Мистериозна болест убива деца


Експертите од светската здравствена организација соопштија денеска дека по сите испитувања сеуште не се знае потеклото на болеста поради која умреа 6о деца во Камбоџа.

Од вкупно 62 деца сите на возраст до 7 години, кој биле хоспитализирани со исти симптоми дури 61 дете починало. Засега нема индиции дека се работи за заразна болест која се пренесува од човек на човек, но лекарите не ја исклучуваат ниту таа можност и децата ги држат во карантин.

Симптоми се висока температура, тешки респираторни проблеми. Многу брзо се развива, а во некои случаи болеста предизвикува и неуролошки проблеми, велат од СЗО.

Според доктор Ниме Асгари од СЗО цел тим е створен за брзо да се обработуваат анализите и да се утврди од што починале овие деца.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1