08/10/2014 21:36
•
Posted by: MK News
Во голема акција уапсени се 25 лица од Судот за прекршоци во Скопје. Приведени се 14 судии и 11 судски службеници кои се осомничени за несовесно работење со што ја оштетиле државата за повеќе од еден милион и триста илјади евра. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска предмалку на прес конференција изјави дека групата осомничени […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 16:35
•
Posted by: MK News
Евица Бојаџиева е 34-годишна мајка на две малолетни деца и докторка.Боледува од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста. Единствен третман беше само хемотерапија која Евица ја прима веќе две години и кон […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 15:49
•
Posted by: MK News
Одделот за искоренување организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје, во рамки на акцијата „Јустиција“, поднесе кривична пријава за 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и за 11 судски службеници од истиот суд осомничени за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Министерката за внатрешни работи […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 13:13
•
Posted by: MK News
Поради честите врнежи се појавија најразлични видови, но најмногу ја има зелената пупавка. Овој вид е двојник на младите шампињони од кои се затруле таткото и синот од Прилеп. Отровна печурка расте во букови шуми, но може да се прошири и да стигне до ливадите каде најчесто се берат шампињони. Токму од овие печурки истиов […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 11:10
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден во МВР била завршена анализата на примероците од плунка земени од родителите на Дениса Маркоска, 23-годишната прилепчанка која на 12-ти септември исчезна во Егејското Море од бродот Серенисима на кој работела, пишува Канал 5. ДНК-примероците од родителите се завршени и испратени преку Интерпол во Грција, изјави за Канал 5, Марија […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 10:43
•
Posted by: MK News
Десетина судии утрово се уапсени во голема акција на полицијата во Скопскиот суд. Покрај нив со лисици на рацете завршиле уште десетина стручни соработници, сите приведени се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување. Дваесет и пет лица од Основниот суд Скопје 1 – оддел за прекршоци, од кои 13 судии, изутрината се приведени поради […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 10:32
•
Posted by: MK News
Најмалку тројца судии од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 по налог на јавното обвинителство се приведени утринава од полицијата. Веста ја потврди МВР. Неофицијално, судиите биле приведени за злоупотреба на службената положба. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека засега и тие чекаат повратна информација од полицијата за акцијата, а од МВР […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 10:17
•
Posted by: MK News
Една година затвор доби велешкиот хирург Петре Кодовски, бидејќи е утврдено дека тој е виновен за смртта на десетгодишниот Месерт Зекиров, кој почина на 31 мај 2010 година. „Утрински весник“ пишува дека пресудата во Основниот суд во Велес е донесена врз основа на вештачењето на стручните лица од Институтот за судска медицина и вештачење на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 10:12
•
Posted by: MK News
Големо апсење утрово се спроведува во Скопскиот прекршочен суд неофицијално дознава Пресс24 од полициски извори. Според информациите приведени се повеќе судии. Од МВР потврдуваат дека се врши полициска акција но не откриваат повеќе детали. Повеќе детали најавуваат во текот на денот.
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 10:07
•
Posted by: MK News
Интерпол бара 26 македонци. Од бараните 6 се од македонска националност а 17 од албанска. Најголем дел од потерниците се распишани од Хрватска. Дури 9 македонци се бараат преку Интерпол за кражби во Хрватска, потерници има и од Германија, Албанија, Словенија, Америка… Најмногу се барани за кражби, но има и случаи на киднапирање, убиство, воено […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:48
•
Posted by: MK News
По долгогодишен прекин, во Охрид од утре ќе бидат воведени две линии за градски автобуски превоз, што ќе го поврзуваат централното градско подрачје со периферните делови од градот. Како што беше појаснето на денешната прес-конференција, автобусите на автобускиот превизник „Галеб“ ќе сообраќаат секој ден во периодот од понеделник до сабота од 5:30 наутро до 22:30 […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:44
•
Posted by: MK News
Нас никој официјално не не контактирал за да не информира во врска со пронајдениот труп во водите на Егејското Море….ништо не знаеме, освен она што го слушнавме од медиумите, затоа ја отфрламе можноста дека станува збор за нашата Дениса” – ова, синоќа, за Сител, телефонски го изјави таткото на исчезнатата девојка. Тој денеска не одговaрал […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:28
•
Posted by: MK News
Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ распиша оглас за изработка на акциски план за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во населбата Kарпош 4, како и на делови од спортскиот центар „Kале“, пишува Дневник. Обновата на спортските комплекси, кои долго време не се чепнати, е дел од владината програма за реновирање постојни спортски капацитети во целата земја, која […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:25
•
Posted by: MK News
Специјалистите ќе треба за 10 минути да прегледаат еден пациент, а во текот на осумчасовното работно време, преку системот за закажување „Мој термин“ да имаат закажано 36 прегледи кои треба да ги завршат за шест часа, а еден час да им биде резервиран за пациентите што доаѓаат на контрола Министерот за здравство Никола Тодоров ги […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:22
•
Posted by: MK News
Mедијаторот Метју Нимиц во наредните недели на Атина и Скопје ќе им претстави нов предлог за можно решение за прашањето за името. Ова го пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“, повикувајќи се на „сигурни извори“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. „Она што ќе го донесе Нимиц, можеби и пред крајот на октомври, ќе бидат пакет […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, тројца пешаци […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 08:47
•
Posted by: MK News
Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди, особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 22 степена.
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2014 21:14
•
Posted by: MK News
Пред куќата на Дениса Маркоска во Прилеп, и денеска родителите во шок воопшто не сакаа да дадат изјава за јавноста. Член на семејството само потврди дека тие доцна синоќа дале ДНК примерок, кој сега треба да се спореди со ДНК анализата на пронајдениот труп кај грчкиот остров Карпатос. Налогот за земање на ДНК анализата била […]
______________________________________________________________________________________________________