Препаркирајте си ги колите да не ви ги дигне пајак – затворени улици утре околу арената Филип 2


Од 12 часот ќе биде задолжително дислоцирањето на сите автомобили паркирани на сообраќајниците во непосредна близина на арената „Филип Втори“.

По повод националниот празник 8-ми Септември и закажаната манифестација што ќе се одржи на националната арена „Филип Втори“ МВР информира дека утре од 10 часот сообраќајот од крстосницата на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе биде воведен ограничен пристап на сообраќај на сообраќајниците кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила за дотур на стока и возила за потребите на организаторите на манифестацијата.

Од 12 часот ќе биде задолжително дислоцирањето на сите автомобили паркирани на сообраќајниците во непосредна близина на арената „Филип Втори“.

Непосредно пред почетокот на манифестацијата, поточно од 18:30 часот на булеварот „Илинденска“ ќе се ограничи пристапот, односно ќе бидат затворени за сообраќај улиците кои од овој булевар водат кон националната арена.

МВР апелира до граѓаните да се испочитува предвидениот сообраќаен режим со цел настанот да помине во најдобар ред.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1