ФОТО: 11 Годишно дете без стaпала сака да стане како Меси


Габриел Фереира е 11 годишно бразилско момче родено без двете нозе, но тоа не го спречува да го прави тоа што најмногу го сака, да постигнува голови.
И покрај големите физички проблеми, малиот Габриел покажува дека неговата љубов кон фудбалот може да премости секаква пречка. Тие што го гледале како игра велат дека е брз, умее со топката и многу лесно постигнува голови. слично како неговиот идол, Лионел Меси од Барселона.
Кога дознале за него, токму од шпанскиот тим го повикале Габриел да учтвува на нивниот фудбалски камп „ФЦБ Кампус“ во Рио де Жанеиро. Таму сите тренери и учесници на кампот останале со подзинати усти пред неговата спосбност да трча, скока, шутира, дури и да прави дриблинзи.
Поради неговата животна приказна, но и поради фудбалските способности, на покана од управата на клубот, Габриел идниот месец ќе ја пости Барселона за да го запознае својот идол, Меси.
Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1