рај. Ова видео е посветено на нив:
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 21:38
•
Posted by: MK News
Слушнете што има да каже за камерата на 24 вести овој Албанец кој живее во Куманово. Како тој гледа на односите помеѓу Албанците и Македонците?
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 21:25
•
Posted by: MK News
На Македонија и се случува она на што предупредував уште пред неколку месеци во моето излагање на Советот за безбедност во Обединетите нации. Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат, за тоа што се обидоа да и го сторат на Македонија и нејзините граѓани рече претседателот Ѓорѓе Иванов по завршувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 20:24
•
Posted by: MK News
Сами Укшини, т.н. командант Соколи еден од тројцата лидери на вооружената група кои се предадоа синоќа бил дел од прислушуваните и објавени разговори од страна на Зоран Заев, објави Алсат-М телевизија. Во овој разговор Сами Укшини комуницира со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Разговорот нема ништо суштинско, но само покажува пријателските односи меѓу овие двајца. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 20:16
•
Posted by: MK News
Акцијата во Диво насеље во Куманово заврши, но на повлекување терористите поставиле мини. Поради ова жителите на оваа кумановска населба уште не може да се вратат во своите домови, објавува Република.мк – Нашите служби вршат деминирање, со цел да нема жртви. По завршување на деминирањето, може слободно да се вратите. Булеварот нека биле слободен. Можно […]
______________________________________________________________________________________________________