Спектакуларна сценографија и 21 пејач – Арена Филип 2 прослава на независноста


Утревечер во националната арена “Филип втори” со почеток во 21 часот со спектакуларен концерт ќе биде одбележана 21 година од независноста на Република Македонија.

Благодарение на браќата Тавитијан најголемите музички имиња од балканот ќе пеат на македонски и во чест на Македонија. За утревечер се најавува достојно прославување со спектакуларна сценографија и врвно озвучување.

Освен браќата Тавитијан  дека македонското срце чука во 7\8 ќе покажат и : Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Хари Варошановиќ, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Тереза Кесовија, Дадо Топиќ, Аки Ракимовски, Горан Каран, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ, Антонија Шола, Калиопи Букле, Каролина Гочева, Мики Јовановски Џафер, Ристо Самарџиев, Есма Реџепова, Влатко Лозановски, Владо Јаневски и Оливер Мандиќ.
Концертот ќе го отвори т Дадо Топиќ со безвременската “Македонија” од 1973 година.

“Да бидам искрен поради сериозноста на настанот очекуваме да се случи спектаклот кој го подготвуваме. Нашиот проект е работен многу години и содржи песни кои се значајни за Македонија, бидејќи се поистоветуваат со културата и традицијата, самите текстови на македонските народни песни говорат и сведочат за една историја. Овој спектакл што го спремаме со комплетното сценарио ќе биде големо изненадување за публиката и сметам дека досега дефинитивно не се случил ваков концерт. Големите легенди кои ќе настапат, од срце и со голема почит, го даваат својот глас за македонската песна со многу љубов. Публиката ќе има шанса да јо почуствува почитта кои тие ја имаат спрема нашата нација. Самото тоа што пеат на македонски, говори многу” вели Гаро Тавитјан за Курир.

Од сите оштини во Македонија е организиран бесплатен превоз, а билетите кои се скоро распродадени изнесуваат само 20 денари. Средстават од концертот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Share Button

Tags: , , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1