Archive | Свет RSS feed for this section
dogovor grcija

Австрија се заканува дека ќе го саботира договорот меѓу Македонија и Грција

Австрија се заканува дека ќе го саботира тешко постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција, доколку Европската Унија не ги прекине преговорите за членство со Турција, пишува лондонски „Телеграф“ коментирајќи ги последните поделби во ЕУ околу миграцијата. Дипломати од ЕУ брифираат за „Телеграф“ дека договорот може да биде неупотреблив на Самитот на ЕУ лидерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија со важна победа против Костарика

Репрезентацијата на Србија оствари победа на својот прв натпревар на Светското првенство 2018. Нашите северни соседи ја надиграа Костарика и запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар. „Орлите” можеа да си заминат со поголема […]

______________________________________________________________________________________________________

СП 2018: Мексико го совлада светскиот првак Германија

На вториот натпревар од денешната програма одигран во Москва се случи првото големо изненадување. Во дуелот од Ф групата селекцијата на Мексико го совлада актуелниот светски шампион Германија со 1-0. До победата, упорните у борбени Мексиканци стигнаа во 36.минута кога по една брза контра, Лозано го постигна единствениот гол на мечот. Вториот натпревар од оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

Стивен Хокинг почива покрај Њутон и Дарвин

Урната со пепелот на астрофизичарот Стивен Хокинг денеска е положена покрај гробовите на научниците Исак Њутн и Чарлс Дарвин во лондонската Вестминтерска опатија. Снимката на неговиот компјутерски синтетизиран глас е испратена во вселената. На церемонијата во Вестминстер , покрај членовите на семејството на Хокинг присуствуваа и околу илјада луѓе , кои до таму дојдоа по […]

______________________________________________________________________________________________________

„Вашингтон пост“: Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка

Од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас поентираат и двете нации. Македонија излегува од изолација и добива можност да стане членка на ЕУ и НАТО. Грција добива конечно решение на територијалните прашања и се ослободува од една периодична главоболка, пишува угледниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ во денешната уредничка колумна. Весникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Повредени навивачи во Москва откако таксист влетал во нив

Најмалку седум лица се повредени откако таксист удри во навивачи во Москва. Возачот се обидел да побегне од местото на несреќата, но бил уапсен. Според првичните информации на светските медиуми, дел од повредените лица се мексикански навивачи. Не е познато дали станува збор за несреќа или терористички напад.

______________________________________________________________________________________________________

Путин и принцот на Саудиска Арабија заедно на трибините – Путин доби честитки од принцот

Домаќинот на Мундијалот може да биде задоволен, Русија веќе има 3:0 против Саудиска Арабија. Очекувано на трибините на „Лужники“ стадионот во Москва на првиот натпревар присуствуаат принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Саламан и претседатеот на Русија, Владимир Путин. Russia President Putin Reaction after their First Goal Sportsmanship 🤝 #WorldCup pic.twitter.com/N2UXjLxSLx — Kelley Boss (@KelleyBos) […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија триумфира над Саудиска Арабија со 5-0

Домаќинот на Мундијалот, Русија убедливо триумфира над Саудиска Арабија, на првиот натпревар на Светското првенство. Селекцијата на Русија на преполниот стадион „Лужники“ во Москва, ја победи Саудиска Арабија со 5-0. Во воведниот меч на 21-то СП, селекцијата на Русија на преполниот стадион „Лужники“ во Москва, ја победи Саудиска Арабија со 5-0. Стрелци на головите за […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнува Светското фудбалско првенство во Русија

Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес во 17 часот од „Лужинки“ во Москва ќе стартува 21. Светско фудбалско првенство. На Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации поделени во осум групи. Во А групата ќе играат: Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија. Групата Б ја сочинуваат: Шпанија, Португалија, Иран и Мароко. Ц-група: Франција, Австралија, […]

______________________________________________________________________________________________________

И Русија го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, пренесе Спутник од Белград. – Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување […]

______________________________________________________________________________________________________

Курц: Македонија сега има шанси да се приклучи кон ЕУ

Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ. На заедничка прес-конференција со германскиот министер за […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан, Могерини, Столтенберг и Нимиц за договорот на Македонија со Грција

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името. Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори. „Ова, не само што е заслужено […]

______________________________________________________________________________________________________

Економскиот советник на Трамп имал срцев удар

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Лери Кадлоу имал „многу благ“ срцев удар, соопшти денеска Белата куќа. -Нашиот голем Лери Кадлоу, кој многу напорно работеше на трговијата и економијата, само што имаше срцев удар, потврди Трамп на својот профил на Твитер, неколку минути пред состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур.

______________________________________________________________________________________________________

Трамп и Ким потпишаа историски договор

Лидерите на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа договор по историските разговори кои се одржаа во Сингапур. Двајцата лидери во собата каде што го потпишаа договорот пристигнаа заедно. Трамп изјави дека беше потпишан „многу важен, прилично сеопфатен договор“. -Денеска го одржавме историскиот состанок и одлучивме историјата да ја оставиме […]

______________________________________________________________________________________________________

Историска средба, Трамп и Ким на заедничка маса

Завршија преговорите во проширен формат меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Средбата траеше околу час и половина. Во составот на американската делегација беа државниот секретар Мајк Помпео, советникот на Трамп за прашањата на националната безбедност Џон Болтон, шефот на канцеларијата на Белата куќа Џон Кели и Прес-секретарот на Претседателот – […]

______________________________________________________________________________________________________

Самитот Трамп – Ким, почеток на долг процес на отворен дијалог

На историски самит во Сингапур утре треба да се состанат американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во обид да постигнат договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур за траен механизам за зачувување на мирот на Корејскиот полуостров. Тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма на аеродромот во Франкфурт – 10 повредени (Фото)

На аеродромот во Франкфурт, еден од најпрометните во Европа, се запали камион кој влечел авион „Ербас 340-300“, а огнот преминал на леталото и го уништил кокпитот. Во таа прилика се повредени 10 работници од вдишување на чад. Пожарот веднаш почнале да го гаснат противпожарните екипи, кои набрзо го изгасиле огнот и спречиле да го проголта […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна банда педофили во Шпанија- меѓу уапсените и свештеник

Во Шпанија се уапсени 24 лица поради сомнение дека на интернет споделувале порнографски фотографии од деца, соопшти денеска шпанската полицја. Меѓу уапсените има државјани на Велика Британија, Гана, Пакитан и Еквадор. Како што наведува АП, полицијата при апсењето кај еден од Британците пронашла илјадници фотографии од сексуално злоставување на малолетни лица. Полицијата идентификуваше уште осум […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1