26/11/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Со образложение дека Македонија ја нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот косовската Влада ја тужи земјава пред Европската комисија и бара Македонија да запре со субвенционирање на авиобилети, објави приштинската телевизија KTV. Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација соопштиле дека очекуваат набрзо оваа жалба да добие позитивна разврска. Оваа одлука на Косово беше откриена на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 21:22
•
Posted by: MK News
Весникот Вест со ексклузивна сторија за тоа како се шверцува во затворот Идризово. Пред затворската капија затекнале врвулица од луѓе. Ден за посета и пред влезот чекаа 50-ина, што мажи што жени, но и по некое дете. Наредени во редот, од една во друга рака ги префрлаа претешките торби преполни со сe и сешто, и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 20:11
•
Posted by: MK News
Љубовникот на сопругата на тројниот убиец од Злетово во последен момент спасил жива глава. Меѓу соседите во Злетово се коментира дека професионалниот војник Драганчо имал намера да го убие токму него. Целата сцена се случувала пред блиската продавничка. Според неофицијални информации, чичкото на љубовникот на неговата сопруга е само случајна жртва во страшниот чин. Имено, љубовникот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 13:14
•
Posted by: MK News
Уште еден зет, овојпат професионален војник кој исто така дури три пати бил пријавуван за семејно насилство, синоќа извршил тројно убиство. Според првичните информации Д.М. убиството го извршил со армискиот „калашников”, јавува МКД.мк. Тој пред убиството бил на стража во армиски објект во Куманово и од таму, по завршување на смената си го зел и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 13:02
•
Posted by: MK News
Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип. Убиени се двајца мажи и една жена со огнено оружје. Убиецот што ги застрела веднаш избегал и полицијата трага по него . На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 11:53
•
Posted by: MK News
Откриен е идентитетот на трите лица кои утринава беа убиени на две локации во пробиштипско Злетово. Како што дознава порталот Курир, во семејниот дом, од зетот за ќерка, убиени беа сопружниците Илија М. (65) и Јана М. (63). 40 годишниот Драган Манаилов утрово околу 7 часот го убил 50- годишниот маж Методи М. кој бил инспектор […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Македонски државјанин за малку ќе заглавел во хрватски затвор како криминалец оти не пријавил навреме дека пасошот што му бил изгубен во меѓувреме го пронашол. Македонецот летоска заминал на одмор во Хрватска, но на границата бил уапсен под сомневање дека користи туѓ пасош. Kога нашинецот ја покажал патната исправа на хрватските полицајци, тие веднаш утврдиле […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 11:44
•
Posted by: MK News
Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип, јавува МИА. На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Здраствената состојба на тешкоповредениот Даниел Б.(23), кој завчера ноќта беше избоден со нож во Ново Лисиче се подобрува, но с` Полицијата с` уште не го расчистила инцидентот, иако постојат две верзии како биле прободени со нож во нозе двете момчиња, пишува Дневник. Даниел изгубил многу крв, бидејќи убодот завршил во една од главните артерии. Брзата […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Ни новоградбите, ниту пак значително реконструираните објекти нема да можат да се пуштат во употреба без сертификат за енергетска ефикасност. Ова се предвидува со новопредложените измени на Законот за градење доставени во Собранието минатата недела, пишува Вечер. Според измените, инвеститорите на овие градби, по завршувањето на градењето треба да обезбедат соодветен сертификат за енергетски карактеристики […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 09:36
•
Posted by: MK News
За време на викендот дури 278 дечиња биле третирани во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести. Според директорката на клниката Аспазија Софијанова, ова е рекордна бројка на болни деца, пишува Здравство 24. Од температура до дехидратација. Дел биле само прегледани но дел и хоспитализирани поради сериозност на клиничката слика. Според извештајот на дежурните […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Нови станбено-деловни и образовни објекти ќе никнат во Градски парк. Зградите ќе се градат на местото на добро познатите скопски кафеани лоцирани во паркот, Томче Софка и поранешна Ања. На местото на овие угостителски објекти кои се една од омилените дестинации на граѓаните за кафе-шема, особено за викендите, ќе се дигнат повеќекатници и тоа еден […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Експремиерот Владо Бучковски за 8 дена ќе треба да оди во затвор. -Бучковски откако добил упатен акт за издржување на казната побарал одлагање за да ги заврши веќе отпочнатите обврски на Правниот факултет, но судијата за извршување санкции ја одбил одлуката како неоснована по што тој поднел жалба и до кривичниот совет и навел дека […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Поради подобрување на квалитетот на дитрибутивната мрежа, компанијата ЕВН најави прекин во доставата на електрична енергија во повеќе населени места низ Македонија. За да проверите дали е можно денеска да останете без струја во одреден период од денот, следете го овој линк
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2014 14:30
•
Posted by: MK News
Цени слични како ланските, но со поволност за ранобудните. Да се надеваме дека снегот ќе ги послужи годинава. Клик на сликата подолу за да ги видите деталите. Press24
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2014 14:15
•
Posted by: MK News
Законот против пушење во затворени простории, особено кафеани, се почитува пред се од функционерите а потоа и од граѓаните. Ако влезе инспектор во кафеана, според миризбата на чадот цени дали кафената ќе биде казнета и затворена. Но, не мора да мириса, еве му слика од сторено дело на слика – а на сликата, градоначалникот на Струга, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2014 12:27
•
Posted by: MK News
Се стабилизира состојабата на момчето кое беше рането со нож во жесток напад во петокот навечер, дознава Курир. Како што бевме информирани од дежурниот тим на КАРИЛ, момчето во моментов е свесно и контактибилно, но повредите се сериозни. Курир дознава дека момчето има сериозни рани и постои голема закана состојбата да се комплицира. Се уште […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2014 12:23
•
Posted by: MK News
Во Скопје, вчера ненадејно почина претседателот на Одборот на директори на Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија Оливер Костуранов. Од компанијата информираат дека Костуранов ја вршеше функцијата претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција со голем ентузијазам. Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со искрено […]
______________________________________________________________________________________________________