Многу звучни имиња – преубави песни – некои завиваа, други одлични – концертот за прослава на независноста на Македонија


Над 60 илјади граѓани ја исполнија арената Филип 2 и беа дел од концертот по повод прославата на независноста на Македонија. Концертот насловен „Македонското срце чука во 7/8“, во организација на браќата Тавитјан, донесе многу звучни балкански имиња кои пееа на македонски јазик.

Официјалниот дел започна нешто по 21 часот со интонирање на македонската химна во изведба на оперскиот солист Игор Дурловски. Сепак преносот од арената започна уште во 20 часот и тоа со албански песни што наиде на реакцијаи од публиката во арената – објаснувањето од водителот беше дека тоа е само загревање додека официјалниот старт е во 21 часот.

Атмосферата се подигна кога на сцената излезе македонската делегација на параолимпијадата заедно со Оливера Накова-Бикова која на Македонија и донесе златен медал. А потоа Танец со прекрасна изедба. Гаро се заблагодари на Владата и Министерството за култура за поддршката на нивниот проект, кој има за цел зачувување на традиционалните вредности, идентитeт и култура. Музиката е таа што неможе да исчезне и што говори за Македонија и нејзината историја, рече Гаро.

Некои од гостите ја разочараа македонската публика. Некои не го знаеа текстот, други ,,завиваа,, трети со прекрасна изведба. Но се на се концертот за секоја пофалба.

По една македонска антологиска песна исполнија: Есма Реџепова, Калиопи Букле, Каролина Гочева, Владо Јаневски, Мики Јовановски – Џафер, Ристо Самарџиев, Влатко Лозаноски, Нина Бадриќ, Борис Новковиќ, Горан Каран, Аки Ракимовски, Дадо Топиќ, Тереза Кесовија, Јосипа Лисац, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ, Антонија Шола, Александра Радовиќ, Жељко Бебек, Хари Варошановиќ, Оливер Мандиќ.

На концертот присуствуваше и државниот врв – претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, министри во Владата и пратеници.

Концертот заврши со огномет.

Директен пренос имаше на Македонската телевизија како и на видео бим на плоштадот „Македонија“. Средствата од билетите ќе бидат дадени за хуманитарни цели.

Фото – Вечер / Макфакс

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1