Анти допинг агенцијата на Велика Британија објави дека започна тестирањето на спортистите.
Литванскиот дигач на тегови нема да учествува на игрите. Неговиот тест покажал дека е позитивен на допинг. Aurimas Didžbalis е суспендиран иако беше еден од водечките кандидати за медаља. Тој бил тестиран на европското првенство во Турција во април – таму освои сребрена медаља, но откако се обелоденија резултатите медалот му беше одземен и беше исфрлен од националниот тим.
Од Анти допинг агенцијата велат ќе тестираат по случаен избор, а опфатени ќе бидат повеќе од половината спортисти учесници.